Post Views: 2
Животот во Струга, карактеристиките на младите стружани од пред шест децении трајно забележани во најновиот уметнички восклик на Евда Попоска. Како една ментална слика од сеќавањата на авторката, во „Децата од градот“ опишани се обележјата на впечатливата Струга.
Според промоторот на делото, Тоде Илиевски, Попоска, е автор кој вреди да се чита.
„Евда Попоска спаѓа во оние малкумина автори што се читаат денес, а за жал пошироката јавност не ги знае. Имаме пример за многу вреден писател, читан писател, а тој автор нема добиено соодветно вистинска оценка на литературната...
Post Views: 10
150 пакети со прехранбени продукти и средства за лична хигиена денес и утре ќе добијат социјално најзагрозените семејства од Охрид. Доделувањето на хуманитарните пакети е завршна активност од акцијата по повод неделата во борба против гладта од 16ти до 22 Октомври. Дел од пакетите денес беа доделени на социјално загрозени граѓани кои се наоѓаат на списокот на Црвениот крст од Охрид. Остатокот од пакетите ќе се додели до крајот на оваа недела.
„Овие хуманитарни пакети, дел од хуманитарните пакети ќе бидат донирани во Здружението на лица со пречки во развојот-„Зраци“,...
Post Views: 5
СВР-Охрид со нова акција за сузбивање на наркокриминалитетот. Во текот на вчерашниот ден полициските службеници како резултат на претходно спроведени активности, пронашле вкупно 113 паковки со опојна дрога хероин како и две најлон кеси со опојна дрога марихуана.
Дрогата била пронајдена на подрачјето околу Самоиловите тврдини.
„Оваа акција резултираше со приведување на три лица наркозависници од Охрид и Струга кои во текот на вчерашниот ден се приведени во СВР-Охрид. Против две од нив е поднесена кривична пријава. Од она што натамошниот тек на работењето на ова казнено...
Post Views: 5
Партиципативно тело од областа на урбанизмот ќе го планира урбанистичкиот развој на градот. Советниците уште на дванаесеттата седница на Советот на општина Охрид го изгласаа создавањето на ова тело кое треба да има советодавна улога. Според секретарот на општината, Димитар Спасески, телото е формирано поради искрената намера на оваа локална самоуправа да ги реши проблемите од областа на урбанизмот.
За таа цел, биле избрани и соодветни членови на телото.
„Членови на партиципативното тело се советници во Советот на општина Охрид и стручни луѓе од областа на урбанизмот...
Post Views: 2
Хотелиерите и угостителските работници од Охрид уредно го одлагаат отпадното масло.
Само во изминатите 4 години, на ниво на општина Охрид биле собрани околу 53 тони отпадно масло кое потоа било соодветно складирано од страна на фирма овластена од Министерството за животна средина. Поведени од ваквите бројки, Одделението за урбанизам и заштита на животната средина при локалната самоуправа го изработи пилот проектот за собирање на отпадно масло кое се генерира при подготвување на храна во домаќинствата. За таа цел, тие уште во Декември минатата година поделија 100 кантички...
Post Views: 4
Опозиционата коалиција Сојуз за иднината ја бојкотираше денешната седница на Советот на општина Охрид. Во знак на револт за притворањето на советникот од општина Центар, Мирослав Шиповиќ, коалиционите партнери од охридската опозиција демонстративно ја напуштија денешната седница на советот на општина Охрид. Координаторот на советничката група на СДСМ, Томислав Тунтев рече дека на овој начин го искажуваат револтот против институционалното насилство кое се вршело за да се замолчи Шиповиќ. Тунтев апелираше до одговорните од власта да го пуштат советникот Шиповиќ да се брани...
Post Views: 3
Со 66 гласа за, еден против и ниту еден воздржан, синоќа народните избраници го изгласаа Законот за изградба на автопатското решение Кичево-Охрид.
Долгонајавуваното автопатско решение земјава ќе ја чини 374 милиони евра, со додатни 10 проценти на оваа сума предвидени за дополнителни работи. Пратеникот од Охрид, од редовите на владеачката гарнитура, Александар Николовски, го оцени овој автопат како најважната инфраструктурна работа која се случила на Охрид во последните 50 години. Со вчерашното изгласување во Собранието, компанијата изведувач има рок од 28 дена за обезбедување...
Post Views: 3
Само 55 проценти од вкупното производство на енергија во земјава се задоволува од домашни извори, додека 45 проценти се увезуваат од странство. Ова е само еден од интересните факти кои неоспорно говорат дека енергетската ефикасност и употребата на обновливи извори на енергија не се приоритет во нашата држава. Ова ќе се обиде да го промени Македонскиот центар за енергетска ефикасност кој е лидер на проектот за прекугранична соработка со Албанија токму во областа на енергетската ефикасност. Тие сметаат дека и двете земји се соочуваат со истите предизвици. Целна група на...
Post Views: 0
Негувателките, воспитувачките и сиот персонал во градинките нема да плаќаат за добивање на лиценца за вршење на својата дејност. Најпрво беше најавено дека издавањето на лиценците ќе чини 450 денари, односно 6000 денари за обуката која директорите на градинките треба да ја посетуваат, но сега министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов уверува дека вработените во градинките не треба воопшто да се грижат ниту за трошоците, ниту пак за тежината на испитите кои треба да се полагаат. За целите на овој процес, Спасов вели дека била формирана и Комисија за лиценцирање...
Post Views: 5
Велгошти конечно ја доби долго посакуваната градинка за своите најмали. Денес беше официјалното отворање на прилагодената и приспособена градинка во други просторни услови, а во рамки на основното училиште „Живко Чинго“. Според министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, со отворањето на градинките во Лескоец и Велгошти, општина Охрид станува пример за општина која работи во насока на подобрување на постоечките капацитети.
„За помалку од две недели, ова е втора градинка во други просторни услови која што ја отвораме во општина Охрид и јас би сакал да се заблагодарам...
Post Views: 6
Невладини организации од Македонија и соседна Албанија заеднички ќе ги зајакнуваат капацитетите за изработување на проекти по стандардите на Европската унија. Овој проект е дел од ИПА програмата на ЕУ за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Албанија. Зоран Илиевски од коалицијата на младински организации-СЕГА вели дека има се помалку капацитет кај институциите за подготвување на квалитетни предлог проекти, и токму тоа е мотив за работилниците кои тие ги организираат како дел од овој проект.
„Овој проект се однесува суштински на давање на поддршка на невладините...
Post Views: 5
Локалната самоуправа ќе го решава горливиот проблем на жителите на улицата „Илија Смически“ во Лескоец.
Оваа улица веќе дваесет години целосно се поплавува при пообилни врнежи. За жал токму такви беа временските прилики изминативе неколку денови. Дел од жителите на оваа улица се обратија до нашата телевизија како би алармирале за проблемот. Ситуацијата беше токму онака како што ја опишаа а ја регистрира нашата камера. Одговор за проблемот кој го имаат жителите на „Илија Смически“, побаравме во локалната самоуправа. Од таму ни рекоа дека веќе неколку дена работат на решавање...