Автор: Мишел Наумоски

spasuvanje voda

Eзерската и граничната полиција подготвени за спасување на вода

Post Views: 0 Припадниците на граничната и езерската полиција од Охрид одлично се покажаа во спасување на вода. Денес тие демонстрираа дел од стекнатите вештини во тридневната обука која инструкторите од операцијата „Флоријан“ и Црвениот крст од Охрид ја спроведуваа токму за нашите полициски службеници. Тие успешно извлекоа давеник од водите на Охридското езеро, третираа отворени рани, даваа вештачко дишење на бебе. Сето ова беше дел од нивната денешна демонстрација која се случуваше на малото пристаниште спроти хотелот Палас. „Оваа обука значително ќе придонесе во професионалното,...

Continue reading

donatorska

Лајонс клубовите донираа на ранливите категории

Post Views: 4 Лајонс клубот „Десарети“ од Охрид ја организираше традиционалната донаторска акција во месец јуни. Оваа акција велат дека ќе продолжи и во наредните години. Особено се задоволни бидејќи во оваа нивна акција добиваат поддршка и од останатите лајонс клубови и хуманитарни организации од градов. Благодарност добија и од Црвениот крст од Охрид преку кои се спроведе оваа акција. „Оваа акција секогаш ни е поддржана од сите други лајонс клубови, лајонс клуб „Лихнидос“, „Охрид“, „Деница“ и „Ротари“ клубот. Собраните донаторски средства оваа година одлучивме да ги дадеме во вид...

Continue reading

sovetuvaliste

Охридските доктори прво сами ќе се откажуваат од пушење, а потоа ќе помагаат на пациентите

Post Views: 11 Докторите и медицинскиот персонал од Охрид први ќе се откажуваат од пушењето во новоотвореното советувалиште за откажување од пушење. Високиот процент на пушачи во категоријата здравствени работници ќе се намалува во она што се нарекува прва фаза од функционирањето на советувалиштето за откажување од пушење. Во втората фаза, откако ќе се справат со сопствената зависност, здравствените работници ќе се обидат да им помогнат на нивните пациенти да го сторат истото. Ова советувалиште ќе функционира во рамките на Центарот за јавно здравје од Охрид, а е дел од поголемата...

Continue reading

creshi

Прво издание на „Црешнобер“

Post Views: 1 Најубавите цреши од Требеништа, најубавата староградска музика и најубавите ликовни дела од ликовната колонија во Белчишта, на едно место. За прв пат одржана манифестацијата „Црешнобер“ во селото Требеништа, општина Дебрца. Локалната самоуправа од Дебрца, смета дека токму преку ваквите манифестации присутните ќе можат да се запознаат со значењето на традицијата на ова поднебје, со продуктите кои се негуваат, со песните и ората кои од колено на колено се пренесувани. Основната цел на оваа манифестација, според локалната самоуправа од Дебрца е да се промовира црешата како...

Continue reading

socijalni grizi

Бесплатен летен одмор за децата од охридските семејства во социјален ризик

Post Views: 7 И годинава бесплатно летување за дечињата од охридските семејства со социјален ризик. Проектот на Министерството за труд и социјална политика предвидува ова право да го искористат децата чии родители се корисници на социјална парична помош, постојана парична помош, детски додаток, посебен додаток како и деца без родители и родителска грижа. Годинава опфатени се децата родени во периодот од 1999 до 2003та година, односно оние кои во моментот посетуваат настава од петто до осмо одделение. „Аплицирањето за користење на ова право се врши во Центарот за социјална работа,...

Continue reading

tura velosipedi

Јубилејна петнаесетта манифестација за Денот на Охридското Езеро

Post Views: 3 15 годишнина од одбележувањето на 21 Јуни, Денот на Охридското Езеро. Уште од  2000та година, овој ден се одбележува со посебна манифестација во еден од трите града кои лежат на Охридското Езеро, Охрид, Струга и албанскиот Поградец. Годинава, токму Поградец е домаќин на одбележувањето на Денот на Охридското Езеро. За посетителите од крајезерските градови, домаќините организираа саем на традиционални производи, културни и спортски манифестации. Во агендата е поместено и свечено отворање на два хотелски капацитети. Од Охрид, на настанот во Поградец ќе учествува заменик-градоначалникот...

