Автор: инфодеск

Откриени првите детали на планот од Обама за борба против Исламската држава

Post Views: 3 Американскиот претседател Барак Обама во своето обраќање на нацијата рекол дека САД ќе ја предводи широката коалиција на која цел ќе ѝ биде да ја ослабне, а потоа сосема да ја уништи Исламската држава. Во воената кампања нема да бидат вклучени копнени сили, туку САД ќе делува во соработка со западните сојузници и арапските држави. “Антитеористичката кампања ќе ја предводиме цврсто и непопустливо со цел уништување на милитантите од ISIL каде и да се наоѓаат, користејќи ги нашите воздушни сили со поддршка на воените сили на нашите партнери на теренот”, рекол Обама. “Нема...

Continue reading

Amazon го распродава својот прв смартфон за 99 центи

Post Views: 1 Првиот смартфон на Amazon, “Fire”, кој беше претставен оваа година, сега се нуди за 99 центи со двегодишен договор, пишува NewYork Times. Иако на овој производ работеа илјадници работници, скоро 4, години и се очекуваше продажба помеѓу еден и два милиони апарати, се чини дека влезот на Amazon на пазарот на смартфони беше преголем залак. Двете карактеристични функции на Fire се динамичката перспектива која пружа своевиден 3D и Firefly која овозможува скенирање на производите за полесно купување на Amazon. Иако цената падна на 99 центи, Fire и понатаму доаѓа со едногодишен...

Continue reading

Со новиот Xperia Z3 до 30 минути под вода

Post Views: 8 Бројни технолошки компании ги претставија новите модели на телефони, таблети и часовници, но впечаток е дека главните адути на Sony се во врвот на смарт производите. Моделот Xperia Z2 спрема многу експерти беше еден од најдобрите паметни телефони, а Sony сега го надогради и подобри својот најсилен смартфон кој на пазарот ќе им конкурира на iPhone и на Galaxy S5. Xperia Z3 има 5,2 инчен екран со резолуција 1920х1080 пиксели, работи на четворојадрен Snapdragon 801 процесор од 2,5 GHz, има 3 GB RAM, 16 GB простор за податоци кои можат да се надоградат со мемориска картичка...

Continue reading

Гласините за iPhone 6 се покажаа вистинити

Post Views: 1 Гласините за кои читавме со месеци се покажаа дека се вистинити – Apple на презентацијата претстави два нови модели на iPhone со големи екрани и уредот кој многу се чекаше – смарт часовникот. Apple Watch ќе биде достапен во две големини и тоа на почеток на идната година а ќе чини 349 долари. Tim Cook напомена дека не сакале да направат часовник кој ќе биде намалена верзија на iPhone, па така  Apple Watch ќе има интерсно копче Digital Crown за навигација и управување со апликации и со потполно нов интерфејс, а интересно е тоа дека екранот ќе препознава разлика помеѓу...

Continue reading

Како Шкотското “ДА” на референдумот ќе влијае на Европа

Post Views: 3 Следниот четврток, на 18 септември, Шкотланѓаните со гласање ќе се изјаснат дали се за независност, а спрема последните анкети, “за” ќе гласаат повеќе од 50%. Ако Шкотланѓаните се одлучат за независност, тоа би можело да предизвика домино ефект за слични ситуации низ Европа, велат аналитичарите, а пренесува Business Insider. Во Шпанија, на пример, се загрижени дека шкотскиот пример би можел да ги охрабри сепаратистите во Каталонија кои планираат референдум по истото прашање на 9 ноември, а шпанската влада тоа го третира како неуставно. Геополитичкиот експерт Ian Bremmer,...

Continue reading

Што да направите кога од вас сакаат да позајмат пари роднини и пријатели

Post Views: 7 Позајмувањето пари на најблиските често може да биде контрапродуктивно, дури до таа мерка што луѓето прекинуваат односи и врски, пишува Credit Cards. Спрема Maggie Baker, автор на книгата “Луди по пари”, една од најголемите грешки при позајмување на пари е кога луѓето ќе кажат ДА пред да размислат. Многумина позајмуваат пари за да не испаднат себични и поради стравот да не го изгубат меѓусебниот однос. Во случај кога се позајмуваат пари многу е важно да не ја загрозите својата финансиска ситуација, а златно правило при позајмување е: “позајми мислејќи дека никогаш нема...

