Почна изградбата на патеката Кошишта – Лабино – Канео

Нов момент во градов. Отпочна да се гради пешачко рекреативната патека која ќе ги поврзува Кошишта Лабино Канео, како и населбите Воска и Далјан. Оваа патека за прв пат се гради во општина Охрид, во централното градско подрачје, односно на места каде што се сместени најпосетуваните археолошки локалитети во стариот дел на градот.

 |  Николоска Биљана  | 

 

Во автентичен стил на местоположбата, каде што се сместени најзначајните туристички, културно историски и археолошки споменици, отпочна да се гради пешачко – рекреативна патека, Кошишта – Лабино – Канео. Таа ќе се протега на површина од околу два и пол километри и ширина околу метар. Средствата за изградба на патеката се во висина од околу 110 000 евра, а ги обезбеди општина Охрид од сопствениот буџет, информираше Љупчо Танески од Секторот за комунални дејности.

„Во однос на техничките специфики и карактеристики на оваа пешачка патека, важно е да се напомене дека истата ќе биде изградена од камен, со што во целост ќе се вклопи во автентичноста на подрачјето каде ќе се протега. Оваа патека, освен од визуелен и туристички аспект, ќе биде важна и од еколошки аспект имајќи во предвид дека се наоѓа во строго заштитено градско подрачје“.

На овој потег за прв пат се гради пешачко рекреативна патека, со што во целост се комплетира збогатувањето на туристичката понуда за овој дел од општина Охрид, вели Танески. Тој информираше дека следува втората фаза, односно изградба на патека од Лабино преку населба Воска до населбата Даљан.

„Ова претставува едно од ветувањата на градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, за изградба на пешачко рекреативните патеки на територија на општина Охрид. Согласно договорот пешачката патека ќе биде изградена согласно одредбите од договорот, со што охриѓани ќе добијат уште едно, ново катче за рекреација, освен охриѓани и туристите

Рекреативно пешачката патека која ги поврзува Кошишта, Лабино и Канео доби позитивни коментари од охридската јавност. Градежните активности ги изведува економскиот оператор, односно градежната фирма „Бокоп“ од струшкото село Боровец, која има склучено договор со општина Охрид. Поради пристапноста на теренот кој е доста стрмен, интензитетот на градежните активности ќе ќе зависи од временските услови.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top