Автор: Николоска Биљана

Изложба на фрески и икони со Св Климент ќе бидат претставени во Рим

Post Views: 2 Македонија во чест на Св Кирил. И годинава традиционално по 48 пат во Рим, Италија ќе се одржи оваа значајна манифестација посеветена на големиот светец. Годинава во рамки на оваа манифестација Националната установа „Завод и Музеј“ од Охрид, ќе има своја изложба на оргинални икони, фреско копии и тематски фотографии. Милчо Георгиески советник-кустос на Галеријата на икони, појаснува дека минатата година на оваа манифестација била традиционалната охридска резба и нејзините поддржувачи, додека пак годинава тоа е во знакот на одбележување на двете значајни годишнини, 1130...

Continue reading

Судската администрација во Охрид повторно на штрајк

Post Views: 8 Охридската судска администрација штрајкува. Се додека не се исполни нивното барање за исплата на штрајкувачките барања, односно покачување на плата во висина од 35 насто, исто како што тоа е предвидено кај судиите, јавните обвинители и службениците во јавните обвинителства, штрајкот ќе трае, како што изјави претседателот на Здружението на судска администрација на РМ, Борче Мирчевски. Тој додаде дека со преговори не успеале да ги исполнат нивните барања, па затоа го продолжуваат штрајкот. „Во овој момент ги имаме информациите од цела Македонија, немаме никакви проблеми...

Continue reading

Ќе се уредува паркингот наспроти Центарот за обука на вода

Post Views: 9   Достапноста со возила до атрактивните плажи Кубалибре, Кадмо и Бела Виста, од годинава ќе биде со обезбеден паркиниг. Станува збор за сеуште неуредениот простор наспроти Центарот за обука на вода на АРМ, покрај патеката која води до плажите. Директорот на ЈП „Билјанини Извори“, Ристе Мишев за годинава има планови во врска со овој простор, бидејќи е во нивно владение. „Ние сеуште немаме започнато со стопанисување, односно со наплаќање за паркинг услуги, прво ќе следи уредување на тој дел, веднаш потоа во летниот период ќе стопанисуваме, односно ќе вршиме наплата за...

Continue reading

Крстевска: Се чуствува мало намалување на букинзите поради политичката криза во земјава

Post Views: 2   Политичката криза во земјава има влијание на претстојната туристичката сезона. Тоа се погласно се слуша од претставниците на хотелскиот сектор на охридско – струшкото крајбрежје, кои коментираат дека не само што е намален бројот на резервации од странски гости туку има и откажување на аранжмани. Директорката на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот Лела Крстевска, не негира за таквата состојба, но убедува дека има минимално откажување на резервациите. „Точно се чуствува мало намалување на букинзите, но она што на терен го видовме во Охрид е дека охриѓани се...

Continue reading

Охрид евтина туристичка дестинација за холанѓаните

Post Views: 0 Убавка Јованоска од Прилеп, сега македонска снаа во Холандија, секоја година доаѓа во своето родно огниште. Годинава после 45 години таа на одмор во Охрид пристигна со цела своја фамилија со првиот чартер лет Амастердам – Охрид. Како што ни раскажа Јовановска, за Холандија заминала кога имала само две и пол години, заедно со нејзиниот татко кој таму заминал на печалба. „ И мене ме зеде заедно со сестра ми, а моите двајца браќа се родени во Холандија. Имаме куќа во Скопје, а по потекло сме од Прилепско село каде сум родена. Мислам Охрид е најубаво место во Македонија,...

Continue reading

Охрид домаќин на ракометниот Куп во Македонија

Post Views: 2 РК од „Охрид 2013“ годинава ја испишува својата историја во ракометот. Тие за прв пат учествуваат на турнир од висок ранг, односно обезбедија пласман меѓу четирите најдобри екипи, кои ќе се борат за трофејот во купот . Нашиот град по втор пат е домаќин на фајнал фор турнирот во ракомет во Македонија. „Учесниците ни се познати, покрај Охрид, учествуваат гигантот Вардат, металург и Вардар Јуниор. Натпреварите се одигруваат во петок во 17 и 30 е средбата помеѓу Металург и Вардар Јуниор а во 20 часот ќе се одигра второто полуфинале помеѓу Вардар и Охрид 2013, додека во сабота...

