Post Views: 2
Членовите на Здружението на дипломирани криминалисти денес одржаа протести пред зградата на Владата на Република Македонија.
Причина за протестот, како што се вели во најавата, е непроменета состојба на невработеност на дипломираните криминалисти, кои студиите ги завршиле пред четири години
Пред точно еден месец се обративме до Премиерот Никола Груевски да побараме средба и нагласивме дека доколку со него лично не ни биде одобрена средбата во рок од еден месец ќе протестираме пред Владата, истакна Андрија Рашиќ , претставник на Здружението.
{loadposition content9}
Post Views: 5
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги и прекурсори“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.О. (25) од Охрид.
На втори мај оваа година околу 06 часот и 20 минути, пријавениот се обидел да им избега на полициските службеници кои пристигнале пред неговата куќа на улицата „Абас Емин“ во Охрид. По судска наредба, полициските инспектори требало да извршат претрес во домот и патничкото моторно возило на пријавениот.
Тие, во моментот на пристигнување, го забележале М.О. како по пиџами...
Post Views: 9
Само околу еден месец откако коритото на реката “Грашница” беше темелно искосено и исчистено од страна на одделението за”Јавна хигиена” на “Ј.П. Охридски Комуналец”, се јавува повторна слика од околните куќи и жителите кои гравитираат во околината каде што се ангажирани 2 комунални работници и се собира комуналниот отпад.
Се апелира до околното население да не го депонираат отпадот во речното корито затоа што со надоаѓање на водата во реката истото ќе се најде во Охридското езеро и ќе се предизвика поголем проблем.
Post Views: 0
Министерот за надворешни работи на Унгарија Јанош Мартоњи денес и утре престојува во посета на Република Македонија.
Министерот Мартоњи за време на посетата ќе се сретне со својот колега, Никола Попоски.Според соопштението од МНР, двајцата министри се очекува да разменат мислења околу развојот на билатералните односи и соработка меѓу двете земји, како и да биде пренесено очекувањето за поддршка од унгарска страна во наредниот период, во насока на интегрирањето на Република Македонија во евроатланските структури.
За време на посетата на министерот Мартоњи е предвидено...
Post Views: 2
ЕВН ги дистрибуираше новите фактури за потрошена електрична енергија, а до крајот на јануари сите корисници во Македонија ќе добијат нови попрегледни фактури.
Новите фактури имаат нов поедноставен изглед, содржат повеќе инфомации и се поконцизни.
– Во фактурите што корисниците ќе ги добиваат во иднина, наведени се податоци за корисникот и за фактурата, адреса за коресподенција, износот на испорачаната електрична енергија, комуналната такса, евентуалните камати поради задоцнето плаќање, рокот за плаќање на фактурите, износот на заостанатиот долг, детални податоци за старите...
Post Views: 3
На дневен ред на 47-то издание на седницата на советот ќе се најде Предлог Одлука за усвојување на Развојната Програма за поттикнување на развојот на туризмот на општина Oхрид за 2016 – 2018 година, како и Програмата за поддршка на локалниот економски развој, за изработка на урбанистички планови на територијата на општина Oхрид, за работа во областа на располагањето со градежното земјиште во сопственост на Република Македонија за наредната 2016 година.
Советниците ќе ги усвојуваат активностите на општина Охрид во областа на образование, детска заштита , спорт и рекреација,...
Post Views: 3
Музичките ѕвезди Викторија Лоба и Боби Мојсоски, ансамблот „Билјана Јуниор“ и групата „Компас бенд“ ќе ги забавуваат охриѓани и гостите за дочек на Новата 2016-та Година во Охрид.
Градоначалникот Никола Бакрачески ги покани сите охриѓани и гости најлудата ноќ да ја дочекаат на градскиот плоштад.
– Се надевам дека одзивот на граѓаните на Охрид и гостите ќе биде одличен. Очекуваме преполн плоштад на самиот дочек, но и според најавите на туристичките агенции, хотелитерите како и од приватните станоиздавачи, очекуваме Охрид и оваа година да биде препон со гости...
Post Views: 1
Министерството за образование и наука мината недела ги извести сите општини каде наставата беше во прекин да изработат план за одработување на изгубените денови со препорака истите да бидат во неработните денови, односно во саботите и за тоа писмено да го известат Министерството и државниот просветен инспекторат, изјави вчера Министерот за образование и наука Панче Кралев. До крајот на учебната година има уште 10 саботи кога може да се одработат деновите, не вклучувајќи ги празниците.
-Во случај да постојат објективни причини едно училиште да не може да го спроведе обработувањето...
Post Views: 11
Поради постоење основано сомнение за сторено казнено дело “Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ СВР Охрид, поднесе кривична пријава против М.О.(25) и М.О.(51) двајцата од Охрид.
На петти мај оваа година, во домот на пријавените, при извршен претрес, пронајдени се еден пиштол марка „Црвена Застава“ калибар 7,65 милиметри, еден ловечки карабин марка „Црвена Застава“, една ловечка пушка „Бреда“ калибар 12 милиметри и една малокалибарска пушка марка „Руска“ калибар 22 милиметри. Покрај тоа, полициските службеници пронајдоа и...
Post Views: 11
Зимата кај нас официјално почнува во вторник, на 22 декември, во 5 часот и 48 минути. Истиот ден на северната полутопка ќе биде најкраток за 2015 година, а на јужната полутопка пак, ќе биде најдолгиот ден и воедно прв летен ден, бидејќи таму започнува летото.
Во Македонија, првиот зимски ден ќе трае само 9 часа и 7 минути. Ноќта пак (22.12-23.12), ќе биде најдолга за 2015 година и ќе трае цели 14 часа и 53 минути. Веќе од средата (23.12), денот ќе почне да се зголемува за 2-3 минути дневно, се до 22 јуни 2016 година, кога ќе биде најдолг.
Зимата на северната полутопка...
Post Views: 8
Градежни работи причина за краткотраен прекин на сообраќајот на патниот правец Охрид-Кичево.
На 21.12.2015 година на патниот правец А2 Кичево – Охрид, поточно кај Пресека – с.Врбјани, поради изведување работи на пат (минирање) во периодот од 12:30 – 14:30 часот сообраќајот ќе биде во прекин околу 15 минути.
Post Views: 2
Министерството за транспорт и врски распиша јавен конкурс за нивно давање под краткотраен закуп, а меѓу нив се и најатрактивните кај Билјанини Извори, Канео, Горица, Лагадин, Корали, Елешец, Лабино и Грашница.
– Со давањето под краткотраен закуп на плажите се овозможува нивно уредување согласно современите туристички стандарди и овозможување на сите предуслови за подобар престој на туристите, со што ќе се создаде поволна слика за дополнителен туристички развој – вели министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.
Закупците кои ќе ги добијат плажите се должни...