Автор: инфодеск

Гордоста на Италија преминува во кинески раце

Post Views: 2 Кинеската компанија China National Chemical Corp (ChemChina) го купува италијанскиот Pirelli, петти по големина производител на гуми во светот, за 7,1 милијарди евра. Договорот со кој 143 години стариот симбол на ителијанската преработувачка индустрија паѓа во кинески раце го направија во неделата акционерите на Pirelli. Државната компанија ChemChina, на чие чело се наоѓа Ren Jinxin, со тоа би добила пристап до технологијата за производство на гуми со врвен квалитет, што би и помогнало на Кина, покрај секторите како телеком и интернет, да ја развие и својата автомобилска...

Continue reading

Хрватска добива преку една милијарда евра од ЕУ

Post Views: 2 Владата и ресорните министерства во март и април во повеќе градови на Хрватска ќе има презентации под името “заедно до ЕУ фондовите” со цел да се овозможи полесен пристап за привлекување на пари од Европските фондови, а пред сѐ наменети на претприемачите и стопанството. Хрватска во финансискиот период 2014-2020 година на располагање ќе има повеќе од една милијарда евра од европските структурни и инвестициски фондови, кои досега државата никогаш ги немала во тој обем за вложување во развој. Основната цел на владата е преку вложувањата на овие средства да обезбеди работа...

Continue reading

Очите на ЕУ денес вперени во Ангела Меркел

Post Views: 3 Ангела Меркел пред неколку дена во парламентот најави состанок со грчкиот премиер Алексис Ципрас и рекла дека не треба да се очекува решение на проблемот на оваа средба. Помеѓу двете земји јакне сѐ поголема напнатост бидејќи Германија е загрижена од можноста Грција да не ги испочитува своите досегашни обврски, а Грција пак од друга страна ја гледа Германија како главен заговорник за острите мерки на штедење. Поради тоа, Ципрас би требало непопустливата Меркел да ја убеди на прифаќање на неговите реформски планови и репрограмирање на големите грчки долгови во склоп со...

Continue reading

Идентификувани напаѓачите на терористичкиот напад во Тунис

Post Views: 0 Туниските власти објавија видео снимки од надзорните камери кои ги покажуваат напаѓачите додека наоружани со калашникови одат и го изведуваат нападот во една од салите на музејот Bardo во Тунис, каде беа убиени 21 лице. Едноминутната снимка која ја објавило министерството за внатрешни работи на својата официјална страница на Facebook се прикажуваат двајца мажи како одат со оружје в рака во една од салите од музејот, а потоа се прикажани и нивните мртви тела. Двајцата напаѓачи се идентификувани како средношколецот Jabeur Khachnaoui од покраината Касерина и 27-годишниот...

Continue reading

Во Украина повторно пукање и крвави борби кај Мариопул

Post Views: 5 Селото Широкино, 10 km источно од Мариопул, претрпело разорувања околу патот кои ги дели позициите помеѓу завојуваните страни кои се оддалечени околу 700 m., известува новинар на AFP. Борбите се водат секојдневно со топовски и тенковски оган, рекол еден од сепаратистите со војничко име Карас. Набљудувачите на Организацијата за европска сигурност и соработка (OESS) на терен виделе три украински тенкови како стрелаат кон сепаратистичките позиции во Широкино, на што бунтовниците одговориле со тенковски гранати кои паѓале во близина на украинските позиции, се наведува во...

Continue reading

Емоции и солзи на првиот натпревар на Чапекоенсе по авионската несреќа

Post Views: 9 Чапекоенсе го одигра првиот натпревар по стравичната авионска несреќа во Колумбија минатата година во која загина речиси целата екипа. Чапекоенсе во пријателски натпревар ремизираше (2-2) со актуелниот првак на Бразил Палмеирас. На стадионот Арена Кона се собраа 20.000 гледачи, а емоциите со солзи надојдоа кога на стадионот излегоа преживеаните играчи и работници во клубот со своите семејства. Навивачите скандираа “Vamos Chape”. Емоциите достигнаа кулминација кога на тревникот излегоа преживеаните играчи Алан Рушел, Хелио Нето и Џексон Фолман и ги примија медаљите и...

