Post Views: 5
Локалната самоуправа со реакција на пресот на СДСМ околу изборот на нов директор на охридската гимназија. Од локалната велат дека градоначалникот ја поништил постапката бидејќи не биле испочитувани законските прописи.
Во нивната реакција стои: „Очигледно е дека СДСМ нема ниту намера, а ниту цел да го прифати работење на Општина Охрид и градоначалникот Бакрачески согласно законите и во краен случај, согласно нормалните процедури за работа на менаџер кој треба да раководи со образовна институција каква што е ОСУ”Св.Климент Охридски”. Нивната партиско-политичка...
Post Views: 4
Охридската СДСМ со обвинувања до градоначалникот Никола Бакрачески дека го довел во прашање угледот на гимназијата „Свети Климент Охридски“ со поништувањето на изборот за директор. Од СДСМ велат дека ваквата одлука одговарала на репресивниот стил на владеење на ВМРО-ДПМНЕ. Портпаролот на општинската организација на СДСМ, Александар Кузески рече дека постапката за избор на директор на гимназијата од страна на училишниот одбор била легитимна и дека поради тоа, Бакрачески треба да одговори на нивните прашања.
„Како ќе ја смените волјата на членовите на училишниот одбор,...
Post Views: 14
Револтирани родители на средношколци се жалат од начинот на кој се спроведува бесплатниот превоз за учениците. Велат дека на почетокот од учебната година важеле едни правила, а од пред некоја недела, сосема други. Еден родител кој сакаше да остане анонимен се пожали до Телевизија ТВМ, дека учениците мора да користат точно определени термини за да одат и за да се враќаат од училиште и тоа по еден термин претпладне и еден попладне. Доколку од објективни причини имаат помалку од предвидените часови, тогаш се соочени со изборот или да чекаат на минусни температури, или...
Post Views: 11
194 регистрирани лица заболени од ХИВ СИДА во Република Македонија од почетокот на епидемијата од 1987та година па се до денес. Од оваа бројка, 143 лица се болни од СИДА, а 51 лице инфицирани од вирусот. Страшните бројки говорат и за 71 починато лице од оваа болест. За жал, само во оваа 2013та година биле регистрирани 25 нови случаи на ХИВ СИДА во државава.
„Во Охрид од 1987 година до денес се регистрирани седум лица како СИДА, од кои шест се заболени од СИДА и починати, а во 2013 година, во последниов период имаме регистрирано едно ХИВ позитивно лице, машка личност,...
Post Views: 1
Охриѓани денес ја засадија својата здрава иднина. Поголем број на граѓани, претставници од јавни претпријатија, професори и ученици денес го збогатија и облагородија местото викано „Мазатар“ во Горно Лакочереј, во непосредна близина на прекрасниот манастир „Свети Спас“.
„Денеска садиме на местото кај манастирот „Свети Спас“ на површина од околу 3 хектари со садници од кедар и албиција. Овие услови се добри моментално, одговараат, има влага, не е проблем никаков за прифаќање на садниците.“-вели Зоран Жилески од ЈП „Македонски шуми“.
На „Мазатар“ садеше и државниот секретар...
Post Views: 2
Охридската СДСМ со обвинувања до локалната самоуправа дека по преземањето на власта не направила никакви зафати во образованието. Според Оливија Пирузева-Јанева, изјавите на градоначалникот Бакрачески дека состојбите во образованието претходно биле катастрофални била нехумана и некоректна кон образовниот кадар. Таа го запраша Бакрачески според кои критериуми била извршена промената на претходните директори како и дел од наставниот кадар.
„Дали решавајќи ја животната судбина на сите шеесетина наставници, жртви на политичката борба, се реши невработеноста во општината?...
Post Views: 4
Културно информативниот центар „Култура 365“ со подарок книга ќе ги мотивира охриѓани да читаат повеќе. Од денес започна акцијата насловена како „Недела на книгата“ во која на секој нивни посетител ќе му подаруваат по една книга. Оваа недела, на подарок ќе го добиваат романот на охридскиот писател Мише Јузмески, „Премин во маглата“, роман кој веќе го доживеа своето второ издание во земјава, а е преведувано и на други јазици.
Книга подарок читателите можат да добијат и доколку контактираат со културно информативниот центар на нивната и-мејл адреса itvo@t-home.mk. „Култура...
Post Views: 1
Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот се вклучи во проектот на УСАИД за поддршка на мали бизниси од областа на туризмот. Тие потпишаа меморандум за соработка со директорот на проектот Карл Ларкинс. Целта на оваа соработка е македонските туристички агенции да создадат нови туристички производи кои понатаму ќе ги пласираат на меѓународниот пазар. Во рамките на оваа соработка, стопанствениците од туристичкиот сектор ќе имаат и обука за креирање на производ кој би го пласирале во меѓународната асоцијација за алтернативен туризам. Со проектот се опфатени токму специфичните...
Post Views: 1
Младите охриѓани се запознаваа со можностите и поволностите за започнување на сопствен бизнис. Денешната обука која ја спроведуваше фондацијата „Бизнис Старт Ап Центар“ од Битола, заедно со Секторот за туризам и локален економски развој од Охрид и Агенцијата за вработување произлегла како резултат на реалните потреби на младите од Охрид за нивно самовработување и отпочнување на некој бизнис.
„Бизнис Старт Ап Центарот“ од Битола е фондацијата која во рамките на оваа обука им нуди реална поддршка на микро и малите претпријатија. Од битолската фондација велат дека најнапред...
Post Views: 0
Локалната самоуправа ја подготвува програмата за и околу новогодишните празници. Со креирање на побогата програма, со креирање на подобра понуда, сметаат дека во голема мера можат да ја продолжат туристичката сезона во Охрид. Градоначалникот Никола Бакрачески вели дека програмата која тие ќе ја подготват нема да биде само за 31 Декември, туку ќе настојуваат да обезбедат туристичка понуда еден до два дена пред и еден до два дена од новата година. Потенцира дека секторот за туризам и локален економски развој активно работи на утврдување на агендата, а побара и активна...
Post Views: 6
Претставниците на месните заедници од руралните средини, претставници од секторот за ТЛЕР, бизнис и невладиниот сектор, денес ги утврдуваа развојните приоритети за руралните средини.
Заеднички заклучок е дека без да бидат утврдени поединечните и заеднички развојни приоритети во овие подрачја, руралниот развој нема да може да се случи. Од инфраструктура, туризам и локален економски развој, здравство и социјала, земјоделство и сточарство. Ова се неколку од подрачјата во кои биле идентификувани предностите и слабостите, но претставниците од месните заедници најмногу реагираа...
Post Views: 0
Повеќе од триста и седумдесет барања за продолжување на правото на социјална парична помош пристигнати во Центарот за социјални работи во Охрид. На крајот од месецов истекува законскиот рок за годишна обнова на документацијата на корисниците на право на социјална парична помош. Од центарот за социјални работи велат дека со цел да им се излезе во пресрет на корисниците на социјална помош, оваа обнова на документацијата со последните законски измени е доста поедноставена, пред се во обемот на документација која корисниците треба да ја носат со себе.
„По новиов систем...