Охрид стана дел од Coca-Cola активните зони

Се проширува зоната за рекреативно забавни содржини во градов. Синоќа во Охрид беше отворена четвртата Coca-Cola активна зона во Македонија, со што нашата општина стана дел од големиот проект на Пивара Скопје и Coca-Cola компанијата, кој се реализира во повеќе општини ширум земјава.

 |  Николоска Биљана  | 

 

Охрид доби уште едно катче за здрави животни навики. Синоќа во рамките на „Холандскиот парк“ се отвори четвртата Coca-Cola активна зона во Македонија. Станува збор за фитнес зона на отворено, која е опремена со најмодерни справи за вежбање, достапна 24 часа за сите граѓани без никаков надомест.

„Целта на проектот е да поддржеме и поттикнеме поголема иницијатива кај сите граѓани да практикуваат редовна физичка активност и спорт и тој да биде дел од нивниот стил на живеење. Ние нема да застанеме тука и од ова место ве уверувам дека Coca-Cola активните зони ќе продолжат и ќе се прошират на територијата на РМ и ќе станат наш препознатлив знак. Голем апел до сите граѓани, да зоните ги чустуваат како сво и да се грижат за нив“ – истакна Ламбро Патче.

Партнер на Coca-Cola активните зони е општина Охрид. Првиот човек на градот Никола Бакрачески истакна дека општината, вклучувајќи се во големиот донаторски проект на Пивара Скопје и Coca-Cola компанијата, на своите граѓани но и на бројните туристи им обезбедува рекреативно и забавно катче за здрав и активен начин на живеење.

„Со што на некој начин дадоа своевиден придонес на напорите и стратегијата на Локалната самоуправа за развој на спортски Охрид, но и за рљазвој на активните зони кои што во изминатиов период ги отворивме неколку на различни локации во градот и таквата наша стратегија ќе продолжи и во иднина. Оваа активна зона се наоѓа на една од најатрактивните локации во градот, сметавме дека ова е фрекфентно место кое што ќе биде од корист за сите оние кои што ја користат оваа патека за рекреативни и спортски активности“.

Coca-Cola активната зона претствува само почеток на плановите на локалната самоуправа за оплеменување на просторот покрај со пешачка, велосипедска и патеката за ролери и со фитнес зони на потегот од Холандскиот парк до хотелот Парк. Бакрачески најави дека во соработка со Агенцијата за спорт и млади ќе се отвора уште една фитнес зона на потегот кај плажата Бела Виста. Инаку проектот е дел од глобалната платформа на Coca-Cola за промоција на активен живот како основа за создавање здрави животни навики кај граѓаните.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top