Автор: Голабовски Крсте

Светот на музиката се прости со Дејвид Боуви

Post Views: 3 Познатиот музичар Дејвид Боуви почина на 69 годишна возраст, после 18 месечна храбра борба со ракот. „Дејвид Боуви почина опкружен со своето семејство после храбрата 18 месечна битка со ракот. Додека голем дел од вас ќе ја споделат оваа загуба, од вас бараме да ја почитувате приватноста на неговото семејство додека тагува“, пишува на официјалниот Фејсбук профил на музичарот. Боуви го објави својот последен албум, Блекстар, во петокот на неговиот роденден, а последен пат настапи хуманитарниот концерт во Њујорк во 2006 година. Во архивата на светската музичка сцена ќе...

Continue reading

defektolozi

Наместо дефектолози, педагози и психолози

Post Views: 15 И покрај напорите што ги прави општеството последниве години за интеграција на луѓето со Даунов синдром, од она што го видовме на терен – резултатите се дискутабилни. Инклузијата се спроведува стихијно, а постојат низа проблеми и во системот на здравствена и социјална заштита. Инклузијата на децата со попреченост, вклучувајќи ги и децата со Даунов синдром, се спроведува само на ниво на одлука редовните училишта да запишуваат и деца со пречки во развојот, бидејќи нема вработени дефектолози што би им асистирале при наставата. Некои родители инклузијата ја финансираат...

Continue reading

лого

Имотен лист од дома

Post Views: 2 Граѓаните и правните лица може да нарачаат податоци од Катастарот преку интернет на официјалната веб страница http://ossp.katastar.gov.mk/OSSP. Со дистрибутивниот систем што го воведе Катастарот корисниците на едноставен начин, со само три чекори, ќе можат да добијат имотен лист од каде било. Овој систем ќе може да го користат сите граѓани во државава и во странство, како и градежни и геодетски компании, јавни институции, општини. Имотен лист досега можеше да се добие само преку шалтерите на Агенцијата за катастар на недвижности и од канцелариите на 700 професионалните...

Continue reading

matura

Државната матура започнува утре

Post Views: 10 Вкупно 18.370 пријавени кандидати во оваа учебна 2013/2014 година се дел од седмата генерација на средношколци кои полагаат државна матура како услов за продолжување на образованието и упис на некоја од високо образовните установи во земјата и надвор од неа.Тие ќе полагаат согласно новиот концепт за државна матура 1+2, кој предвидува полагање на 3 екстерни и 1 интерен предмет. Интересен е фактот што во споредба со минатата година, зголемен е бројот на кандидати кои избрале да полагаат математика и на основно и на напредно ниво, што можеби е еден показател и за зголемениот...

Continue reading

verusevski

Верушевски излегува од притвор

Post Views: 1 Со гаранција во недвижен имот, со забрана да го напуштаат главниот град и со предадени пасоши во кривичниот суд, двајцата првообвинети во случајот Пуч ќе им биде дозволено да излезат од притвор, пренесува „Телма“. Судскиот совет на скопскиот кривичен суд го прифати барањето на одбраната на Зоран Верушевски и Ѓорѓи Лазаревски, тие со кауција во недвижен имот да гарантираат дека ќе се појавуваат на судските рочишта. Покрај тоа судот ги уважил и предложените мерки за обезбедување од страна на специјалното јавно обвинителство. -Советот, донесе одлука со која мерката притвор...

Continue reading

mazi

Македонските мажи со краток рок на траење

Post Views: 2 Според податоците на Државниот завод за статистика, во Република Македонија бројот на умрените лица е зголемен за 3.4 проценти во однос на претходната година и изнесува 20.134 умрени лица. Поголем број се од машки пол и тоа 10.523 или 52.3 проценти од вкупно умрените лица. Бројот на умрените доенчиња изнесува 230 и нивното учество во вкупниот број на умрени лица изнесува 1.1 процент на 100 умрени лица. Просечната возраст кај умрените од машки пол изнесува 70.3 години, односно 74.4 години кај лицата од женски пол, или за 4.1 година повисока просечна возраст се бележи...

