Автор: Николоска Биљана

На ФТУ Охрид се одржува Меѓународната конференција за услужен сектор

Post Views: 10   Охрид домаќин на 13 тата Меѓународната конференција за услужен сектор. Два дена во студенскиот амфитеатар на ФТУ, туристички експерти од 13 држави од 3 континенти отпочна со презентација на 47 трудови од областа на туризмот. Деканот на факултетот Цветко Андрески нагласи дека на конференција свое пленарно предавање ќе имаат истакнати професори меѓу кои, проф. Пјетро Берители изработувачот на стратегијата за развој на туризмот во Охрид, како и проф. Патришија Бон која доаѓа од државниот универзитет од Флорида САД. „Едниот предавач е од областа на туризмот другиот предавач...

Continue reading

Домашните гости се враќаат на охридско – струшката ревиера

Post Views: 0   Домашните гости се враќаат на охридско струшката ревиера.  Оваа туристичка сезона домашните посетители изненадија. Заклучно со месец јули, според податоците на Државниот завод за статистика бројот на домашни гости за 25% е поголем,вели Ѓоко Апостолов од Тлер. Тој смета дека овој податок радува, имајќи ги во предвид неколку околности кои можеа да влијаат истата да биде загрозена. „Ако може до овој момент според официјалните податоци да сумираме јас би ја окарактеризирал како доста успешна бидејќи имавме мигранска криза на почетокот на сезоната, актуелната политичка...

Continue reading

Охрид полн со ризични шахти

Post Views: 1   Во градов речиси и да нема сообраќајница која е рамна без ризични шахти. Шахтите и сливниците се пропаднати и во секој случај се ризични за учесниците во сообраќајот. Овој проблем го детектирале и стручните екипи на Секторот за комунални дејности сообраќај и улици. „За волја на вистината има такви одводи кои стрчат или кои се под нивото на улиците во целиот град. Во периодот што следува планираме таква активност но треба да напоменам дека во изминатиот период повеќе од тие ударни ненивелирани шахти низ градот беа предмет на санација од страна на Секторот за комунални...

Continue reading

Отворен ден во ОУ „Братство Единство“

Post Views: 18   Јазикот не е пречка децата заеднички да творат и работат. Тоа се докажа изминативе пет години во ОУ „Братство Единство“, кои денес преку настанот Отворен ден, го прославија заедништвото, во рамки на реализација на проектот за меѓуетничка интеграција во образованието (ПМИО). Директорот на училиштето Муамер Доко, изјави дека денешниот настан е модел што тие како училиште го граделе секојдневно сплотени и зависни едни од други. „Одржувањето на вакви настани од страна на ПМИО, има за цел да ги зацврсти фундаменталните вредности на модерното општество, почитување на човековите...

Continue reading

„Чист Охрид“: Бисерот на Македонија, Охрид се гуши во отпад

Post Views: 6   Бисерот на Македонија, Охрид се гуши во отпад. Такво е видувањето на волонтерите од организацијата „Чист Охрид“. Оваа група млади ентузијасти сакаат да го видат градот чист, токму затоа редовно, сами се организираат да исчистат одредени локации во градот кои се црни точки за отпад. Тие денес го чистеа потегот од Билјанини Извори до комплексот Св.Стефан. Лилјана Илиевска вели дека се гордее што придонесува за нашиот град навистина да го видиме чист, но жали што одзивот на граѓаните е мал. „Многу ми е жал што и овој пат констатирам дека охриѓани ги нема и не сакаат да...

Continue reading

„За посреќно детство“ секоја година со нови содржини

Post Views: 1   Хуманитарно спортско – рекреативната акција „За посреќно детство“, денес го наполни градскиот плоштад во Охрид. Измешани популации од 7 до 77, сите со своите активности, предизвикаа огромно внимание кај присутните. Но и сончевото време допринесе масовноста на оваа акција да биде уште поголема. „Симболично ја започнуваме со главната трка од чинарот до градскиот плоштад, каде што сите оние кои што истрчале добиваат награди. Со тоа ги отпочнуваме и останатите игри кои што ги имаме на потегот на градскиот плоштад и околу Охридско лето. Имаме најразлични спортски...