Continue reading

genious olympiad

Младиот охриѓанец Зекир Ајруш бронзен на олимпијадата за екологија во Њу Јорк

Post Views: 3 Младиот, 16 годишен Зекир Ајруш се врати со бронзен медал од престижната интернационална олимпијада за екологија која се одржа во Њу Јорк, САД. Зекир, бронзениот медал го освои  претставувајќи го својот проект – фотографија на која го прикажува сметот кој го крие езерото, како и човековите обиди да го сокријат тоа наместо да се справат соодветно со отпадот. На фотографијата е претставено и дете кое ја открива тајната која возрасните сакаат да ја сокријат. Главна идеја на младиот генијалец Зекир, е да покаже дека проблемите не се решаваат со нивно прикривање. Пред...

Continue reading

aplikacija

Студентска апликација за сексуална едукација

Post Views: 4 Талентираните студенти од универзитетот за информатички науки и технологии „Свети апостол Павле“ денес ги презентираа апликациите кои ги изработија за кампањата на компанијата „Дурекс“ за сексуална едукација на младите. Мерсиха Исмаиловска, координатор на натпреварот од универзитетот „Свети Апостол Павле“ за изработка на овие апликации вели дека како задача на тимовите им поставиле да изработат апликација која ќе се состои од квиз со 30 прашања, сексуален и менструален календар со бројни информации од областа на сексуалното здравје. „Тимовите како што видовте денес завршиле...

Continue reading

ohrid

Охрид, Галичица и манастирот „Свети Наум“ дел од холандско патеписно шоу

Post Views: 0 Охрид уште еднаш главна ѕвезда за Холанѓаните. Холандското патувачко шоу Channel 3 travels кое се емитува на третиот канал на националната холандска телевизија снима документарна емисија за убавините на Македонија, во која секако се застапени Охрид, Галичица и манастирскиот комплекс во Свети Наум. Тв екипата од Холандија веќе започна со снимање на знаменитостите и тоа на повеќе локации. Покрај убавините на нашиот град, Channel 3 travels ќе дел од емисијата ќе посвети на старите занаети во скопската чаршија, тврдината Кале, Даут пашиниот амам, спомен куќата на Мајка Тереза,...

Continue reading

mural

Уличната уметност пристигна и во Охрид

Post Views: 6 Охрид обземен од уличната уметност. Благодарение на двајцата уметници од Бугарија Николај Божинов и Викторија Георгиева, нашиот град стана дел од нивниот балкански караван за сликање на мурали. Своето дело тие го насликаа на еден од ѕидовите од Центарот за култура „Григор Прличев“. Велат дека се среќни што имаат можност да насликаат една ваква творба токму во нашиот град и благодарни на Центарот за културен проток Артерија од Охрид на чија покана гостуваат во градов. „На почеток најтешко ни беше да ја направиме композицијата по скица и да ја префрлиме на ѕидот во поинаква...

Continue reading

torta kolibri

Роденденска торта, прекрасен јубилеј и хуманост

Post Views: 0 Конфети, роденденска торта, музика и хуманост. Кошаркарскиот клуб „Колибри“ од Охрид, денес го прослави својот десетти роденден. Во свечена атмосфера, во салата „Тодор Александров“ во Велгошти, тие организираа кошаркарски турнир наменет за активните членови на клубот. „Денес го славиме нашиот јубилеј, десет години од нашето постоење. К.К Колибри како школа почна пред десет години на отворените терени на Ј.П „Билјанини извори“. Имавме богата историја позади нас, многу дечиња поминаа низ нашата школа и стигнавме еве до денешниов ден. Симболично со турнир само за нашите...

Continue reading

parking

Паркинзите на „Кеј Маршал-Тито“ лична сопственост или закуп?

Post Views: 3 Поставеното вертикално обележување на дел од паркинзите на „Кеј Маршал-Тито“ ги доведе во забуна граѓаните на Охрид. Дел од нив реагираа до Телевизија ТВМ прашувајќи како може сопствениците на угостителските објекти да ги користат овие паркинзи притоа обележувајќи ги со вертикална сигнализација како нивна сопственост. Со цел да одговориме на овие прашања го контактиравме директорот на ЈП „Билјанини извори“, Ристе Мишев. Тој ни рече дека овие паркинзи кои тие ги добиле со одлука на совет уште на 5ти Декември 2013та година на барање на угостителите кои гравитираат на оваа...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top