Continue reading

Малку познати факти за патиките “старки”

Post Views: 2 Со оглед на истражувањата кои покажале дека секоја 43-та секунда во светот се продава еден пар на “старки”, тешко дека постои лице кое барем еднаш не ги поседувало патиките од компанијата Converse, која е продадена на Nike во 2003 година. Тие се создадени за прв пат во 1917 година како кошаркарски патики, а со времето станаа заштитен знак на урбан тренд, па така денес ги носат сите од музичари до директори. Еве некои малку познати факти за “старките” кои ги пишува refinedguy.com –Продадени се повеќе од 800 милиони пара до 2013 година. Дури 60% од американските...

Continue reading

Deutsche Telekom ја шири својата дејност

Post Views: 4 Deutsche Telekom, сопственикот на T-mobile и T-home во Македонија, сака да го прошири работењето и во спортското обложување, објавил германскиот весник Suddeutsche Zeitung. Ова засега е ограничено само на Германија каде операторот потврдил дека ги направил сите припремни работи. Во идните две недели ќе се знае дали германските власти ќе ѝ одобрат концесија за обложување на компанијата Deutsche Sportwetten GmbH. Од Deutsche Telekom потврдиле, доколку тоа се случи, планираат да го превземат мнозинскиот пакет над таа компанија за обложување. Додаваат дека за овој потез...

Continue reading

Нова закана од страна на Русија

Post Views: 2 Рускиот премиер, Дмитриј Медведев, рекол дека на било какви нови санкции ќе се одговори “асиметрично”, можеби и со забрана на прелети на авиони над руското небо, ако нејзините западни партнери продолжат со “искушенијата да користат сила во меѓународните односи”. Во интервју за дневниот весник Ведемости, Медведев рекол: “Ако бидат воведени санкции поврзани со енергетскиот сектор, или понатамошни рестрикции кон рускиот финансиски сектор, ќе мораме да одговориме асиметрично”. Европската унија договорила нови стопански санкции кон Русија кои би требало да стапат на сила...

Continue reading

Обама тргнува во лов на џихадистите

Post Views: 1 Американскиот претседател Барак Обама рекол дека оваа недела ќе го изнесе својот план за пресметка со милитантите на Исламската држава, која би можела да биде закана и за САД. Тој ќе одржи говор во среда на кој ќе го опише својот план, а ќе се сретне и со челниците на конгресот за да побара поддршка за неговата стратегија. “Следната фаза е да се прејде во напад, бидејќи во иднина тие можат да бидат закана за нас иако тоа сеуште не е”, рекол Обама. “Со оглед дека Исламската држава привлекла странци од Западот во нивните редови, кои несметано можат да допатуваат во САД...

Continue reading

Поразителна вистина која стои зад iPhone

Post Views: 0 Кинескиот снабдувач на Apple ги крши сите сигурносни и платежни прописи и покрај ветувањата кој ги дал на технолошкиот џин дека ќе ги подобри условите, соопштиле две здруженија на активисти, воочи пуштањето во продажба на iPhone 6. Организациите China Labor Watch и Green America објавиле низа приговори за платите, безбедноста и условите за работа во фабриките на кинеските производители за светски познатите компјутери и смарт телефони, јавува ABC News. Глобалните брендови кои се потпираат на кинеските доставувачи, одговориле дека платите ги наметнале а и другите стандарди...

Continue reading

На повидок е раскинување на сојуз кој е стар 307 години

Post Views: 1 Помалку од две недели пред гласањето на референдумот на 18 септември, анкетата на YouGov покажува дека 51% од испитаниците ќе гласа за независност на Шкотска, а против 49%. Подржувачите за независност на Шкотска по прв пат го превземале водството во анкетите откако е започната капмањата, објавил весникот Sunday Times. “YouGov анкета…покажува дека националистите се два поени во предност и дека се спремни да победат на референдумот”, се наведува во докуменот. Пред само еден месец подржувачите за останување на Шкотска, заедно со Велика Британија, имале предност од...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top