Охриѓани најистакнати по своите хумани вредности

Охрид е лидер во хуманост и негување на хуманите вредности. Повеќе млади охриѓани поминувајќи низ филтрите на проектот за промоција на хуманите вредности доспеале многу и застапени се во владините, образовните структури, дел од нив се професори доктори на наука, а основна карактеристика за нив е, што и до ден денес ги применуваат и негуваат стекнатите хумани вредности.

 |  Николоска Биљана  | 

Промоција на хумани вредности е проект кој со години континуирано се имплементира во нашава општина од страна на Црвениот крст. Идејата за овој проект беше иницирана уште во 1996 година од страна на Црвениот крст на Македонија и Меѓународниот комитет на Црвениот крст, со поддршка на Норвешкиот Црвен крст, како што појаснува Љупчо Милкоски, човекот кој има несебичен удел и огромен придонес уште во почетоците на реализација на овој проект. Милкоски за ТВМ кажа дека овој проект длабоко е продрен во сите пори на општествениот живот посебно во образованието, каде има поддршка и од ресорното министерство, преку вклучување на младите од различна етничка припадност во заеднички проекти за изградба на взаемното разбирање, толеранцијата и културата на дијалог.

„Охрид е лидер во државата во однос на она што значи хуманост и хумани вредности. Охрид веќе два пати е добитник на највисокото признание во државата, пехар и Охрид практично го дава најдобриот кадар во хуманите вредности на државата а тоа значи охридските инструктори каде што сум и јас, тоа значи охридски ментори во државата охриѓани имаат многу дисеминатори во овој систем и што е најважно за Охрид, градот ги има најдобрите проекти од хуманата сфера“- вели Милкоски.

Милкоски вели дека најтешко е да се создаде волонтер. Според него тие луѓе се носители на хуманизмот. А денес, проектот на хуманите вредности поминувајќи низ повеќе фази, создал инвентивен кадар и дел од нив може да се сретнат во владини, образовни структури, професори, доктори на науки министри, многумина од нив се добитници на Фулбрајтови награда, а студенти има на Џеил на Харвард. Милковски вели дека најважно од се е што овие кадри и ден денес каде и да се и под чии и да се влијанија, не ги изгубиле хуманите вредности.

„Ниту еден што бил во овој систем од илјадници и слушатели, и обучени, и дидиминатори не се променил. Јас имам примери бидејќи и јас сум аналитичар и самите знаете, работам и ден денес на истражувачки проекти, мојата сфера е и хумана и безбедносниот дел така да од сите агли ги гледам овие работи и верувајте во ресурсниот дел од сите анализи, посматрање и набљудување нема ниеден човек ни од една етнича заедница, во ПХВ луѓето се препознаваат преку многу различности“.

Вистинско време да се приклучите кон волонтерите на ПХВ е структурата на деца од 13 до 17 година. Но тие се обучуваат во системот на Црвен крст многу помали. Милковкси појаснува дека тоа е структура која што знае да повлекува, создава, бидејќи нивните целни групи биле од најрана до најстара возраст. Нивните функционални активности кога се на терен е да помагаат на луѓето кога им е најтешко, но помагаат во случаи кога тоа се бара од нив.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top