Post Views: 14
Младите ученици од основното училиште „Григор Прличев“ на достоен начин го одбележаа патронот на нивното училиште. Свечената приредба беше навистина свечена, а за тоа да биде така, се погрижија токму учениците од ова училиште и нивните ментори.
Центарот за култура кој исто така го носи името на охридскиот ловороносец, беше местото на кое се собраа родители, наставници, ученици за да му оддадат почит на големиот поет.
„Колку и да зборуваме за делото и животниот пат изминат од нашиот патрон, никогаш нема да бидат доволни зборовите, туку треба само да ги продолжуваме...
Post Views: 9
Не стивнува ракометната еуфорија во Охрид. Последна и најсилна причина е формирањето на женскиот ракометен клуб „Моби Дик“. Тоа е клубот кој ќе го понесе товарот да ги потсети охриѓани на историјата, но и да им ја покаже иднината на женскиот ракомет, кој за жал долги години го немаше во Охрид. Го посетивме нивниот прв, официјален тренинг, а бројката на девојчиња кои тренираа беше огромна, па не испуштивме да ги запрашаме зошто ги привлекол токму ракометот.
„Долго време чекав ракомет, и сега се отвори. Интересно е досега, се надевам и натаму ќе биде.“
„Во градов немаше...
Post Views: 27
Долно Лакочереј, повторно мака-мачи со немањето вода. Овој пат, причината малку поинаква. Пумпите кои ја дистрибуираат водата до домаќинствата од ова охридско село, нешто повеќе од 4 дена, не функционираат. Проблемот се состои во тоа што Месната заедница не го подмирила долгот кон ЕВН, па ЕВН-Македонија, ја исклучиле струјата во водоснабдителниот објект, поради што пумпите останале надвор од функција.
Единствен извор на оваа драгоцена течност им е селската чешма која се наоѓа во близина на црквата.
Стапивме во контакт и со претставници од месната заедница на Долно...
Post Views: 8
Националната установа „Завод за заштита на спомениците на културата и музеј-Охрид“ ги презентираше резултатите од својата работа во изминатите 6 години. Периодот од 2006та до 2012 година, се покажал како доста продуктивен за оваа национална установа. Тие успеале да реализираат вкупно 165 проекти за заштита на недвижното културно наследство и 36 проекти за заштита на движното културно наследство.
„Во поглед на недвижното културно наследство, конзервирани и реставрирани се вкупно 9 христијански сакрални објекти, конзевирани и презентирани се над 300 метри квадратни богати...
Post Views: 6
Живиот и разновиден биолошки свет постои дури и на места за кои не сме свесни. Она што загрижува е што недостигот на свеста, неинформираноста или во крајни случаи и намерното загадување, овој разновиден биодиверзитет го деградира и уништува. Денес е светскиот ден за заштита на водните живеалишта, живеалишта како нашето Охридско езеро, како реките кои се сливаат во него, како мочуриштата, како Студенчишкото и Белчишкото блато кои се природни филтри за Охридското езеро.
Невладини организации, екологисти и експерти од областа на биологијата и екологијата, денес потсетија ...
Post Views: 14
Водичите во планина-вистински професионалци. Тоа го докажаа и со последниот семинар кој го одржаа во снежните височини на нашата Галичица.
На местото викано Липова ливада кај спасителната станица Магаро, голем број на лиценцирани водичи, ентузијасти, љубители на планините и идни водичи ги збогатија своите знаења во оваа професија.
„Македонската асоцијација на интернационални водичи во планина годишно програмски одржува најмалку четири вакви семинари кои се наменети за релиценцирање, односно обновување на лиценците на водичите кои секоја година имаат обврска најмалку...
Post Views: 2
Охридските советници утре со полни раце работа. Ќе ги спротиставуваат ставовите околу 37 точки колку што ги има на дневниот ред 58та седница на Советот на општина Охрид. Особен интерес и пожестока расправа се очекува за предлог-одлуката за утврдување на касовиот максимум во општинската благајна, точка која секогаш нуди интересни коментари и дискусии од страна на советниците. Освен оваа интересна точка, во останатиот дел од седницата ќе доминираат предлог-одлуките од урбанистичката сфера.
Ќе се утврдуваат нацрт-урбанистички планови вон населените места и тоа во Долно...
Post Views: 7
Актерите од Охридскиот народен театар се сретнаа со кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, д-р Никола Бакрачески. Во едночасовниот разговор, тие имаа можност да продискутираат за проблемите, перспективите и идните планови.
Д-р Бакрачески вели дека културно-уметничките манифестации заземаат посебно место во неговата лична и партиска програма со која во иднина планираат да ја збогатат културната сцена во Охрид.
„За подобро запознавање со приликите во Домот на култура и театарот во Охрид, целта беше да се сретнам директно со непосредните актери на овие случувања,...
Post Views: 2
Време е за годишните извештаи на фирмите за исплатени приходи во изминатата година. Полека се ближат крајните рокови за поднесување на добро познатите обрасци ПДД-ГИ до подрачното одделение на Управата за јавни приходи во Охрид. Во овој образец, правните лица, односно фирмите треба да ги пријават бруто-приходите на даночните обврзници, платениот персонален данок на доход и придонесите, како и вкупно исплатените нето-приходи во изминатата година по повеќе основи.
Тука влегуваат нето-приходите по основ на лични примања, авторски права и права од индустриска сопственост,...
Post Views: 2
Подобро да се спречи отколку да се лечи. Така некако можат да се опишат последните препораки на Комисијата за следење на сезонскиот грип. На нивна препорака, Државниот санитарен и здравствен инспекторат до сите образовни институции достави решенија со предлог мерки за заштита од сезонскиот грип. Бидејќи дечињата се најподложни на грипот, а и работат во големи друштвени средини, со крајот на нивниот зимски одмор, овие мерки и тоа како се важни за нивната заштита.
„Предлагаме да се засили хигиенизација во училиштата и предучилишните установи, редовно користење на течен...
Post Views: 0
Поставени пред околу триесетина години, фенерчињата во форма на стара охридска куќа ги осветлувале старите охридски сокаци. Се сметаат за заштитен знак на стариот дел на Охрид, но нив за жал се помалку ги има.
Наместо ова традиционално обележје, сега локалната самоуправа поставува обични канделабри во форма на топка. Иако првичната намена им е иста, се чини шармот на старата охридска куќа е далеку посилен.
„Поставени се пред сигурно повеќе од 30 години, во меѓувреме најголемиот дел од куќите во стариот дел на градот ги обновуваа фасадите или ги реновираа комплетно куќите,...
Post Views: 44
На дел од улицата „Марко Нестороски“ подолг период не функционира уличното осветлување. Во близина на улицата се наоѓа и основното училиште „Христо Узунов“ каде гравитираат голем број на млади и деца. Еден жител на оваа улица ни се пожали дека во вечерните часови, на овој дел од „Марко Нестороски“ ништо не се гледа. Велат дека дефектот одамна бил пријавен.
„Околу два и пол до три месеци месеци. Интервениравме до општина Охрид, до раководителот Сашо Велјаноски. Бевме известени дека наводно корпата била расипана. Денес, утре, секој ден така. Неделно се јавуваме по еднаш,...