Post Views: 2
„Одлуките од Самитот на НАТО во Варшава: импликации за Алијансата и за земјите од Западен Балкан“, е темата на безбедносниот форум кој денес се одржува во Охрид. Форумот го отвори министерот за одбрана Зоран Јолевски. Тој во своето обраќање пред присутните истакна дека нашата земја останува посветена на својата цел да стане што поскоро членка на НАТО. Додаде дека ресорното министерство продолжува со реформите во армијата во одбрамбениот сектор бидејќи тоа е важно не само за граѓаните туку и за државата бидејќи градиме силна мобилна и ефикасна армија.
„Ние започнавме...
Post Views: 4
Во Велгошти, охридско на 1100 метри надморска височина се наоѓа црквата Св Никола. Подзаскриена во шумски предел и густата вегетација, овој Божји храм има свои конаци, камбанарија, но за жал патот кој води до неа сеуште не е асфалтиран. Месното население кажува дека ова извонредно место е магнет за туристи, кои имаат што да видат, да одморат, дури и да вкусат пастрмка од рибникот на црквата.
„Тој пат долго го бараме, Велгошти и велгоштани сакаат да се асфалтира. Ние дури имаме доставено барање до пратениците, се обративме и до Локалната, и за жал досега немаме никаква...
Post Views: 0
„Монетоковањето во Охрид од вториот век пред нашата ера и меѓу 13 и 15 век“. Синоќа во куќата на Уранија беше промовирано ова ново издание од Даница Размоска Баческа. Во делото се претставени нумизматичките историско-монетарни аспекти на охридскиот регион. Како што истакнa авторката Баческа, станува збор за многу значајна публикација од областа на нумизматиката и националната историја на нашата земја, каде што е направена паралела меѓу ковањето во антички Лихнид и во средновековен Охрид.
„Во античкиот Лихнид ковани се многу значајни монети, тоа се познатите лихнидски...
Post Views: 15
Предметите на охриѓани кои се во постапка во Основниот суд во Охрид нема да претрпат сериозни последици, тврди претседателот на Здружение на судска администрација, Борче Мирчески. Штрајкот на судската администрација почна на 18 ти мај годинава а во мирување беше ставен на 15 јули. Периодов додека трае судската ферија, судските службеници што штрајкуваа речиси два месеца, се вратија на работа и ги сработија итните предмети, предметите со странци, времените мерки, и примаа материјали и пошта од странки, тврди Мирчески.
„Сметам дека сите предмети кои што заостанаа,...
Post Views: 1
Македонија повеќе увезува отколку што извезува мед. Ваквата констатација произлегува од пчеларскиот еснаф, кој во моментов според кажувањата на претседателот на Пчеларското Здружение, Охрид од Охрид Тони Јосифовски се соочува со повеќе проблеми. Според него проблем за домашните пчелари е нелојалната конкуренција, вештачкото производство, но и нереалните цени кои им го руши производството.
„Македонија е соочена со тој проблем, бидејќи слаб е одзивот на надлежните органи да го контролираат тој проблем“ – вели Јосифоски.
Просечното производство е 15 килограми мед...
Post Views: 1
Промоција на хумани вредности е проект кој со години континуирано се имплементира во нашава општина од страна на Црвениот крст. Идејата за овој проект беше иницирана уште во 1996 година од страна на Црвениот крст на Македонија и Меѓународниот комитет на Црвениот крст, со поддршка на Норвешкиот Црвен крст, како што појаснува Љупчо Милкоски, човекот кој има несебичен удел и огромен придонес уште во почетоците на реализација на овој проект. Милкоски за ТВМ кажа дека овој проект длабоко е продрен во сите пори на општествениот живот посебно во образованието, каде има поддршка...
Post Views: 1
Природниот, црн мед, карактеристичен за охридското поднебје. Тој е незаменлив по вкус, квалитет и е здрав производ. Во народот се вели кој купува мед купува здравје, бидејќи медот се смета за моќно средство за подобрување на имунитетот. Охридскиот пчелар Горан Блажевски, со пчеларење се занимава повеќе од една деценија. Тој има 137 сандаци со пчели, тајна која ретко можете да ја чуете од пчелар, сместени во охридскот село Опеница, место кое изобилува со доволно вода и разни билки. Следејќи ја семејната традиција Блажевски во ниту еден момент не се покајал што одгледува...
Post Views: 2
Србите се најдобри купувачи во старата охридска чаршија. Но добри купци се и гостите од Холандија, Турција и соседна Албанија, израелците, хрватите и словенците. Вакви се видувањата на дел од охридските дуќанџии. Купувањето или шопингот е добредојден за сите. Без разлика дали станува збор за мажи или жени, секој сака да купува во рамките на своите финансиски можности, вели Кристина Крстевска од „Среќна куќа“.
„Можеме да кажеме дека претежно во месеците јули и август прометот е зголемен, меѓутоа може секогаш да биде подобро. Можам да ги пофалам странските купувачи оваа...
Post Views: 1
Охрид доби уште едно катче за здрави животни навики. Синоќа во рамките на „Холандскиот парк“ се отвори четвртата Coca-Cola активна зона во Македонија. Станува збор за фитнес зона на отворено, која е опремена со најмодерни справи за вежбање, достапна 24 часа за сите граѓани без никаков надомест.
„Целта на проектот е да поддржеме и поттикнеме поголема иницијатива кај сите граѓани да практикуваат редовна физичка активност и спорт и тој да биде дел од нивниот стил на живеење. Ние нема да застанеме тука и од ова место ве уверувам дека Coca-Cola активните зони ќе продолжат...
Post Views: 4
Кои се семејствата кои привремено престојуваат на дел од дивите охридските плажи, надлежните без конкретен одговор. ТВМ пред една недела информираше дека во близина на хотелот Магнус во Охрид, неколку ромски семејства ноќеваат во У.З, Даљан. Реакцијата пристигна од мештаните на оваа задница кои укажаа на низа според нив незаконски појави кои се случуваат во тој дел од градот. Според жители на Воска, станувало збор пред се за ромски семејства, кои најверојатно се од Битола и доаѓаат со почетокот на сезоната околу 1 ви мај, а многумина од нив можело да се забележат во...
Post Views: 4
Животната приказна за луѓето кои поминале низ стравот и ужасот на војната и нивната немоќ да се ослободат од сенките на минатото, ја пренесува Битолскиот Народен театар, преку премиерната изведба на поставката „Бар Ремарк“. Валентин Светозарев, директорот на битолскиот театар истакна дека задоволство му е што соработува со имиња на странски режисери, посебно до русинот Александар Баргман, кој според него, не е само режисер, туку се што може да се работи во театар.
„Тоа е секогаш работа која треба да се испроба. Едно е да се разговара на маса, друго е да се направи...
Post Views: 3
Денес се одбележува еден од најзначајните празници во Македонија, Илинден. 02 август датум со двојна симболика, национален и православен празник. Илинден има посебно значење за историјата на македонскиот народ. На денешен ден пред точно 113 години започнало Илинденското востание во 1903 година, а во 1944 година е одржано Првото заседание на АСНОМ. Овој значаен датум го одбелeжа и општина Охрид. Стихови за овој празник прочита најдобриот ученик од гимназијата.
„О, најдолга годино, ти збиру на нашата мака, што ни го изнесе оружјето,до секој горски срт,чакалу и гаврану...