Post Views: 5
Американските медиуми го открија идентитетот на богаташот кој по улиците на Сан Франциско остава плика со пари. Станува збор за трговецот со недвижнинини Jason Buzi.
До неодамна непознато лице ширум улиците на Сан Франциско оставаше плика во кои се наоѓаа 20 или 100 долари, а упатствата како да се дојде до пликото ги оставал на својот Твитер профил – @HiddenCash. Доброчинителот не е повеќе анонимен и се работи за Jason Buzi, човек кој заработил милиони тргувајќи со недвижнини.
Тоа што е откриен неговиот идентитет нема да го спречи да ја продолжи својата кампања...
Post Views: 5
Дел од оградата на мостот на уметноста се срушила, но за среќа, не во реката Сена по која пловат туристички бродови кои го разгледуваат Париз. Никој не е повреден во инцидентот.
Имено, дел од оградата на парискиот мост се срушила од тежината на катинарите кои туристите ги ставаат како симбол на љубовта. Тој е евакуиран од безбедносни причини, соопштиле градските власти.
Инцидентот ја оживеа полемиката за мостот на уметноста на кој туристите редовно ставаат катинари во име на љубовта. Градските власти и порано најавиле дека катинарите ќе бидат отстранети, а и дел од самите...
Post Views: 3
Кинеската компанија Xiaomi во првиот квартал во Кина продала повеќе телефони од Apple, а сега тргнуваат во освојување на меѓународниот пазар.
Кога се зборува за за компанија чиј извршен директор е права икона, чие претставување на производите ги следат милиони луѓе, мнозинството би помислило дека се работи за Apple. Но, една релативно непозната кинеска компанија има исто така фанатични фанови и продава милиони телефони и таблети , а на кинескиот пазар продала повеќе смартфони од Apple и за кратко време стана феномен на моибилниот пазар – Xiaomi.
Оваа компанија е основана...
Post Views: 1
Вториот најголем град во Шведска, Гетеборг, одлучил од 1 јули да тестира шестчасовно работно време за службениците, очекувајќи дека ќе докажат дека пократко работно време ќе донесе поголема продуктивност, пишуваат водечки американски медиуми.
Доколку очекувањата се потврдат, тоа би можело да се прошири на комплетното шведско општество, но веќе сега некои среќни жители на тој град ќе го живеат сонот од 1332 работни часови годишно, пишува Washington Post.
Целта на гетерборшкиот проект е да се утврди дали еден од најголемите аргументи е во прилог на пократкото работно време....
Post Views: 1
Google овие денови направи голем чекор во развојот на самовозачките автомобили. Овој технолошки гигант почна сам да произведува свои прототипи на автомобили на иднината и на тој начин си отвори простор за потполна дизајнерска слобода и претставување на интересни концепти, како што е овој автомобил без управувач.
Од Google напомнуваат дека трите прототипа кои моментално се користат како испитни модели првенствено се дизајнирани за посматрање и учење, а не за стил и удобност. Првиот фактор на кој се обрнува внимание е подобрување на сигурноста во сообраќајот и затоа ова...
Post Views: 9
За да привлечат внимание на новото училиште, едно американско христијанско здружение нарачало билборд на кој е напишан цитат од Хитлер од 1935 година и цитат од Библијата. Билбордот е сместен покрај еден ресторан за брза храна.
На билбордот е фотографија од група насмеани деца и покрај нив пишува “Оној кој поседува младост ја победува иднината – Адолф Хитлер”.
Хитлер оваа реченица ја изговорил во 1935 година на собирот на германската младина.
Основачот на христијанското здружение, Џејмс Андерег, кој го нарачал скандалозниот билборд, изјавил на новинарите дека рекламата...
Post Views: 3
Кампањата за собирање средства е започната на интернет страницата Indiegogo, објавиле фамилиите на патниците од летот MH370.
Авионот исчезна на 8 март набрзо по полетувањето од Куала Лумпур во правец на Пекинг со 239 патници и членови на екипажот. Паднал на југот од Индискиот океан, спротивно од планот на летање, но и по три месеци истрагата не доведе до локализирање на остатоците а некои фамилии мислат дека властите ја кријат вистината.
“Уверени сме дека некаде некој знае нешто и се надеваме дека наградата ќе го стимулира да истапи и да каже што знае”, објаснил Ethan...
Post Views: 8
Само една година по успешно завршената кампања по пат на онлајн платформата за масовно финансирање Kickstarter, словенечката стартап фирма Musgard го проширила својот бизнис со дизајнерските браници во бројни земји од светот.
Имено, Musgard може да се купи и во дизајнерскиот дуќан на Музејот за современи уметности во Њујорк, глобална културна институција која е попозната под својот бренд МоМа.
Авторот на овој интересен проект, Јуриј Лозич, вели дека ваквата ситуација за нив е малку невообичаена затоа што примарната цел им била да се ориентираат на трговијата со велосипедска...
Post Views: 4
Социјалните мрежи денес се занимаваат со претседателот Барак Обама кој е виден како џвака гума за џвакање додека свирела Марсељезата (химната на Франција) на свечената церемонија по повод одбележувањето на 70 годишнината од денот Д во Нормандија.
“Обама сакате и кока-кола додека џвакате, додека се свири Марсељезата”, “Кралицата доаѓа, а вие џвакате”, наведуваат двајца корисници на Твитер, пренесува агенцијата AFP.
Корисниците на Твитер објавиле и дека Обама “срамно” и “вулгарно” џвака, додека еден друг корисник го нарекол Обама “мангуп”.
Американскиот лидер се соочувал...
Post Views: 4
По студијата која покажала дека луѓето кои гледаат порнографски содржини стануваат мрзливи, еве уште едно истражување на слична тема. Имено, новото истражување носи потенцијално лоши вести за љубителите на порнографските содржини – мажите кои редовно гледаат порно материјали имаат помали мозоци.
Така покажала студијата на институтот Max Planck во Берлин објавена во научното списание Jama Psychiatry.
Научниците со магнетна резонанца снимиле 64 мажи на возраст од 21-45 години. Се покажало дека тие кои често гледаат порнографија имаат помал стриатум – дел од невролошкиот...
Post Views: 7
Google можеби за нас знае се, но постојат работи што ние не ги знаеме за интернет сервисот кој стана неизбежен дел од современиот живот. Порталот Mashable издвои пет фасцинантни факти за Google кои можеби не сте ги знаеле.
Ако почине вработен во Google, неговиот брачен партнер добива половина од платата во следните десет години.
Познатото лого на Google воопшто не било центрирано на почетната страна од пребарувачот се до 2001 година.
Во 2013 година Google претрпел технички проблеми кои ги исклучил сите негови сервиси на 5 минути. Во тој период глобалниот промет на интернет...
Post Views: 18
Осум компании од целиот свет покажале интересирање за купување на мнозинскиот пакет акции од капиталот на јавното претпријатие Солунско пристаниште.
Како што објавила во четвртокот Агенцијата за приватизација (HRAF), на таа листа се германскиот Equity Investment Partners, јапонскиот Mitsui&co., холандската APM Terminals, и филипинската International container terminal services.
Во трката се и холдингот Duferco participation holding limited од Луксембург, руската железничка компанија DD, лондонската компанија P&O и турскиот холдинг Yilport Holding.
Агенцијата...