Post Views: 4
Flydubai по прв пат најави акциска продажба ширум својата мрежа нудејќи на патниците 30% попуст на цените на билетот во бизнис и економската класа за летовите кон Дубаи и одбраната дестинација.
Патниците кои планираат да патуваат помеѓу 1-ви октомври 2015 година и 30-ти јуни 2016 година, а го резервираат билетот пред 20-ти септември ќе отстварат попуст од 30%.
Со флота од 49 модерни авиони на новата генерација на Boing 737-800, Flydubai работи со повеќе од 1.600 летови неделно на повеќе од 90 дестинации во 45 земји ширум светот, создавајќи мрежа која се протега преку...
Post Views: 1
Многумина од нас често го подгреваат јадењето во микробранова или едноставно го користиме стариот шпорет, но можеби не сте знаеле дека некои намирници никогаш не смеат да се подгреваат бидејќи содржат супстанци кои при повторно загревање стануваат токсични. Тоа може да остави краткорочни последици како проблеми при варењето на храната, но и подолгорочна штета на здравјето.
-Целер. Воглавно се користи за варење супа, пире или салата. По приготвувањето целерот треба да се одвои од супата и да се јаде свеж. Тој содржи нитрати кои стануваат токсични при повторно загревање.
-Јајца....
Post Views: 0
British Air одлучи да подари 400 авионски билети за дестинации ширум светот.
Сé што треба да направите е да појдете на нивната Facebook страница, да ја лајкнете и споделите фотографијата на авионскиот билет и да напишете коментар “thanks you”.
Среќните добитници ќе бидат извлечени и известени со пораки на 10-ти септември, а со четирите авионски билети секој добива и платено сместување спрема потребите во вредност од 5.000 долари.
Post Views: 3
Иако по пат на Google Play и Apple Store се достапни стотина илјади апликации, на мобилните телефони доминираат апликациите на само две компании – Google и Facebook.
Истражувањето, кое неодамна го спровела компанијата comStore, покажало дека од десет најпопуларни апликации осум припаѓаат или на Facebook или на Google. Првите две места ги завземаат апликации на Zuckerberg – Facebook и Facebook Messenger, додека на деветото место е Instagram, социјална мрежа чиј сопственик е повторно Facebook.
“Zuckerberg знаеше што прави кога апликацијата за размена на пораки ја одвои...
Post Views: 1
Сопственикот на Zara, Amancio Ortega од пред неколку дена и официјално е најбогатиот Европјанец и втор најбогат човек на светот.
Неговиот имот во последната година, и покрај кризата, се зголемил за импресивни 10,4 милијарди долари. Сопственикот на најголемиот синџир на продавници за облека го смени Warren Buffet на местото втор најбогат човек на светот спрема листата на Bloomberg.
Имотот на Ortega се проценува на 71,5 милијарди долари, а американскиот инвеститор е тежок 70,2 милијарди, додека на чело сеуште се наоѓа сопственикот на Microsoft, Bill Gates со рекордни 85,5...
Post Views: 1
Германскиот синдикат на пилоти кој е во отворен конфликт со управата на Lufthansa веќе една година, најави штрајк за 8-ми септември кој ќе ги погоди прекуокеанските летови од Германија и теретниот сообраќај.
Штрајкот, тринаесетти по ред во последните година и половина, ќе започне во 6.00 по GMT, а ќе заврши во 22.00 часот.
Синдикатот на Cockpit и Lufthansa се во конфликт помеѓу другото и поради условите за одење во пензија на пилотите.
Во соопштението на синдикатот се нагласува дека се согласил на важни отстапки, но дека не нашол разбирање кај управата.
Post Views: 8
Научници од Универзитетот Кембриџ развија сосем посебна веб апликација наречена Apply Magic Sauce која има само една намена и задача а тоа е да ја процени вашата личност исклучително врз основа на вашиот профил на Facebook. Не е потрбно ништо да правите, освен да се логирате на веб страницата со вашиот Facebook профил и да проверите дали е ова навистина тестот кој може да ве процени подобро од вашите пријатели, роднини, брачни партнери, колеги…Сето ова се прави врз основа на вашите “лајкови” кои ги оставате на Facebook.
Британските научници тврдат дека направиле...
Post Views: 1
Голема е бројката на лица кои се борат со минусите на тековните сметки, а некои се толку должни што и покрај платата сеуште се наоѓаат во голем негативен минус. Кога се нема заштеда најважно е да се соочите со долговите и да започнете полека со намалување.
Кога рамнотежата помеѓу вашите приходи и расходи е нарушена, единствено решение или да почнете помалку да трошите или да заработувате повеќе.
Прв чекор: Пресметајте колку должите – Префрлањето од една сметка на друга е лажење себеси со правата бројка која навистина ја должите. Така можете да се лажете сѐ додека не...
Post Views: 4
Илјадници граѓани се собраа во центарот на главниот град на Молдавија, Кишињев, во најголемите улични протести во историјата, барајќи оставка од претседателот на државата Николае Тимофтиј и предвремени избори поради банкарска измама од една милијарда долари која го нарушила животниот стандард на граѓаните.
Спрема полициските податоци во центарот на градот се собрале помеѓу 35 и 40.000 луѓе, иако организаторите од новата Граѓанска платформа DA тврдат дека ги има три пати повеќе.
Со извиците “Победа! Вратете ја милијардата назад!” протестантите бараат оставка на Тимофтиј...
Post Views: 2
Јакната ја дизајнирал 29-годишниот студент Hiral Sanghavi, а таа во себе содржи сѐ што на било кој патник може да му затреба. Така јакната има петнаесетина функции меѓу кои се и вградено перниче за спиење, маска за очи и специјален џеб со полнач за мобилни телефони.
Sanghavi изјавил дека неговата првична цел била по пат на кампања на Kickstarter да собере 20.000 долари, но на крајот собрал неверојатни 9,19 милиони долари и со тоа ја довел својата јакна до статусот на најфансцинантен предмет за облекување.
За CNN изјавил дека идејата за креирање на јакната ја дала неговата...
Post Views: 0
Луѓето се расфрлаат и даваат скоро милион фунти за да живеат под морето во Дубаи каде се градат 42 вили кои се оддалечени околу 4 километри од брегот на Дубаи.
Апартмани од 158 квадратни метри се на пазарот на најлуксузни недвижнини, а чинат околу 894.000 фунти.
Во продажба има само неколку додека другите се продадени и пред да бидат завршени.
Секоја вила ќе има три спрата, а нив ќе ги карактеризира големата висина за да овозможат величенствен поглед на спектакуларниот морски свет.
Кујна, дневна соба и купатило ќе имаат на долниот кат под нивото на морето. На вториот...
Post Views: 8
Сеуште не се смирени страстите по елиминацијата на Илма Карахмет од шоуто „X-фактор Адриа“
Младата ѕвезда на шоуто „X-фактор Адриа“, Илма Карахмет требала да гостува на концертот на својот ментор Кики Лесандриќ за денот на жената, но тоа не се случило.
По елиминацијата од натпреварувањето, Лесандриќ застанал во нејзина одбрана и одлуката на жирито ја прогласи за срамотна. Меѓутоа, кога подоцна го добил увидот во листата со гласови, сфатил дека публиката е причината за која е заслужна за елиминацијата на Илма од шоуто.
„Гледачите гласаа за Маид Хеќимовиќ. Очекувањата...