24 години независност, каде е Македонија после сите економски, политички и воени кризи?

Македонија прославува 24 години независна, суверена и самостојна држава.

 |  Мишел Наумоски  | 
nezavisnost

Со овие сега веќе антологиски зборови, на денешен ден пред 24 години, првиот претседател на Република Македонија, Киро Глигоров и официјално ги удри темелите на новата република на Балканот која тогаш по мирен пат ја напушти Југословенската федерација и стана самостојна и суверена држава. Република Македонија од тогаш доживеа и трговско ембарго, се соочи со сериозна бегалска криза , доживеа вооружен конфликт во 2001та и промена на дотогашниот устав. На листата на државни аспирации сеуште прво место зафаќаат оние за влез во Европската Унија и во НАТО алијансата, но и по 24 години независност, Македонија сеуште чека пред нивните порти. Ги запрашавме граѓаните каде според нив успеа да стигне Република Македонија за сите овие години.

8 septemvri 1991„Овие години напредуваше земјата.“

„Напредувавме, фала богу. Се живее подобро и слободно.“

„За овие 24 години ние многу напред отидовме реално. Тогашното време не беше баш, сега се гледа дека е се поразвиено, понапред оди, и подобро за живот, за се.“

„Се кренавме погоре, не сме подолу, напред ќе оди.“

„Досега земјава има дојдено на врвот, најдобро нешто што и се има случено на Македонија. Се надеваме дека и подобро ќе дојде.“

„Нормално за сиве овие години се стабилизира земјата и си оди по нормален пат како самостојна држава.“

„Многу напредувавме. Поголема слобода од сега немало, иако многу викаат дека нема слобода. Сме напреднале доста. Уште треба да се прави, ама има време.“-рекоа дел од граѓаните.

24 godini nezavisnostИ додека кај дел од граѓаните владее ваквиот впечаток, Македонија континуирано во текот на годините добива предупредувања од меѓународните организации за прекршување на човековите права и слободи, за нарушувања на слободата на медиумите, за партизираност на општеството и институциите. Во меѓувреме, сите наши соседи, дел од кои и поранешни членки во Југословенската федерација ги постигнаа или се на чекор од постигнување на целите кои Македонија прва ги зацрта пред 24 години. Денес, на својот 24ти роденден, наместо да се пишува за роденденски влез во Европската Унија или Нато алијансата, Република Македонија е исправена пред уште една голема криза, овој пат политичка, со решение кое ниту малку не се наговестува, оставајќи ги граѓаните во неизвесност уште една година. Среќен Ден на независноста.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top