Post Views: 0
Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, од ноќеска на полноќ, малопродажните цени на дизелот и на екстралесното масло за домаќинство се намалуваат за еден денар, додека цената на бензините останува непроменета.
Литар еуродизел ќе се продава по цена од 48,5 денали, додека додека малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 37,50 ден/лит.За 1,5 денари поевтинува мазутот М-1 НС, со што новата цена изнесува 19,257 денари за еден килограм.
Малопродажните цени на еуросупер БС-95 и на еуросупер БС-98 остануваат непроменети, односно...
Post Views: 0
Oд Здружението на лекари по општа, односно семејна медицина, велат специјализациите веќе се во тек, а од следната година граѓаните ќе можат да изберат семеен доктор.
Концептот семеен лекар ќе опфати повеќе здравствени услуги како: ехо прегледи, земање микробиолошки примероци, вадење конци, стреп-тест, капацитет на бели дробови, како и мерење шеќер во крв.
Најдоцна до 2020 година сите матични лекари треба да се доедуцираат или специјализираат семејна медицина.
{loadposition content9}
Post Views: 3
Тмурното и врнежливо време во Охрид, не го попречи доживувањето на „Сончевата есен на животот“, саботен настан кој ги разгали срцата на старите лица, пензионерите и сите оние кои ја исполнија големата сала во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид за да уживаат во програмата подготвена од Црвениот крст Охрид, во рамки на одбележувањето на Неделата на грижа за стари лица.
Под модераторство на актерот Љупчо Тодоровски-Упа со рецитирање на стихови од поезијата на Блаже Конески, на сцената со својот настап блескаа КУД „Далги“ при Здружението на пензионери од Охрид...
Post Views: 14
Полицијата го уапси Насер Е., осомничен за убиството на матурантот од Ѓорче Петров што се случи во понеделникот попладне. По синоќешните демонстрации во населбата, ситуацијата утрово е мирна.
Ангел П. беше убиен вчера во близина на Европската очна болница во населбата Ѓорче Петров. Убиството се случи откако Насер Е. од дворот на куќата на жртвата украл велосипед. По кражбата, Ангел П. и татко му со автомобил почнале да го бркаат крадецот, а кога му се доближиле продолжиле да го бркаат пешки. Матурантот стигнал до крадецот и почнала тепачка меѓу нив. Неофицијално момчето...
Post Views: 0
Специјалното јавно обвинителство од обвинителствата во земјава ги побара првите четири предмети поврзани или кои произлегуваат од нелегално прислушуваните разговор, пренесува „Радио слободна Европа“.
Првиот предмет е оформен од Oсновното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција по поднесена кривична пријава од СДСМ против поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, неговата поранешна соработничка, а сега судијка во Вишиот управен суд Светлана Костовска и против Израелецот Хаим Хакијни во врска со наводна провизија при набавка на израелска опрема...
Post Views: 4
Бројот на новозаболени од рак на кожата годишно се зголемува за 2,5 проценти побрзо од кој било друг вид на рак, но самоконтролата и едукацијата на пациентите може да помогне во раното откривање на меланомот, предупредуваат дерматовенеролозите.
Податоците со кои располага Институтот за јавно здравје покажуваат дека во Македонија во 2012 година од меланом умреле 64 лица од кои 39 мажи и 25 жени. Од вкупно починатите, 63 се на возраст над 20 години, а едно помало од 20 години.
Со цел да се превенира болеста, од 27 до 29 овој месец ќе бидат организирани бесплатни скрининг...
Post Views: 2
Портал „ТВМ“ (www.tvm.mk) го објавува ценовникот за платено политичко рекламирање за спроведување на избори за членови на советите на општините и советот на град Скопје и за градоначалници на општините и градоначалник на град Скопје за 2021 година.
Post Views: 8
Пациентките кои сакаат да остварат право на ин витро за добивање прво, второ, трето и четврто дете најмногу до трет неуспешен обид за оплодување се ослободени од плаќање на партиципацијата од 6.000 денари.
Партиципацијата ќе биде надоместена од Фондот за здравствено осигурување на Македонија. Новина е дека правото на ин витро (биомедицинско потпомогнато оплодување-БПО) може да се користи и за трето и четврто дете.
Во Република Македонија процентот на докажана бременост по ин витро постапка во 2011 година изнесува 38,7 отсто, во 2012 година 41,3, во 2013 година 50,5,...
Post Views: 4
Проширување на проектот „Домашна визита“ како една од мерките со кои им се помага на социјално ранливите категории, најавија в Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, и министерот за здравство, Никола Тодоров.
Целта е намалување на социјалниот ризик и обезбедување на социјалната поддршка за граѓаните кои се наоѓаат во потешка состојба.
Со новото проширување на овој проект се предвидува стручните медицински тимови во соработка со Центрите за социјална работа, во домашни услови да им овозможат здравствена нега и пружање на основните здравствени услуги, како...
Post Views: 5
Охридските љубители на филмската уметност на 9-ти, 10-ти и 11-ти декември 2015 година, во Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид ќе имаат можност да го погледнат филмот „Збор” од режисерот Слободан Деспотовски.
Филмот е реализиран од страна на „СД Продукција“ со поддршка на Агенцијата за филм на Република Македонија и МРТ. Главните улоги во филмот ги толкуваат: Сенко Велинов, Диме Илиев, Игор Стојчески, Ана Стојановска, Ванчо Петрушевски, Илбер Муртези, Гораст Цветковски, Катерина Шехтанска, Роберт Велјановски.
Филмот ја раскажува приказната за двајца пријатели:...
Post Views: 1
Украдени се шест икони и 600 денари. Денеска полицијата соопшти за кражба во црквата „Свети Никола“ во мавровското село Трница каде се исчезнати четри дрвени икони.
Пред три дена надлежните информираа за разбојништво во црквата „ Света Петка“ во истата општина, од каде арамијата присвоил две икони и 600 денари. Вчера беше ограбена и црквата „Свети Никола“ во селото Кичиница во истиот регион.
Полицијата засега ги расчистува трите случаја, но поалармантно е прашањето каде завршуваат овие икони? Рацијата која се случи во Албанија во која беа препознанени македонски икони...
Post Views: 5
Под мотото „Обој го светот во портокалово, ставете точка на насилството врз жените и девојките“ денеска ќе се означи почетокот на 16-дневната кампања за одбележување на „Меѓународниот ден за борба против насилството врз жените“, како дел од глобалниот активизам, што ќе трае до 10 декември – Меѓународниот ден на човековите права.
По овој повод, денеска на плоштадот „Филип втори“ во Скопје над 100 граѓани ќе формираат портокалова панделка за почеток на кампањата, која се спроведува во организација на Делегацијата на ЕУ и канцеларијата на ОН во Македонија.
Целта кампања...