Автор: Мишел Наумоски

Mojsovska kolonija

Хендикепот не може да ја спречи уметноста

Post Views: 0 Уметноста не познава и не признава граници и препреки. Каде поголем доказ за тоа, од веќе традиционалната меѓународна ликовна колонија за лица со телесен инвалидитет. Од самите почетоци на колонијата, нејзин редовен учесник е Роза Мојсовска. Таа нема функција на долните и горните екстремитети, но вели дека никогаш не дозволила тоа да и биде проблем. Со уметност се занимава уште од рана возраст, но од 2006 година почнала да работи посериозно. Таа црта со акрилни бои на платно и вели дека сака да се бори, и да им докаже на луѓето дека инвалидитетот не е ги спречува во...

Continue reading

patronat Hristo

Основците од „Христо Узунов“ со поезија, драма и музика за својот патронат

Post Views: 31 „Длабока резба на душата“ е темата под која основците од „Христо Узунов“ синоќа го одбележаа својот патронен празник. Со прекрасни песни кои се разлеаа од грлата на хористите, со поетските рецитали и прекрасни поеми, со одличното свое актерство, учениците од ова основно училиште покажаа како се чествува својот патронен празник. За сето ова да изгледа и да звучи толку убаво, потребна им била макотрпна работа. „Обично се подготвуваме, почнаа подготовките второто полугодие, со изборот на тема на која што ќе се работи патронатот, музичкиот дел и рециталот. Исто така и училишниот...

Continue reading

knigi

Љубителите на пишаниот збор, денес го слават светскиот ден на книгата

Post Views: 6 Некогаш таа беше најверен пријател на човекот. Книгата, со сите свои богатства, мистерии, пораки и поуки, напишана на многу или помалку страни, но секогаш со подеднаква страст, со подеднаква љубов. Некогаш и некаде, далеку од овде, книгата е најбараното богатство, но сега и овде, кај нас, за жал многу помалку. Денес, на Светскиот ден на книгата, можеме барем накратко да се потсетиме дека таа е сеуште тука и ја чека својата публика да ги открие нејзините тајни. Но и многу повеќе. Постарата генерација носталгична по старите вредности, барем засега е најверен читател. „Ние...

Continue reading

Grigor izrabotki

Охридските основци весело и разиграно за Денот на планетата земја

Post Views: 13 Основните училишта во Охрид, денес, во знакот на екологијата и рециклирањето. Со својата несопирлива креативност, денес, на денот на планетата земја тие пренесоа еколошки пораки, секое училиште на својот начин. Во основното училиште „Христо Узунов“ малите основци, заедно со своите наставници возеа велосипед и ролерки до месноста Горица. Под мотото „Можеме и без автомобили“ тие сакаат да ја подигнат еколошката свест не само кај учениците, туку и воопшто кај сите граѓани. „Како љубител на велосипедот, кој многу често го користам како средство за движење низ нашиот град,...

Continue reading

torta

Глувите и наглуви лица ги покажаа своите кулинарски вештини

Post Views: 5 Жените од здруженијата на глуви и наглуви лица од републикава, денес ја покажаа својата магија во кујната. Натпреварот „Жена домаќинка“ кој веќе стана традиционален натпревар во готвење, понуди многу различни јадења, вкусови и мириси кои ги почувствуваме веднаш штом стигнавме до кујната на хотелот Далјан кој е домаќин на оваа манифестација. А богами имаше и што да се види. „Оваа манифестација се одржува години наназад и веќе премина во традиционален. Општинските здруженија кои учествуваат на овој натпревар ги има 15 кои се тука. Интересен натпревар помеѓу глувите жени,...

Continue reading

komunikacija lica so hendikep

Нови можности за вработувања на лицата со хендикеп

Post Views: 9 „Ова се врските кои се создаваат во семејството, на работното место, и ова се врските кои ние ги создадовме изминативе три дена“. Со оваа скоро поетска мисла, психологот Шпела Реш на лицата со хендикеп им покажа колку се значајни врските на работното место, комуникацијата, себепретставувањето пред работодавците, а се со цел или нивно полесно вработување или полесна и покоренита интеграција на своето работно место. Овие вештини, тие ги учеа на работилницата која деновиве се одржува во Охрид, како дел од проектот на Европската унија за социјална инклузија на лицата со...