Continue reading

амбуланта

Изготвен предлог на закон за медицински сестри и акушерки

Post Views: 5 Обуката на медицинските сестри е сложена и може да се одвива по неколку различни патишта: општа програма во средно образование со траење од две години; програма за високо образование со траење од три години (ниво на диплома) која завршува со 180 ЕКТС поени; или специјалистичко средно стручно училиште со времетраење на програмата од четири години. По завршувањето на обуката постои обврска да се реализира и одреден стаж (кој може да биде 6 или 10 месеци, зависно од програмата која била завршена) по што следи устен државен испит (теоретски и практичен) кој го организира...

Continue reading

brail

Преку прирачник со Браилова азбука, полесно до работа

Post Views: 14 Сто и педесет прирачници за стратегии за барање работа на Браилова азбука од вчера ќе им бидат достапни на лицата со оштетен вид и слепите лица кои сакаат да се вработат. – За да им помогнеме при вработувањето, денеска промовираме прирачник преку кој младите луѓе со оштетен вид ќе може да се запознаат со стратегиите за барање работа, истакна на промоцијата министерот за образование и наука Спиро Ристовски. Тој додаде дека ова е прв прирачник од ваков вид во земјата кој е напишан на Браилово писмо, во кој има информации за подготовка на кариерно портфолио, изработка...

Continue reading

benzin

Поевтинија и бензините и дизел горивата

Post Views: 4 Бензините од  полноќ поевтинуваат за еден, а дизелот за три денари – одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Литар ЕУРОСУПЕР 95 ќе се продава за 61 и пол денар, а ЕУРОСУПЕР 98 за 63 и пол денари. Новата цена на дизелот ќе изнесува 43 и пол денари. Екстра лесното масло за домаќинство поевтинува најмногу, за 3 и пол денари и од полноќ ќе чини 32 денара за литар. Цената на мазутот исто така се намалува и килограм ќе чини 15,969 денари. Регулаторната комисија за енергетика објави дека новата цена на горивата е резултат на пониската цена на суровата нафта на светскиот...

Continue reading

cigari

Повискои даноци, помалку смртни случаи како резултат на пушењето

Post Views: 10 За девет години цигарите во Македонија ќе се продаваат за двојно повеќе. Од 1-ви јули ќе поскапат за 4 денари по кутија, а до 2023 една кутија која сега чини 40 денри ќе се продава за 90 денари. Светскиот ден против пушењето оваа година се одбележува под мотото „Зголемете ги даноците,намалете ги смртните случаи“.По овој повод, во петок (30-ти мај), Министерството за здравство, Светската здравствена организација, Институтот за социјална медицина при Медицински факултет во Скопје организираат стручен состанок за промовирање на Светскиот ден против пушењето година и презентација...

Continue reading

лого

Се прекројува законот за заштита од пушење

Post Views: 6 Со Законот за заштита од пушењето се уредува начинот на заштита од штетните влијанија на пушењето на тутун и други производи од тутун врз граѓаните, како и зачувување на животната средина, забрана на пушењето во јавни простории и забрана за рекламирање на цигарите. Според предлагачите на измените, со измените и дополнувањата на текстот на Законот од 2008 година наваму, воведувани се се построги правила на заштитата од пушењето кои, особено во делот на заштитата од пушењето во угостителските објекти, се преограничувачки и за вршителите на угостителската дејност и за корисниците...

Continue reading

napis

„Вулканот“ во Косел, предизвика балканска медиумска „ерупција“

Post Views: 9 После вестите кои ги тревожеа граѓаните во изминатиов период за земјотресите и поплавите во регионов денес осамна уште една ударна вест за можна елементарна непогода. На сите медиуми во државава, а пред се на порталите, со најспектакуларни наслови се пишуваше дека се активирал вулканот Дувало во селото Косел во Охрид. Уште еднаш се потврди дека новинарството се сведе на создавање секакви сензации без претходно да се истражат работите и да се приберат вистинските информации.   За коселскиот вулкан информираа дури и балканските медиуми кои објавија дека состојбата е алармантна....

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top