Post Views: 0
По две и пол години активно функционирање под капата на УНИЦЕФ и Цивилниот мировен сервис од Германија, Младинскиот центар од Струга, од денес доби самостојност. Барем до 2015 година, за работењето на центарот ќе се грижи општина Струга. Младинскиот центар, во изминативе две и пол години работеше на унапредување на меѓуетничките односи во мултиетничка Струга.
„Јас сум многу благодарен што градоначалникот Мерко се согласи да ги покрива трошоците на Центарот до 2015 година. Тоа е многу важно, тоа е одговорност на сите лидери, да направат се што можат за заедниците да се...
Post Views: 0
Подобри услови за функционирање и работа на комисиите за односи помеѓу заедниците е само една од целите кон која тежнее Коалицијата за соживот. Денес тие беа во Струга во обид да го слушнат мислењето на граѓаните околу предложените измени на Законот за локална самоуправа. Се работи за предлог измени на членовите 41 и 55 од овој закон, а со кои сметаат дека ќе влијаат кон подобрување на самиот закон.
„Целта на овој настан организиран од Коалицијата за соживот, коалиција во која има дваесет организации предводени од организацијата Институт за развој на заедницата од Тетово,...
Post Views: 1
Невладините организации од Струга се изјаснија против легализирањето на геј браковите, а особено против посвојувањето на деца од родители со исти пол. Едногласно членовите на невладините Езерка, Светлина, Дом за сите, Енхалон, Рурбан Култ од Струга, реагираа и на најавите од одредени невладини организации во земјава за тужба против министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски.
„Ги почитуваме сите традиционални вредности бидејќи сме против сите стереотипи и предрасуди, но ги почитуваме сите вредности и човекови права. Не се мешаме во определбата на тие луѓе,...
Post Views: 5
Почесниот конзул на македонската амбасада на Македонија во Флорида, Дејна Клејн ја посети Струга. На заедничка маса со претставниците од струшката општина разговараа за продлабочување на соработката на Струга и Корал Гејблс од Флорида. Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко вели дека овие два града имаат убава заедничка иднина преку соработки во економијата, културата и други области.
„Денеска ние сме тука со тимот на секторот за Локален економски развој на општина Струга. Ќе им ги предложиме сите можни проекти кои ние ги нудиме на инвеститорите, како домашни, така и...
Post Views: 1
ВМРО-ДПМНЕ од Струга ги сефтоса просториите на новиот општински комитет. Оттаму се огласи претседателот на струшкиот огранок, Перо Петкоски. Тој им порача на стружани дека имињата на улиците нема да бидат променети. Одлуката за промена на имињата на струшките улици ги разбранува духовите на последната седница на советот на општина Струга, но Петкоски дециден дека ВМРО-ДПМНЕ е категорично против било каква промена на имиња на улици, институции, плоштади. Велат законот и статутот на општина Струга се на нивна страна, но доколку таа промена сепак се случи, имаат и резервен...
Post Views: 5
Градовите Струга и Поградец си подадоа рака и заеднички пристапија кон решавање на проблемот околу вработувањето на жените од овој регион. Користејќи ги европските средства од ИПА програмaта на Европската Унија, оваа иницијатива во пракса ја спроведе Локалната агенција за развој од Струга. Катерина Василеска од Локалната агенција за развој вели дека овој проект „Жените преминуваат граници за промени“ ги доведе жените од Струга и Поградец на едно место, со заедничка цел.
„Проектот се имплементираше од Април 2011 до Април 2012 година. Проектот се викаше „Жените преминуваат...
Post Views: 10
26ти Август 1944 година, Караорман, место Рудина. На многу од нас овие неколку податоци не ни значат ништо. Но на храбрите борци од Четвртата албанска ударна бригада им значат многу. Токму на овој датум пред точно 78 години била формирана нивната бригада.
Претседателот на сојузот на борци од Струга, Ајредин Мемеди вели дека ослободителната борба била општонародна и во неа рамо до рамо се бoреле и македонци и албанци и власи и македонци-муслимани и турци.
„При заминувањето на бригадата на Сремскиот фронт, бригадата броеше 501 борец и тоа борци од Струга, Охрид и Дебар,...
Post Views: 11
Од улична анимација до поголема социјална инклузија. Младински организации од 10 европски земји, меѓу кои и домаќинот Македонија, учеа вештини како жонглирање, цртање на лице, а правеа и кловновски точки. На овој начин тие не само што се забавуваа, туку во исто време учеа како да работат со млади, како да едуцираат и работат со локалното население. Некои од овие младински организации како Арт Мрежа од Србија се повеќе посветени кон примена на уметноста, но велат отворени се кон нови хоризонти.
„Ова е можност да се добијат некои нови идеи и методи, и да се сретнат луѓе...
Post Views: 20
Патниот правец Струга-Калишта конечно добива фејслифтинг. Овој пат, досега важеше за еден од патните правци во најлоша возна состојба во Струга. Од рано изутринава, екипите на Македонија пат, започнаа со асфалтирање на оваа делница за која во минатото, мештаните на Калишта често реагираа.
Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко задоволен што конечно по седум години на кормилото на Струга, добил позитивен одговор од Агенцијата за патишта за асфалтирање на оваа делница.
„Ние направивме една добра соработка и оваа соработка еве носи плодови, не само денеска, туку и пред...
Post Views: 14
Дел од олимписките дисциплини од денес пред стружани. Започнува Спортското лето Струга 2012. Овој проект кој го организира и помага Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија годинава се одржува за прв пат, но од таму изразија надеж дека Спортското лето ќе продолжи и во иднина.
„Бевме на повеќе локации неколку пати, но ја избравме Струга. Мислам дека не згрешивме во изборот, бидејќи Струга е спортски град со голема традиција.“-рече директорот на агенцијата за млади и спорт, Лазар Попоски.
„Суштината и идејата е на едно место , граѓаните на Република Македонија...
Post Views: 3
Ќе си земеме за слобода да кажеме дека летната туристичка сезона веќе е во ек. Двата туристички бисери на Охридското езеро, Охрид и Струга се надеваат на одлична сезона. За таа цел, добар дел од плажите на Охридското езеро си добија и свои концесионери, па тие си ги уредиле максимално, ги направиле убави за око. Далеку од убави се за жал оние кои не биле издадени под концесија. Една од плажите кои особено ни го привлече вниманието се наоѓа на струшкото крајбрежје, во близина на Евро хотел.
Расфрлани отпади и ѓубре, смет кој не претставува само естетски проблем туку и...
Post Views: 5
Заврши и четириесеттата седница на советот на општина Струга. Седницата која минатата недела беше прекината, овој пат струшките советници ја истуркаа до крај. Само за потсетување, минатата среда оваа седница заглави на деветтата точка од дневниот ред која се однесуваше на работењето на нелегалните паралелки во струшкото село Подгорци. По обемната дискусија, седницата беше одложена за денес.
Оваа среда пак без никаква дискусија советниците веднаш поминаа на гласање. Со 13 гласа ЗА, 10 ПРОТИВ и еден воздржан беше дадено зелено светло за оваа точка во која се бараше наместо...