Откриен е идентитетот на богаташот кој дели пари

Анонимниот богаташ не е повеќе анонимен

 |  инфодеск  | 

Американските медиуми го открија идентитетот на богаташот кој по улиците на Сан Франциско остава плика со пари. Станува збор за трговецот со недвижнинини Jason Buzi.

До неодамна непознато лице ширум улиците на Сан Франциско оставаше плика во кои се наоѓаа 20 или 100 долари, а упатствата како да се дојде до пликото ги оставал на својот Твитер профил – @HiddenCash. Доброчинителот не е повеќе анонимен и се работи за Jason Buzi, човек кој заработил милиони тргувајќи со недвижнини.

Тоа што е откриен неговиот идентитет нема да го спречи да ја продолжи својата кампања во која му се придружија и други донатори. Пликата со пари и понатаму ќе бидат оставани по улиците на Сан Франциско како и до сега, а упатствата ќе бидат оставани на Твитер.

Buzi вели дека е свесен дека неговата акција предизвикала бројни критики и дека може да биде навредлива за оние кои се погодени со криза. “Не сум роден богат. Познавам многу луѓе кои поминале подобро од мене, но не прават ништо за да им дадат нешто на другите. Чудно е што критикуваат некого кој сака да помогне нa некаков начин”, смета Buzi.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top