Continue reading

Стариот градски мелос по 28 ми пат ќе се пее во Охрид

Post Views: 0   Музичките тајфи, ансамбли, групи и хорови од повеќе градови од земјава ќе продефилираат низ охридската чаршија па потоа во ЦК „Григор Прличев“ ќе имаат свој настап. Традицијата продолжува, утре 1 октомври, ќе се одржат 28 те по ред Охридски староградски средби, фестивал кој не смее да замре, како што вели стручниот соработник на овој настан музичарот Петар Нечоски. „Тоа се средби на песната, на музиката, на љубовта со оние стри градски песни каде што најповеќе е опеана љубовта. Ние ја негуваме оваа традиција, задоволни сме досега од организацијата, мислиме дека оваа...

Continue reading

Ќе се реконструира опасниот потпорен ѕид во село Велгошти

Post Views: 3   Ќе се реконструира опасниот потпорен ѕид во село Велгошти. Според најавите на директорот на ОУ „Живко Чинго“, Ѓоко Чингоски, стручни тимови од ЈП „Градски Гробишта“ веќе извршиле увид и се очекувало за една недела да отпочнат градежните активности околу овој зафат. Од таму најавиле дека ќе биде саниран само оштетениот дел. „Гледате дека голем проблем е санацијата на ѕидот. Исто така оваа прилика ја користам да упатам голема благодарност до ЈП Градски Гробишта, но и до Локалната самоуправа. Ние велгоштани знаете сме благородни и благодарни луѓе и го цениме секој убав...

Continue reading

Сеуште е голема бројката на луѓе кои прерано умираат заради срцеви заболувања

Post Views: 0   Денес се одбележува Светскиот ден на срцето. 29 септември како датум е востановен од страна на Светската федерација за срце уште пред 16 години, односно од 2000 година. Заводот за Кардиоваскуларни заболувања од Охрид пред повеќе од 10 години се влкучи во одбележување на овој ден, меѓу првите во земјава, а од пред 4 години Светскиот ден на срцето го одбележува во соработка со Општина Охрид. Д-р Гордана Коњаноска нагласи дека потребата од постоење на еден ваков ден ја налагаат бројките кои што поразителни. Имено тие говорат дека над 17 милиони луѓе годишно од светската...

Continue reading

Охридските пензионери и годинава со бројни награди

Post Views: 3   И оваа година најмасовната организација на општина Охрид и Дебрца, пензионерите, се закитија со бројни награди на спортско и културно поле. Денес на одбележувањето на 70 годишнината од постоењето на здружението на пензионерите од Македонија и 66 години од постоењето на здружението на пензионери од Охрид и Дебрца, во големата општинска сала беше извршен прием на учесниците на КУД „Далги“, на спортистите како и наградени активности од Здружението на пензионери. „Има резултати со кои можеме да се пофалиме на меѓународен план на Илинденските денови во Битола го освоивме...

Continue reading

Дали е вистински момент за реконструкција на градскиот кеј

Post Views: 1   Најавената реконструкција на градскиот кеј со средства од над милион евра од буџетот на општина Охрид, за Локалната самоуправа е нужно поради нарушена статиката на шеталиштето, додека пак од опозицијата не се убедени во неопходноста на ваков скап зафат во ова време. Секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески истакна дека како резултат на три и пол годишното домаќинско и одговорно работење оцениле дека во овој перод буџетот на општина Охрид е во кондиција да ја поднесе инвестицијата за реконструкцијата на Кеј Македонија. „Од соодветна институција е добиено мислење...

Continue reading

Опозицијата не ја поддржа одлуката за плаќање на докгот кон ЕВН на ОУ „Григор Прличев“

Post Views: 5   Бурна и неколкучасовна расправа меѓу охридските советници предизвикаа првите точки од дневниот ред кои се однесуваа на усвојување на годишните извештаи за работата и материјално-финансиското работење на основните и средните училишта во Охрид. Координаторот на советничката група на СДСМ Јован Стојаноски на денешната 60-та седница, истакна дека не добиваат потполни информации за финанското работење на образовните институции во општина Охрид. Тие настапија со два конкретни предлози кои се однесуваат на ОУ „Григор Прличев“ и средното угостителско училиште „Ванчо Питошески“. „Во...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top