Continue reading

stetnici

Повлекувањето на езерото носи нов предизвик-наезда на глодари и инсекти

Post Views: 7 Повлекувањето на водите и во Охридското езеро, но и во реките, од една страна спас од поплави, но од друга можност за проблеми со појава на глодари, инсекти и други штетници. За спас од овој нов предизвик, Центарот за јавно здравје вели дека е потребно да се преземат серија превентивни мерки за заштита на населението од заразните заболувања кои комарците и глодарите ги пренесуваат. Според директорот на Центарот за јавно здравје, д-р Атанаско Михаилов, изминатите години, граѓаните често реагирале и тврделе дека забележале глодари, особено глувци и во делови од канализацијата,...

Continue reading

sah

Шахистите од школата Ласкер од Охрид вистински велемајстори

Post Views: 0 Пролетна проверка на знаењата за шахистите од школата „Ласкер“ од Охрид. Тие одиграа одлично на пролетниот турнир против добро познатите противници од шаховската школа „Алкалоид“ од Струга. Младите шаховски мајстори од Ласкер, забележаа сигурна победа над своите противници против кои одиграа четири кола, и постигнаа резултат од 5:3 во поени. Еве како дел од нив го доживеаа овој турнир. „Не може да се каже дека беше лесно, треба размислување, противниците беа тешки. За да се изигра еден потег добар, околу една минута треба, а за да научиме, да се извежбаме убаво да знаеме...

Continue reading

laserski alarm

Учениците од „Христо Узунов“се покажаа како вистински научници

Post Views: 0 Ѓоко Маркоски како млад биолог и Михајло Најдески како млад физичар и двајцата од ОУ „Христо Узунов“ се покажаа големи научници. На 50та јубилејна олимпијада на млади техничари и природници која се одржа во Битола, тие со своите проекти освоија две трети места. Но не е толку до местата, колку до покажаната креативност и способност за аналитичко размислување. Ѓоко во Битола се покажа со резултатите од направеното двонеделно истражување на патогените бактерии кои ги има на најчесто користените површини од страна на децата. Ова истражување било правено во рамките на Центарот...

Continue reading

niskogradba

ЈП „Нискоградба“ во акција за санација на кејот

Post Views: 2 Започна санацијата на шеталиштето долж кејот на Охридското езеро. Почнувајќи од вчера, вработени во јавното претпријатие „Нискоградба“ започнаа со процес на замена на бекатон подлогата  која беше оштетена во невремињата кои го зафатија Охрид. Високите бранови изминативе недели направија големи штети долж кејот кој во најголемиот дел беше поплавен, а бекатон плочките беа расфрлани по шеталиштето. Со подобрувањето на временските услови, особено вчера и денес, се очекува и забрзување на темпото на работа околу санацијата на кејот. Денес затекнавме и дел од екипата која...

Continue reading

Tockov ispituvanja

Водата за пиење безбедна, водата во Охридското езеро со различен квалитет

Post Views: 7 Центарот за јавно здравје самоиницијативно го испита квалитетот на водата во Охридското езеро, но и квалитетот на водите во охридскиот, струшкиот и дебарскиот водовод. Причина за тоа е поголемиот дотек на вода во Охридското езеро изминативе три месеци кој предизвика повеќе проблеми и во колекторскиот систем и на охридското крајбрежје. Центарот за јавно здравје примероците вода од Охридското езеро ги зел од повеќе локации кои ги сметале за покритични. Еден примерок бил земен кај пумпната станица Метропол од каде градот се снабдува со вода за пиење, еден примерок бил земен...

Continue reading

kniga Seven

The Seven-прв литературен дострел на младата Викторија Пановска

Post Views: 11 Прва трага врз ѕвезденото небо на литературата оставена од младата Викторија Пановска. The Seven е името на ова прво и толку значајно литературно остварување, кое како што веќе кажува насловот е целосно напишано на англиски јазик. Викторија вели дека така и било полесно за пишување, а и делото било отворено кон поширока публика. А за каков вид на литературен обид станува збор, ќе слушнете од самата авторка. „Станува збор за една мистерија која се случува на остров за кој никој не знае. На островот има едно школо, а во школото секоја година се избираат неколку деца за...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top