Post Views: 1
„Свињарот“, детската претстава за двете страни на љубовта, онаа убавата, и онаа со несреќен крај, прва премиера во годинешната театарска сезона на Охридскиот народен театар. Режисерот на оваа претстава, Ѓорѓи Ризески вели дека со претставата се обидуваат да им прикажат на децата два света, оној од бајките и светот во реалноста. Според него, љубовта е најсилното нешто на светот, но не секогаш има среќен крај.
„Ова ќе биде една едукативна претстава за децата која ќе им даде до знаење каква е всушност љубовта во светот на возрасните, дека за да се случи љубовта, треба да...
Post Views: 1
51 годишен охриѓанец и нанесол тешки телесни повреди на својата ќерка во семејниот дом во Охрид. Жртвата, по нападот, била згрижена во специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“. Полицијата која констатирала алкохолизираност кај напаѓачот истиот го привела и лишила од слобода. Воедно против него била поднесена кривична пријава за нанесување на тешка телесна повреда, а му била одредена и мерка притвор во траење од осум дена.
Свежи се сеќавањата на охриѓани на случајот со семејно насилство кој беше регистриран само 15тина дена порано, по што од СВР-Охрид...
Post Views: 9
22.400 денари и околу 5000 денари во храна е се што охриѓани донираа на големиот хуманитарен концерт за помош на поплавените подрачја во Македонија кој синоќа се случи во Центарот за култура „Григор Прличев“. Дарко Мојсоски, еден од организаторите вели дека се разочарани од собраните средства и дека очекувале многу повеќе со оглед на целта на концертот, како и на звучните имиња кои настапиле. Очекувале да соберат барем 60000 илјади денари од карти и уште 20ина илјади во донации. Мојсоски додава дека сеуште не ја знаат точната донација од локалните фирми. Инаку денес...
Post Views: 4
Приемно одделение, одделение за пост-оперативна нега, и карантин за кучиња. Ова е само дел од замислата и проектот на здружението за заштита на животни од Охрид, „Анималиа“ за тоа како треба да изгледа прифатилиштето за кучиња кое е се поизвесно дека ќе се изгради кај месноста „Мауцкер“. По барањето на локалната, од здружението, во рок од два дена го изработиле елаборатот во кој се предвидени приоритетните зафати за реконструкција и надоградба на дел од поранешните просториите на војската. Како еден од најголемите приоритети, според Димитар Ставрески од „Анималиа“ е...
Post Views: 0
Драстично зголемен бројот на пациенти во изминативе две недели кои се јавиле кај своите матични лекари дали со симптоми на настинка или пак со посериозна клиничка слика на грип . Зголемување на бројките бележат и во Центарот за јавно здравје од Охрид каде само до минатата недела биле регистрирани 100 случаи на грип споредено со претходниот период кога се бележеле по само 5 -6 случаи. Д-р Јованка Стурлакова-Коровешоска, епидемиолог при Центарот за јавно здравје, вели дека на најголемиот број од пациентите кои пристигнале со симтоми на грип им била дадена антивирусна терапија...
Post Views: 16
Со песни, игри, прекрасна ликовна изложба, литературни творби и драмски изведби, учениците на ОУ „Григор Прличев“ му оддадоа почит на својот патрон, најголемиот охридски поет, Григор Прличев. Полната сала во Центарот за култура беше претесна за да ги собере родителите и роднините на младите ученици кои со своето залагање достојно го износија името на својот патрон. Директорката на ОУ „Григор Прличев“, Силвија Мојсоска вели дека иако е товар да се носи името на најголемиот охридски поет, залагањето на учениците, професорите заедно со родителите, прават тој товар да е...
Post Views: 1
Претставници од банкарскиот сектор, градежништвото, индустријата за преработка на храна, туризмот, како и локалната самоуправа, на денешниот седми по ред состанок на градските татковци дискутираа за подобрување на соработката и комуникацијата помеѓу бизнис субјектите од градов. Целта според градоналникот, Никола Бакрачески е креирање на адекватни решенија за унапредување на бизнис климата во Охрид. На изминатите седум состаноци, според градоначалникот Бакрачески се креирале предлози од кои локалната црпела идеи за развој на охридската економија.
„Претставува една структура...
Post Views: 20
Охриѓанецот Славе Банар годинашен лауреат, добитник на наградата за најдобра поема „Григор Прличев“. Поемата „Амбар“ едногласно избрана за најдобра поема за 2014та година помеѓу петнаесет други пристигнати поеми.
Лауреатот, Славе Банар вели дели дека тој само чекорел по стапките на Прличев кои ги следел целиот свој живот.
„Се чувствувам малку повластено, се чувствувам по малку на некој начин благословено што успеав да продолжам во еден од најтешките жанрови, поемата која досега е ненадмината после Прличев и навистина не само што ми беше среќен моментот на добивањето...
Post Views: 2
Студенчишкото Блато-природна заштита од поплави и други природни непогоди. Покрај неговата уникатност со бројните примероци од флора и фауна голем дел од кои се и ендемски видови, како и неговата функција на филтрирање на езерото, Студенчишкото Блато воедно помага и во одбрана на градот и езерото од поплави, кои деновиве се и тоа како актуелни.
Денес на светскиот ден на мочуришните предели, Дејан Пановски од Билатералниот секретаријат потсети на значењето на овој значаен еко-систем.
„Студенчишкото Блато покрај тоа што е живеалиште на поголем број примероци, некои ендемски...
Post Views: 11
Постепено нормализирање на ситуацијата во домовите и дворовите на граѓаните кои во текот на вчерашниот ден беа поплавени поради обилните врнежи. Градоначалникот Никола Бакрачески, заедно со секретарот на општината Димитар Спасески и стручни служби, вчера и денес претпладне ги посетија најпогодените населби Даљан и Воска. Најкритична ситуацијата на улиците „Дејан Војвода“, „Ариф Мустафа“ и „Сатеска“.
„Градоначалникот Бакрачески им наложи на стручните служби да обезбедат поголем број на пумпи со кои ќе се одведува водата од поплавените простори, дворови или домови на...
Post Views: 1
Новиот директор на охридската гимназија, Звонко Трпески, со известување до учениците дека во понеделник треба да дојдат на редовна настава. Директорот Трпески, кој на функцијата беше назначен вчера попладне, за најавите за штрајк во гимназијата вели дека сеуште не добил никаква потврда од професорите кои велат дека ќе штрајкуваат во понеделник.
„До мене како директор на охридската гимназија, не е пристигната никаква лична изјава од никој колега или професор што е законска обврска во врска со најавениот штрајк, односно прекин на наставниот процес. Од тие причини ги известувам...
Post Views: 1
Од понеделник во охридската гимназија ќе штрајкуваат професорите кои ја поддржаа одлуката на СОНК за штрајк во образованието, вели Ристо Николески, член на штрајкувачкиот одбор на синдикалната организација при гимназијата „Св.Климент Охридски“. Професорот Николески, кој денес беше надвор од градот, во телефонски разговор за ТВМ открива дека тие законската процедура за пријавување на штрајкот ја испочитувале со носење на одлука на одборот за стапување во штрајк. Додава дека одлуката вчера, пред назначувањето на новиот директор била доставена и потпишана од досегашниот...