Автор: Мишел Наумоски

reka

Ќе се анализира загадувањето кое го предизвикуваат реките Сатеска, Велгошка и Коселска

Post Views: 13 Реките Коселска, Сатеска и Велгошка идентификувани како системски загадувачи на Охридското Езеро. Главната причина според еколошкото друштво „Грашница“ се пестицидите и вештачките ѓубрива кои земјоделците по течението на овие реки ги користат. Екологистите од „Грашница“ заедно со „Гаус институт“-Фондација за нови технологии како и Институтот за еколошки политики од Тирана ќе го следат загадувањето токму од овие три реки, но и реките од албанска страна кои се вливаат во Охридското Езеро. Воедно, во рамките на проектот „Инцијатива за одговорно планирање и управување со...

Continue reading

abas emin

Дали ќе дојде крајот на комуналните проблеми на улицата „Абас Емин“?

Post Views: 15 Дали конечно ќе се најде решение за комуналниот проблем наречен улица „Абас Емин“ ? Оваа високофреквентна улица години наназад била дел од програмите на општина Охрид, но досега истата добиваше само крпење на ударните дупки и чести поправки на проблематичните канализациони мрежи.  Вистинска и целосна реконструкција на истата, барем до овој момент на „Абас Емин“ се нема случено. Запрашавме дел од жителите на оваа улица што мислат за нејзината состојба и кои според нив се клучните и најважни проблеми со кои секојдневно се соочуваат. „Треба да се направи улицава. Потребна...

Continue reading

soobrakajna studija

Дури и да се избере изработувач, во 2015та најверојатно Охрид нема да добие сообраќајна студија

Post Views: 1 Ќе добијат ли охриѓани конечно сообраќајна студија за режимот на одвивање на сообраќајот? Нацрт развојната програма за одржување и заштита на локални патишта и улици и регулирање на режим на сообраќај за 2015та година ја содржи ставката за изработка на сообраќајна студија, но прашањето е дали истата конечно ќе се реализира. А изработка на студијата беше најавено и за минатата година, кога во рамките на општинскиот буџет беа предвидени и средства во висина од 1.5 милиони денари, но откако пропаднаа и двата јавни повици за фирми изработувачи на студијата, со ребалансот...

Continue reading

futsal

Футсал екипата од ОУ „Христо Узунов“ прва на регионалниот натпревар во Кичево

Post Views: 7 Футсал екипата од охридското основно училиште „Христо Узунов“ убедлив победник на регионалниот натпревар во Кичево. Со три последователни победи и фантастична гол разлика од 19 дадени и само 4 примени гола, екипата од нашето основно училиште заврши како првопласирана на овој регионален натпревар. Со тоа, тие автоматски изборија учество на републичкото натпреварување. На натпреварувањето, како најдобар стрелец беше прогласен Александар Ѓорѓиоски со постигнати 8 погодоци. Инаку регионалното натпреварување се одигра во спортската сала „Христо Узунов“ во Кичево. {loadposition...

Continue reading

kukjarki plostad

Каква ќе е судбината на дрвените унифицирани куќарки, кои минатата година беа поставени околу лизгалиштето?

Post Views: 4 Досега сеуште нема никаква информација за шесте унифицирани куќарки кои минатата година беа поставени на големиот градски плоштад околу лизгалиштето. На нив минатата година се продаваа суверини, греено вино и слатки. Годинава нив сеуште ги нема на градскиот плоштад. Засега барем четири од шесте куќарки се наоѓаат на градските гробишта каде служат за продавање на цвеќе и свеќи. Денес побаравме информација од локалната самоуправа за тоа дали овие куќарки повторно  ќе бидат поставени на истата локација како минатата година, или на некоја друга, што ќе се продава на нив...

Continue reading

tezgi

Нови новогодишни тезги, стари проблеми

Post Views: 1 Наместо наредени од двете страни на малиот плоштад кај Чинарот, годинава, новогодишните тезги на малку поразлична локација, поставени околу градската фонтана.  Неколкуте тезги со години наназад со својот неугледен изглед им бодат очи и на охриѓани и на туристите кои доаѓаат тука за новогодишните и божиќните празници. Откако минатата недела беа поставени овие тезги, не стивнуваа реакциите на граѓаните околу нивниот изглед. Еве што кажаа охриѓани: „Треба тоа да се продава, да си има убави куќарки, сите да се исти, а не вака.“ „Нема тезги, кога имаше пари имаше и тезги,...

