Post Views: 13
Секој буџетски денар мора да биде на увид на граѓанинот, порача генералниот секретар на најголемата опозициска партија во земјава Оливер Спасовски. Тој денес на градскиот плоштад одржа прес конференција. Спасoвски рече дека времето на неодговорни политичари завршило. Додаде дека тие како одговорна политичка партија ќе овозможат сите граѓани да имаат редовни и точни информации во кои проекти се вложуваат нивните пари што се слеваат во буџетот на РМ.
„Сите државни институции ќе имаат обврска да доставуваат детални месечни извештаи за сите исплатени пари од буџетот....
Post Views: 2
Граѓаните на Охрид бараат поголема активност на терен од вработените во Локалната самоуправа, но и на охридските советниците. Дел од граѓаните кои денес ги анкетиравме, се изјаснаа дека градската власт но и нивните избраници во градскиот совет треба да бидат постојано во контакт со граѓаните во сите делови од општината. Исто така сметаат дека советниците треба да бидат поупорни во барањето увид во работата на локалната администрација. Еве кои прашања ги упатија дел од анкетираните граѓани до локалната .
Ветуваше дека ќе има современ пазар, колку е точно и кога ќе биде...
Post Views: 1
Само 5 соби во еден објект за индивидуално станување да можат да се издаваат како сместувачки капацитет од мал обем , предвидуваат измените на Законот за угостителска дејност. Досега законот дозволуваше 10 соби со 20 легла да можат да се регистрираат за издавање и тоа по физичко лице. Намалување на бројот на соби ги засегна станоиздавачите. Денес во големата општинаска сала се одржа јавна дебата со цел да се изнајдат најдобри предлог решенија во врска со законските измени и да се достават до Владата на Р. Македонија и Министерството за економија. Од Секторот за ТЛЕР...
Post Views: 5
Во автентичен стил на местоположбата, каде што се сместени најзначајните туристички, културно историски и археолошки споменици, отпочна да се гради пешачко – рекреативна патека, Кошишта – Лабино – Канео. Таа ќе се протега на површина од околу два и пол километри и ширина околу метар. Средствата за изградба на патеката се во висина од околу 110 000 евра, а ги обезбеди општина Охрид од сопствениот буџет, информираше Љупчо Танески од Секторот за комунални дејности.
„Во однос на техничките специфики и карактеристики на оваа пешачка патека, важно е да се напомене...
Post Views: 0
Овој месец, октомври, Министерството за култура треба да објави тендер за изработка на основен и изведбен проект за изградба на театар, најави министерката Елизабета Канческа Милевска, при нејзината неодамнешна работна посета во Охрид. Таа смета дека најважното веќе е направено, а тоа е донесувањето на урбанистичката планска документација. Милевска вели дека сега слободно може да се продолжи со останатите фази.
„Согласно идејата за јавно приватно партнерство во однос на изградбата на театарот, информирам дека во изминатиот период се работеше на урбанистичко планска...
Post Views: 0
Денес по повод државниот празник 11- октомври беше положено свежо цвеќе пред спомен обежјата од НОБ, во градскиот парк во Охрид. Делегација на Сојузот на борците од Охрид и Дебрца, и претставници од општината им оддадоа почит на борците кои ги загубиле своите животи борејќи се за денешната слобода.
„Денес на овој свечен миг сме овде собрани да им оддадеме почит, достојна на великаните на македонската историја и револуција. Бистите позади нас претставуваат еден историски континуитет на илинденци, шпански граѓански борци и боцви од НОБ и антифашистичката револуција....
Post Views: 11
Изградбата на современ Ургернтен центар на местото од маларична во Охрид зависи од промена на ДУП. Како што открива Цветко Грозданов првиот човек на Акционерското Друштво за стопанисување со станбен и деловен простор, проектантот и носителот на ДУП направиле грешка, односно проектирале домување заедно со здравство.
„Законски домувањето и здравство не одат заедно, мора да бидат оделени. Така што сега со градоначалникот Бакрачески правиме напори да ги одделиме домувањето од здравството и објектот кој ќе биде како Ургентен Центар или поликлиника ќе биде одвоен од зградите...
Post Views: 0
Познатата охридска група на староградска музика „Билјана Јуниор“, ќе настапи на свеченоста по повод 11 октомври, денот на востанието на македонскиот народ. Концертот е во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 20 часот. Младиот хармоникаш од овој состав Јован Поп Стефанија, вели дека годинава одбележуваат 8 години од нивното формирање, како и два значајни јубилеи 5 годишнина од нивниот прв концерт и 65 години од постоењето на Ансамблот Билјана. Поп Стефанија не откри со кои песни ќе настапат, но затоа пак рече дека ќе приредат незаборавен концерт со повод.
„Оваа...
Post Views: 1
АД за стопанисување со станбен и деловен простор објави оглас за идејно решение за изградба на долгонајавуваната и долгоочекуваната катна гаража. Станува збор за катната гаража која треба да се гради зад „Ревиера“, на самиот отворен паркинг. Цветко Грозданов, директорот на Друштвото вели дека во соработка со Локалната самоуправа на Охрид направиле специјален план со кој било променето деталното урбанистичко решение со цел да се изгради катната гаража која ќе обезбеди паркинг места за околу 250 возила.
„Очекувам да се избери…имаме составено Комисија составена...
Post Views: 0
Денес вратите на Подрачната единица во Охрид на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор од интерес на државата, беа отворени за охриѓани. Некои од граѓаните ги подигнуваа договорите за социјалните станови, други бараа замена за стан, а најприсутни беа оние кои што од првиот човека на ова Друштво, Цветко Грозданов, побараа да добијат стан, како би го решиле животното прашање.
„Живеам со две деца, самохрана мајка сум маж ми е починат 29 години. Имам една делба и имам стан кај „Богомилска“, има два трансформатори, влага, знае и социјалното,...
Post Views: 1
Труење на кучиња во Охрид. Од Здружението за заштита на животни „Анималија“ веднаш реагираат на ваквата појава. Климент Арнаудов од ова здружение укажува дека решението не е во труењето на кучињата, бидејќи од тој отров може да настрадаат дури и луѓето, па и малите деца.
„Неколку кученца се отруени, од кои едно успеавме да го спасиме, благодарение на навремена интервенција со ветеринарите и граѓаните кои што алармираа за случајот. Едно кученце со сигурност е починато, меѓутоа и едно да е стотина да се тоа не менува многу бидејќи со закон е забрането тоа да се прави...
Post Views: 1
Во 21 век за жал на Охрид и тоа му се случи, охриѓани да живеат покрај вода, а да останат без вода за пиење, обвинија охридските социјалдемократи, на пресот кој го одржаа пред општинскта зграда. Ѓоко Танасоски истакна дека нашиот град, за прв пат остана без вода за пиење, од осамостојувањето до денес. Како причина за тоа ги посочи последиците на 4 годишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ на чело со градоначалникот Никола Бакрачески.
„Ова е уште една потврда дека на ВМРО-ДПМНЕ граѓаните не му се важни. Во Охрид условите за живот никогаш не биле полоши. Сето ова е резултат на...