Сигурносниот појас го намалува ризикот од фатални последици при сообраќајна незгода

Сигурносниот појас го намалува ризикот од фатални последици при сообраќајна незгода за 50%. Тоа го покажуваат анализите кои ги спроведе Републичкиот совет за безбедност на соообраќајот на патиштата. За жал оваа законска обврска кај нас сеуште малку се применува. Статистиката покажува дека само 30% од возачите при возење ставаат појас, и нашиот град не е исклучок.

 |  Николоска Биљана  | 

 

Употребата на сигурносните појаси е законска обврска, не само за возачите, туку и за сопатниците. Оваа обврска и покрај тоа што е задолжителна, сеуште е голем бројот на возачи кои немаат навика да ги користат сигурносните појаси кога седнуват во автомобил, посебно на кратките релации или кога возат низ град. Полицијата делува превентивно, вели портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски. Додава дека нивната цел е да се применуваат одредбите од Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата, да се внимава, да се подигне степенот на безбедносната култура, а пред се да се елиминираат можностите за случени сообраќајни незгоди, поради неносење појас.

„Полициските службеници без оглед дали се работи за неставање појас, дали се работи за разговарање на мобилен телефон и непридржување на другите одредби од Законот, полициските службеници делуваат превентивно со укажување, давање совети и потсетување дека полициските службеници имаат можност да казнуваат“.

Димоски не располагаше со податоци колку точно сообраќајни незгоди се случиле на територијата која го покрива СВР Охрид заради неносење на сигурносен појас. Додека пак според истражувањето кое РСБСП со партнерите го спроведе изминатиот период, а во кое се набљудувани и се анализирани возачи од 13 општини во Република Македонија, покажува дека процентот на возачите кои користат сигурносен појас изнесува околу 30%. Овој процент е за неколку единици поголем кај совозачите. За споредба, во Европа само 1/3 или 30% од возачите го прекршуваат законот и не користат појас. Истражувањата од релевантните меѓународни организации покажуваат дека 50% од возачите кои животот го загубиле на патиштата, загинале поради тоа што не користеле појас, односно истражувањата покажуваат дека сигурносниот појас го намалуваа ризикот од фатални последици при сообраќајна незгода за 50%. Исто така Републичкиот совет за безбедност на соообраќајот на патиштата ја спроведува кампањата, која годинава е под мотото „Последен поздрав до оној кој не стави појас“. Целта на оваа кампања е зголемено користење на сигурносните појаси од страна на возачите и сопатниците преку подигнување на нивната свест за последиците од неупотребата на појасите. Активностите од оваа кампања, поврзани со подигнување на свеста за употреба на сигурносен појас, ќе трае неколку месеци. Во тој период, ќе се делува превентивно и едукативно на возачите и сопатниците на различни начини, а за потребите на кампањата се изработени едукативни материјали, а предвидени се и превентивни предавања. Кампањата ќе се реализира на целата територија на Република Македонија, а целна група ќе бидат возачите и патниците како учесници во сообраќајот.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top