Continue reading

damboj iznenering

Квалитетот, тајна за успехот на градежната компанија Дамбој инженеринг

Post Views: 53 Добар архитектонски план, употреба на најквалитетни материјали, современа технологија и пред се поволни цени. Ова според Благоја Карадакоски, косопственик на градежната фирма Дамбој инженеринг се препознатливите карактеристики кои со години ги чуваат во врвот на оваа индустрија. Карадакоски смета дека Охрид, како туристичка дестинација има одлични локации за градба, но дека самото тоа прави за повисока цена на становите. Побарувачката вели дека ја има, но дека најголемиот дел од заинтересираните сепак доаѓаат од другите градови од земјава. А оние што ги купуваат нивните...

Continue reading

somelier

Секој угостителски објект кој служи вино треба да има сомелиер

Post Views: 1 Угостителите од градов и малите винарии учат како подобро да го презентираат виното, да го разберат виното, од каде потекнува, кои сорти се соодветни за нашата земја, како подобро да го продадат но и да го спојат со храната која ја нудат на своите гости. Денес и утре Организацијата за индустриски развој на Обединетите нации заедно со тренинг центарот на винаријата Камник организираат обука за лозарство и енологија во градов. Според Ана Амбаркова, консултант за развој на кластери при оваа организација, смета дека со ваквата обука ќе се влијае на развивање и подобрување...

Continue reading

vodi

Алармантно нивото на загаденост на Охридското езеро кај Андон Дуков и женска плажа во Струга

Post Views: 19 Водата кај плажите Андон Дуков и Женска плажа во Струга со алармантен степен на загаденост. Црвеното светло го уклучија последните испитувања кои ги спровеле екипите од Центарот за јавно здравје од Охрид кои покажале дека водата кај овие две плажи е од најниска можна, односно петта класа, опасна и по здравјето на луѓето. Д-р Лидија Симоноска, специјалист за хигиена и здравствена екологија при Центарот за јавно здравје од Охрид вели дека според Уредбата за класификација на води, за петта класа се смета водата која во себе содржи над 500 термотолерантни бактерии, односно...

Continue reading

ohrid reportazi

Делегација кинески новинари прво ќе се запознава, а потоа ќе пишува за убавините на Охрид

Post Views: 1 Промотивни репортажи за Охрид ќе подготвува групата новинари од НР Кина која утрово пристигна во градов. Тие велат дека се воодушевени од убавината на езерото и богатото културно-историско наследство на Охрид. Сметаат дека она што ќе го претстават во нивните медиуми кога ќе се вратат во Кина, ќе предизвика голем интерес кај граѓаните на оваа азиска земја. Според Рен Раи, уредник на најтиражниот весник од провинцијата Чунгчинг, оваа нивна посета ќе претставува еден мост во идната соработка помеѓу двете земји. „Целта на нашата посета е на кинеските читатели, преку медиумите...

Continue reading

vestacka treva

Првите топки се растркалаа на новото фудбалско игралиште со вештачка трева

Post Views: 0 Првите топки се растркалаа на новото фудбалско игралиште со вештачка трева. Денес во рамките на свечената програма по повод големиот празник „Свети Климент Охридски“-Патрон на градот, официјално беше отворено најавуваното фудбалско игралиште. Градоначалникот Никола Бакрачески вели дека реализацијата на овој проект ќе даде нов импулс во развојот на спортот во Охрид. „Се надевам дека овој терен на вештачка трева кој што е изграден по највисоките стандарди на УЕФА, коишто воедно се и донатори на вештачката трева, дека ќе биде одлична можност за сите оние фудбалски друштва...

Continue reading

foto klub

Изложба на Фото клуб-Охрид

Post Views: 1 Одржана изложба на Фото клубот -Охрид. Вчера во просториите на Робевци се одржа 16-та по ред изложба на фото клубот. Со прекрасни фотографии во црно-бела техника, беа претставени охридските улици. Љубителите на фотографијата имаа можност да погледнат од блиску што се случува на охридските улици и истите да ги доживеат. Претседателот на Фото клуб-Охрид д-р Лазар Коњановски вели дека изложбата е подготвена со многу љубов и амбиција од страна на авторите. “Сакавме охриѓани да го почувствуваат од аголот, од кој ние го гледаме и да ви кажам многу од посетителите, сега...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top