Post Views: 1
Станоиздавачите од мал обем категоризирани во 2009 година треба да добијат нови решенија. Три години е важноста на претходно издадените, а нивните сопственици мора да ги продолжат според датумот на издавање. Оние станоиздавачи кои нема да ги обноват своите решенија, нема да имаат право да ја вршат својата дејност. Од секторот за туризам и локален економски развој велат дека доколку има некакви квалитативни измени во условите кои ги нудат станоиздавачите, не мора да чекаат три години за да достават барање за категоризација. Истото можат веднаш да го достават, а комисијата...
Post Views: 2
И од редовите на СДСМ не останаа покуси. На прес конференцијата на ДПМНЕ пред градскиот пазар, тие одговорија со сопствен прес. На обвинувањата од ДПМНЕ дека градскиот пазар не е изграден, претседателот на општинската организација на СДСМ, Наум Јованоски вели: „Охрид долго време беше заложник на првата фаза на децентрализација при што на градот и на охриѓани им се нанесе огромна штета во поглед на развојот на градот и изградбата на капитални објекти. Денешната конференција на ДПМНЕ тој ја оцени како уште една од низата промашени конференции.
„Сам си поставува прашања,...
Post Views: 0
Нови обвинувања на адреса на градоначалникот Петрески и локалната самоуправа. Овој пат, наместо од партиската говорница, членовите на ВМРО-ДПМНЕ се обратија од пред градскиот пазар. Тема им беше токму охридскиот пазар за кој велат дека не е ниту нов, ниту модерен. Ги обвинија Петрески и локалната дека неколку наврати ги излажале граѓаните на Охрид, ветувајќи им нов и модерен пазар.
„Ова место позади нас е едно од најнесредените места кои што ги има градот Охрид. Градот Охрид ваков пазар не заслужува. 2009та година ја кажаа повторно истата лага. Пак кажаа дека 2009та...
Post Views: 0
Се ситнат деновите од месец Март, а пререгистрацијата на невработените оди бавно. Од подрачното одделение на Фондот за здравствено осигурување во неколку наврати апелираа оваа пререгистрација да се изврши што е можно побрзо, меѓутоа заинтересираноста засега мала. Дали поради неажурност или неинформираност, од приближно 5.700те невработени лица осигурени на товар на Министерството за здравство, досега во Охрид се пријавиле нешто помалку од половина. Оние малку невработени лица кои ги затекнавме пред подрачното одделение на Фондот, ги запрашавме дали се запознаени со оваа...
Post Views: 21
Дејан Блажески е новиот претседател на општинската организација на Либерално-демократската партија од Охрид. Шестото по ред годишно собрание на партијата донесе промени во раководните структури, и ги постави целите на ЛДП за претстојниот период. Сите 100 делегати гласаа ЗА, за единствената поднесена кандидатура, со која Дејан Блажески стана нов претседател на охридската ЛДП.
„Јас се надевам и ветив пред делегатите и присутните дека чесно и одговорно ќе ја вршам оваа функција и дека ЛДП се наоѓа повторно на стазите на кои што беше порано. А, доказ дека постоиме после...
Post Views: 0
Ако сте за пократко, без грижи, и според новиот правилник за издавање на боледувања брзо ќе добиете боледување. Пациентите лесно и на поедноставен начин ќе доаѓаат до своето боледувања ама до седум дена. До овие седум дена потребен им е само матичниот лекар. Над седум дена, односно до и над 15, до 30 или 60 дена малку потешко-велат матичните лекари. Новиот правилник ќе стапи на сила од 1ви Април, а во себе содржи цела низа критериуми кои мора да бидат исполнети за да се дојде до очајно потребното боледување. „Потребни се комплет стандардни лабораториски испитувања комплетна...
Post Views: 1
Годишните сметки на јавните претпријатија под лупата на советниците. Утрешната четириесет и петта седница воглавно ќе мине во знакот на финансиите. Дваесет и пет точки се најдоа на дневниот ред за утрешната седница на Советот на општина Охрид. Ќе се расправа околу годишните сметки и финансиските извештаи на охридските основни и средни училишта, кои по навика знаат брзо да бидат усвоени. Она што привлекува особено внимание, се годишните сметки и финансиските извештаи на охридските јавни претпријатија и тоа „Охридски Комуналец“, „Градски пазар“, „Погребални услуги“, „Градски...
Post Views: 25
Како младите охриѓани го доживуваат својот град? Ова е прашање на кое за многу брзо ќе добиете одговор, и тоа не било каков. Учениците од средното угостителско училиште „Ванчо Питошески“ се фатиле во костец со науките за туризмот, културното наследство, историјата, биологијата. Преку нив ќе се обидат да стигнат до суштината на огромното охридско културно наследство, но што е уште поважно, тоа ќе го стават и во употреба. Заедно со своите ментори се пријавиле за проектот на УНЕСКО „Светското наследство во рацете на младите“. Ова се нивните активности и причините зошто...
Post Views: 9
Како студираат нашите студенти? Ова е прашањето кое треба да добие одговор по ревизијата на Болоњскиот систем, или попознатиот ЕКТС систем. Беше најавуван на голема врата низ Европските земји, за многу брзо да стане дел и од нашиот високообразовен систем. Сега, ревизијата се случува и кај нас. Што добија студентите од него, а што изгубија? Колку новиот систем на студирање успеа да го разбуди потенцијалот на македонските студенти, колку им помогна во студирањето, не само во земјава, туку и во странство. Еве што мисли поранешниот студент и сегашен демонстратор на Факултетот...
Post Views: 8
Уште само 124 дена. Да, толку останува до почетокот на новото издание на „Охридско лето“. Фестивалот и натаму без директор. Претходниот многу брзо го напушти бродот, што само не тера да помислиме дека веќе никој не сака да седне на жешкото столче. Конкурсот за нов директор почна и заврши во рекордно време, за само осум дена. Потрагата по директор започна на 24 Февруари, а заврши на 3 Март, кој се пријави, се пријави. Единствената информација која јавноста ја доби од Министерството за култура е дека се пријавиле 6 кандидати од кои, неофицијално, само тројца ги исполнувале...
Post Views: 8
Тоа не е за занемарување со оглед на фактот што немаат сопствени простории за држење состаноци. Тие испратиле и допис до градоначалникот Петрески за остварување на средба во која од локалната ќе побараат да им обезбеди деловен простор за држење на редовните состаноци. Во меѓувреме комората се снаоѓа и што е поважно донесува сериозни одлуки меѓу кои најважна е онаа за плаќањето на членарината.
„Ако за 2011 година претходното раководство успеало да собере 22.000 денари по основ на членарина, само во Февруари ние успеавме да собереме преку 14.000 денари што не е малку....
Post Views: 13
Во чија надлежност е чистењето на каналот „Студенчишта“? Ова е прашањето кое се наметна по досегашните препукувања поврзани со актуелните случувања околу снабдувањето со вода, пресушените Билјанини извори и поморот на плашицата. Пандорината кутија која ги исфрли сите зла помеѓу Охриѓани, не остави да се прашуваме кој треба да ги засука ракавите и да го исчисти каналот. Побаравме одговор од Министерството за транспорт и врски. Во дописот кој го испратија до нашата телевизија тие се повикуваат на член 3 и член 9 од Законот за комунални дејности каде комуналниот ред...