Continue reading

САД извршиле 2.320 воздушни напади над Исламската држава

Post Views: 1 Нападите на американските сили чинат 80% од сите напади кои ги изведува меѓународната коалиција против Исламската држава. Вкупно сите заедно извршиле 2.893 воздушни напади од што 1.631 во Ирак и 1.262 во Сирија, а погодиле 5.314 цели, соопштил Пентагон. Повеќе од 60 земји учествуваат во коалицијата против Исламската држава. САД, Австралија, Белгија, Канада, Данска, Франција, Јордан, Холандија и Велика Британија ги изведуваат нападите во Ирак, додека САД, Бахраин, Јордан, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати ги напаѓаат целите во Сирија. Објавените податоци...

Continue reading

Најбогатиот Хрват станува крал на маслото за јадење во Србија

Post Views: 0 Сопственикот на Агрокор, Ивица Тодориќ, по купувањето на Дијамант од Зрењанин, купува уште една фабрика за масло за јадење во Србија. Најбогатиот хрватски бизнисмен, кој во Србија е сопственик на шест компании, сака да ја превземе и компанијата Викторијаоил, фабрика за масло за јадење од Шид која е присутна со брендот Искон. Тодориќ на српскиот пазар на масло за јадење  влезе во 2004 година со купување на фабриката во Зрењанин која со години држи една третина од пазарот, а сега Тодориќ со купување на Викторијаоил сака маслото Искон да го користи како суровина за производство...

Continue reading

Пентагон: Терористичкиот водач убиен со дрон

Post Views: 0 САД во нападот со беспилотно летало на 12 март во Сомалија го убија лидерот на исламистичката група Al Shаbab, Adan Garar, поврзан со нападот на трговскиот центар Westgate во Најроби во 2013 година, соопшти Пентагон. Adan Garar бил припадник на службите на Al Shаbab за известување и безбедност чија задача била да ги координира надворешните активности на екстремистичката група, додава Пентагон во своето соопштение. На основа на оперативни разузнувачки податоци, американските сили со помош на беспилотно летало го нападнале возилото во кое бил Adan Garar во околината на...

Continue reading

Епидемија која не престанува да се шири

Post Views: 4 Од оваа болест ширум светот болуваат 382 милиони луѓе, а се предвидува во наредните две десетлетиа дека од неа ќе заболат околу половина милијарда луѓе. Дијабетисот станува глобална епидемија, предупредуваат експертите. Се проценува дека во 2013 година болуваат 382 милиони луѓе а во наредните 20 години се очекуа пораст од 55%. Само 10% од луѓето со дијабетис, болеста ја добиле во детството, додека дека 90% од заболените од дијабетис тип2, болеста ја добиле од неправилна исхрана и премалку движење. Тоа последично води и до кардиоваскуларни проблеми, болести на бубрезите,...

Continue reading

Пилотите на Lufthansa стапуваат во штрајк

Post Views: 3 Пилотите на германската национална воздухопловна компанија Lufthansa во среда ќе штрајкуваат, а тоа ќе се одрази на кратките и средно-долгите дестинации, изјавиле од компанијата. Штрајкот го организира синдикатот на пилоти “Vereinigung Cockpit” поради нерешени прашања околу бенефициите при одење во пензија, пишува BBC. Освен проблемите со бенефициите за одење во пензија, работниците се противат и на планот на проширување на бизнисот и интересот на Lufthansa спрема нискобуџетните летови. Штрајкот би требало да трае 24 часа а ќе се одрази најмногу на домашните летови....

Continue reading

Летечките автомобили стануваат реалност

Post Views: 0 Словачката компанија AeroMobil почна со развој на концептот на летечки автомобили уште во деведесетите години, а кон крајот на минатата година е најавен AeroMobil 3.0 кој од октомври започна со тестирања и пробни возења, односно летања со ова превозно средство, а извршниот директор на оваа компанија Juraj Vaculik најави дека негова продажба може да се очекува во 2017 година. Додека првите концепти на летечки автомобили бараа авионски писти, новиот модел може да полетува и слетува на тревнати површини така што Vaculik предложил во иднина покрај автопатиштата да се направат...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top