Post Views: 5
Наградата „НЕТА“ на 23то издание на фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ доделена на актерите од Охридскиот народен театар, Горан Стојаноски, Јасмина Билаловиќ и Ирена Ристиќ. Оваа награда, актерите од нашиот театар ја добија за претставата „Стари времиња“ од Харолд Пинтер, а во режија на Нела Витошевиќ.Театарската мрежа „НЕТА“ го доделува ова високо признание за оригинална актерска интерпретација на претставата. Со оваа претстава, актерското трио на Охридскиот народен театар премиерно се претстави во рамки на годинешното 55то издание на фестивалот „Охридско ...
Post Views: 1
Заинтересираните студенти можат да конкурираат за слободни места на петте факултети на следниве студиски програми: компјутерски науки и инженерство на три годишни студии 12 редовни во државна квота, 8 редовни со кофинансирање и 8 вонредни студенти, додека на четиригодишни студии седум слободни места кај редовните студенти со кофинансирање и 11 слободни места за вонредни студенти.
На насоката комуникациски мрежи и безбедност на тригодишни студии 15 места во државна, 8 со кофинансирање и 8 места за вонредни студенти, додека на четиригодишните студии по 12 слободни места...
Post Views: 2
ТВМ дознава дека досегашниот уметнички директор, реномираниот актер со долгогодишно искуство, Горан Стојаноски, веќе нема да ја извршува досегашната функција.
Во телефонски разговор, Стојаноски не информираше дека во овој момент тој работи единствено како актер во Охридскиот народен театар, и дека за сите информации поврзани со настапи на театарот, репертоар на претстави, во иднина треба да се обраќаме до директорката на Центарот за култура „Григор Прличев“, Драгана Боцеска. Боцеска пак не одрекува дека можно е да дојде до кадровски промени на функцијата уметнички директор...
Post Views: 0
Прва официјална средба на градоначалникот Никола Бакрачески со неговиот колега од грчкиот град Воден, Јану Димитриос. Во рамките на посетата, градоначалникот Бакрачески присуствувал и на официјалната презентација на проектот „Вотернет“ кој го спроведуваат Факултетот за туризам и угостителство од Охрид и Универзитетот „Аристотел“ од Солун, чиј бенефит, општина Охрид го почувствува добивајќи ги средствата со кои се изградија 200 метри од пешачката патека кај „Студенчишта“. На средбата, градоначалникот Бакрачески истакнал дека примарна цел за локалната е добивање на срества...
Post Views: 2
Вистински времеплов за охриѓани подготвува познатиот вокално-инструментален состав Езгија трио. Тие, заедно со познатиот кларинетист Ацо Тасески ќе одржат „Вечер на чалгиска музика“ во која охриѓани ќе добијат ретка прилика да уживаат во звуците на оваа традиционална македонска, но уште повеќе и охридска музика. Според организаторот на настанот, Ѓоко Алоски, ова е одлична можност постарите охриѓани да се потсетат, а младите да ги чујат можеби за прв пат звуците кои некогаш се слушале од секоја охридска куќа.
„Ова трио е специфичен состав не само поради инструментите...
Post Views: 22
„Меснава заедница од Горно Лакочереј од локалната самоуправа побаравме тампон, во моментот кога се ископуваше улицава „Питу Гули“, од таму ни се донесоа 7-8 камиони тампон, тампонот го побаравме за пополнување, крпење на дупките што се ископани на стариот пат.Можеби овој тампон ќе биде малку за утрешниот. Ние за утре имаме закажано една акција во која ќе учествуваат најмалку 30ина трактори, наша ровокопач машина за товарање ќе дојде. Се направило едно недоразбирање помеѓу луѓето што го носеле тампонот со камиони, нив им беше кажано да се истовари Лакочереј кај мостот,...
Post Views: 2
Со отрезнувачката порака „Вози трезен, стигни жив“, денес општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата ја спроведуваше републичката кампања со ист наслов, а насочена кон подигнување на јавната свест за последиците од управувањето со моторни возила под дејство на алкохол. Според претседателот на општинскиот совет за безбедност на патиштата, Стефан Димоски, ваквите кампањи се еден начин како едукативно да се влијае кај сите учесници во сообраќајот со цел елиминирање на можностите за сообраќајни незгоди.
„Целта на оваа кампања е да се подигне нивото на...
Post Views: 8
Општинската организација на СДСМ Охрид со обвинувања до локалната дека градежниот шут од реконструираната улица „Питу Гули“ завршил врз главниот извор од кој Долно Лакочереј се снабдува со вода за пиење. Од таму додаваат дека добар дел од шутот бил депониран и долж речното корито на Коселска река која поминува низ ова населено место. Од СДСМ велат дека на повидок е еколошка катастрофа, а градоначалникот Бакрачески молчи.
„Зошто молчи Бакрачески? Дали можеби затоа што овие купишта шут се од реконструкцијата на улицата Питу Гули? Дали жителите на Лакочереј се должни да...
Post Views: 1
Презентирана ревидираната верзија на планот за управување со националниот парк „Галичица“ и стратегиската оценка за влијанието врз животната средина со направените измени.
Денес во просториите на дирекцијата на националниот парк, екологисти, експерти од областа на биологијата, екологијата и животната средина, граѓани ги слушнаа предлозите, забелешките и препораките во однос на промената на зоните на заштита во националниот парк „Галичица“. Овие промени кои се прават поради предвидените владини проекти за изградба на ски центар на Галичица, експресен пат од Охрид до...
Post Views: 8
45 студенти од втората генерација на универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ денес ги добија своите дипломи. Доделувањето на дипломите беше навистина посебно доживување и за првиот воопшто магистрант на овој универзитет, м-р Љупчо Балески кој магистрирал на студиите за информатички науки и технологии. Денешната свечена церемонија на доделување на дипломите воедно претставуваше и топло добредојде за новозапишаните студенти кои ги поздрави и заменик-министерот за образование, Спиро Ристовски. Според ректорот на универзитетот, Нинослав Марина,...
Post Views: 5
Фондот за иновации и технолошки развој со нов јавен повик за сите што имаат добри, иновативни идеи, а немале финансиска можност да ги реализираат. 1 милион и седумстотини илјади евра во вкупно три програми на фондот ќе треба да ја дадат иницијалната каписла, на сите оние иновативни идеи кои досега не успеале да излезат како реален производ на пазарот. Денес во просториите на општината Фондот одржа еден вид работилница со цел да се подготват сите заинтересирани за процесот на аплицирање на следниот јавен повк за иновации кој ќе биде објавен. Креативните луѓе ќе имаат...
Post Views: 0
Со овие сега веќе антологиски зборови, на денешен ден пред 24 години, првиот претседател на Република Македонија, Киро Глигоров и официјално ги удри темелите на новата република на Балканот која тогаш по мирен пат ја напушти Југословенската федерација и стана самостојна и суверена држава. Република Македонија од тогаш доживеа и трговско ембарго, се соочи со сериозна бегалска криза , доживеа вооружен конфликт во 2001та и промена на дотогашниот устав. На листата на државни аспирации сеуште прво место зафаќаат оние за влез во Европската Унија и во НАТО алијансата, но и...