Continue reading

Птиците преселници се чувари на нашата животна средина

Post Views: 0 Зошто птиците преселници се корисни за природата, и биодиверзитетот. На оваа тема охридските извидници од ИО „Пионер“одржаа 10 работилници во основните училишта, во рамки на реализација на проектот „Птиците и човекот“. Целта на проектот е младите од основните училишта да се запознаат со начинот на живеење на птиците преселници, кои се придобивките од нив, како и тоа на кој начин можат да ги заштитат, како би се намалило нивното уништување кое ги следи години наназад. Николче Костоски од ИО „Пионер“ изнесе дел од причините поради кои страдаат птиците преселници во нашите...

Continue reading

Испечатена првата сликовница на турски јазик

Post Views: 30   Ѕвони Ѕвон за Бон – Тон и на турски јазик. Дечињата од турската група од објектот Росица, при ЈОУДГ „Јасна Ристеска“, ја добија на подарок оваа сликовница на нивен мајчин јазик. Преку оваа сликовница се отвора нов прозорец кон светот, а исто така можност за нови знаења и квалитетно поминато време на родителите со децата, изјави магистер Нермин Теловска, логопед. „Како логопед за жал во последно време сум сведок на појава на говорни јазични проблеми кај децата и сметам дека овој период предучилишен кај децата кога уште мозокот и нервниот систем кај децата се пластични...

Continue reading

Бејли: Македонија е добро позиционирана да може да учествува во активен туризам

Post Views: 3 Луѓето во активниот туризам бараат култура, природа, автентични искуства кои доаѓаат од директните контакти со локалното население. Ако се земат предвид овие фактори,Македонија е одлично позиционирана за учество на активниот туризам, истакна американскиот амбасадор во Р Македонија Џес Бејли на конференцијата Adventure NEXT Balkan, кои од 10 12 мај се одржува во Охрид. Бејли, истакна дека американската амбасада со задоволство ја поддржува оваа конференција за развој на туризам која се подготвува 2 години и претставува составен дел од нивните напори во проектот за поддршка...

Continue reading

Св Наум, место откинато од рајот

Post Views: 8   Кога се зборува за месноста Св Наум, секој посетител би се согласил дека целиот комплекс е како дел откинат од рајот. Од прекрасната природа која го прегрнала манастирот Св Наум и неговите конаци, неколкуте црквички околу него, светата вода, па се до изворите на реката Црн Дрим и уредениот туристичко ресторански дел околу целото острово. Првиот човек кој стапува во контакт со секој добронамерник во комплексот Св наум е Владо Мојаноски. Скромен по природа Мојаноски открива дека од година во година расте посетеноста во Св Наум, а посебно последниве години откако локалитетот...

Continue reading

Спасен велосипедист во Елшани – симулација

Post Views: 2   На стрмните планински патеки на НП „Галичица“ во близина на туристичката населба Елшани падна велосипедист. Во бесознание, на тешко пристапниот терен случајно го пронајдоа активистите од Црвениот Крст на Охрид, од екипата за спасување на непристапни терени. Станува збор за малдиот Јаков Јованоски кој од незгодниот пад се здоби со телесни повреди а најверојатно има и внатрешно крварење во главата. За среќа оваа интервенција беше уште една успешна симулација за спасување на човечки живот со што единицата за спасување покажа дека се подготвени да се справат со ризиците...

Continue reading

Во Охрид одбележан Денот на полицијата

Post Views: 2   СВР Охрид денес го одбележа Денот на полицијата и денот на безбедноста, 7 ми Мај. Свеченоста се оджа во нивните простории во присуство на ученици, претставници на Локалната самоуправа, претставници на институции, политички партии, здруженија на граѓани, соработници. Заменик градоначалникот Ангел Јанев истакна дека имаат добра соработка со СВР Охрид, посебно во делот за превенцијата за најмладите. „Се надевам дека оваа соработка и во периодот што следи ќе продолжи и ќе се прошири се разбира на задоволство на сите нас, бидејќи на почетокот и на крајот од секоја приказна...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top