Post Views: 9
Околу 500 студенти од ФТУ во 2017 година ќе посетуваат практична настава во хотелите и туристичките агенции, во Охрид. Денес претставници од туристичката фела во просториите на факултетот одржаа состанок за практичната работа на студентите, а исто така потпишаа и договор околу условите под кои ќе се изведува истата. Деканот на факултетот проф. Цветко Андреески истакна дека за наредната година имаат нови идеи кои според него ќе внесат нов квалитет во начинот на изведување на пракса и за хотелиерите и за студентите.
„Идејата е хотелиерите да имаат повеќе студенти во...
Post Views: 1
Во охридското здравство ќе бидат инвестирани три милиони евра за нова медицинска опрема. Тоа е предвидено во програмата „Реално“ на ВМРО – ДПМНЕ, како што најави денес од пред Општа болница Охрид, носителот на листата за пратеници во 5та изборна единица, Антонио Милошоски. Тој најави целосна обнова и реконструкција на Клиничката болница во Битола, целосна обнова и реконструкција на Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ во Охрид, завршна фаза на реконструкција на Центарот за кардиоваскуларни болести во Охрид, како и завршна фаза реконструкција...
Post Views: 2
Охридското село Курајца станува се поатрактивно за посета, не само во летниот период туку и во зима. Дрвата за огрев се одамна сместени во селските дворишта а огништата веќе ја шират топлината во секој дом во Курајца. Топло добредојде во ова село ни ни посака баба Богдана Крстаноска. Таа ни понуди ракија и кафе за загравање, а ни кажа дека црвеното вино веќе е во бочвите, месото било подготвено, а зимницата одамна е готова. За своите 80 година баба Боца добро се држи, досега освен за грип други лекови не се напила. Таа раскажа како се живее во Курајца. Вели дека може...
Post Views: 0
Новата партија на политичката сцена, „Левица“, денес го одржа своето прво претставување во Охрид. Носителот на листата за 5 Изборна Единица, Здравко Савески кажа дека тука биле за да ја вратат слободата во Македонија, демократијата и социјалната правда. Тој кажа дека македонскиот граѓанин не живее туку преживува, а тоа не смее да се дозволи. Додаде дека земјата има пари но истите се крадат и се трошат од функционерската класа.
„Мора да престане кршењето на правата вклучително и на работничките права за да можат луѓето да останат во земјата. Охрид стана град на духови,...
Post Views: 0
Промовирано делото „Трансфузиона хематологија и интерна медицина“ на д-р Трајан Стрезоски. Станува збор за селекција на дела кои авторот ги пренесол на хартија, инспириран од неговото долгогодишно работење како доктор по оваа проблематика, истакна еден од промоторите на оваа научна студија, д-р Верољуб Василевски.
„Денеска имаме шанса да видиме едно дело на еден наш колега кој што целиот свој живот го посветил на прибирање на ситуации од одделенијата за да може да состави едно вакво дело“.
Д-р Александар Стојановиќ е еден од рецезентите на книгата „Трансфузиона хематологија...
Post Views: 7
Пушењето е најшироко застапена зависност. Денес во големата општинска сала се одржа завршна трибина на проектот Превенција на болести на зависности. ОО на Црвен Крст Охрид со своите обучени едукатори во текот на месец ноември одржаа низа предавања на тема зависности од никотинизам, алкохолизам, злоупотреба на дрога. Тие активности беа со цел да се подигне свеста во локалната заедница особено кај младите за постоењето на „болести на зависности“ во опкружувањето.
„Поради самиот факт што лесно се доаѓа до цигарите и релативно ниската цена цигарите, како и големиот број...
Post Views: 1
Возобновувањето на Светиклиментовиот универзитет предвидува изградба на манастирски конаци, Богословски факултет, музеј на Плаошник, Светиклиментова библиотека, Македонски институт за хуманистички науки и канцеларија на МАНУ за хуманистички науки. Со овој проект ќе блесне целокупното црковно и световно жариште на најсветото место во Македонија наречено Плаошник, кажа Василески.
„ВМРО ДПМНЕ не застанува тука и во доменот на културата во градот Охрид ќе спроведе и конзервација на фрескоживописот на црквите Св. Никола Болнички и Св. Богородица Болничка во Охрид каде што...
Post Views: 0
Мештаните во руралните средини се поздрави во споредба со жителите од градската средина. Тоа го покажуваат параметрите кои се битни за навремено спречување на појавата на кардиоваскуларните заболувања. Охридското село Куратица е добар пример за тоа. Денес во ова село стручен тим од здружението „Мозочен удар“, предводен од д-р Маја Божиноска Смическа, како и тим на ОО на Црвен крст Охрид, вршеа бесплатно мерење на крвен притисок, шеќер во крвта, правеа ЕКГ, се тоа во рамки на одбележување на неделата посветена за грижа на стари лица. Курајчани покажаа голем интерес...
Post Views: 0
Македонија ќе ја кренеме на нозе и ќе ја направиме пристојно место за живеење, а не коридор за бегство на илјадници македонски чеда. Оваа порака синоќа од Охрид ја упати Љубе Бошкоски носителот на листата во 5ИЕ од коалицијата „ВМРО за Македонија“. Под слоганот „Заедно за силна Македонија“. Од оваа коалиција убедуваат дека имаат капацитет да ја консолидираат државата, а нивната програма наскоро и официјално ќе биде објавена.
„Ние ја испишуваме заедно со оние ваши пораки кои ги добиваме на во ова современо време на Твитер Фејзбук, добиваме пораки кои ме запрепастуваат....
Post Views: 3
Различни се очекувањата на нашите сограѓани од предвремените парламентарни избори кои треба да се одржат на 11 декември. Сите се согласни околу едно, очекуваат подобра иднина. Некои се надеваат дека ќе се стави крај на политичката криза, а ги има и оние кои не веруваат во тоа. Има и граѓани сеуште се сомневаат дека изборите воопшто ќе се одржат.
„Мислам дека се ќе биде во ред ќе биде релаксирано, народот навикна го знае редот, секој си има свое мислење и ќе ја одберат опцијата која им одговара“. „Очекувањата се големи. Доколку дојде до промена на владеачката гарнитура...
Post Views: 1
Загрижувачкиае реалната сосотојба во Македонија со отпадот. Само 1% од целокупниот отпад се селектира и рециклира, додека пак 99% од истиот завршува на депонија, односно неселектиран. Овие податоци ги изнесе Ива Апостолска од Асоцијацијата за чиста животна средина „Ајде Македонија“. Апостолоска истакна дека во подготовка е концептот на одржливост на циркуларна економија кој се нарекува „нула отпад“, а кој веќе го практикуват 308 општини од неколку европски држави кои се во мрежата „Нула отпад Европа“
„Тој концепт се стреми општините или заедницата дури градови кои...
Post Views: 1
Употребата на сигурносните појаси е законска обврска, не само за возачите, туку и за сопатниците. Оваа обврска и покрај тоа што е задолжителна, сеуште е голем бројот на возачи кои немаат навика да ги користат сигурносните појаси кога седнуват во автомобил, посебно на кратките релации или кога возат низ град. Полицијата делува превентивно, вели портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски. Додава дека нивната цел е да се применуваат одредбите од Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата, да се внимава, да се подигне степенот на безбедносната култура, а пред се да...