Автор: Николоска Биљана

Бакрачески: Да креираме нови работни места

Post Views: 2   Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески на предновогодишен ручек со ранливата категорија на граѓани од Охрид. И годинава традиционално по 6 ти пат, ОО на Црвениот Крст во соработка со Локалната самоуправа го организираа овој настан. Сакаме на еден симболичен начин да го означиме заедништвото со нив, како и да дадеме допринос кон општите сваќања на заедницата дека и оваа категорија на граѓани на Охрид придонесува подеднакво за секојдневното живеење во општината, истакна Бакрачески. Тој укажа дека континуирано во текот на цела година преку разлчични хумани мисии помагаат...

Continue reading

Земјоделците да поднесат барање за паушално оданочување за 2016 година

Post Views: 1   Почнува постапката за поднесување барање за паушално оданочување на земјоделците за 2016 год. Без разлика дали земјоделството претставува основна дејност или таа ја вршат како дополнително занимање, регистрацијата за паушално оданочување овозможува персоналниот данок да се плаќа еднаш во годината без дополнителни трошоци за водење делови книги, појаснуваат од УЈП. Сите граѓани кои остваруваат приход од земјоделска дејност, сточарство, пчеларство, треба да се регистрираат во УЈП како земјоделци најдоцна до 31 јануари 2017 год, пренесува Рејна Стефановска раководителот...

Continue reading

Жителите на Лагадин против изградба на хотел

Post Views: 0   Жителите на Лагадин покренаа онлајн петиција против изградба на голем хотел непосредно до крајбржната линија на Охридското Езеро. Од граѓанската иницијатива „Охрид SOS“ велат дека тоа се прави во заштитен појас. Во прогласот за петицијата на жителите на Лагадин стои, дека хотелот се наоѓа на растојание помало од 50 м од водостојот на езерото, што според нив е недозволен појас за цврсти градби и е заштитен со закон. За изградба на хотелот било донесено незаконско одобрение без согласност на Mинистерството за животна средина и Министерството за транспорт и врски,тврдат...

Continue reading

Наскоро нова поштенска марка

Post Views: 0   Поштенска марка за деца со ретки болести. Набрзо колекцијата на македонската филателија ќе стане побогата за уште една поштенска марка. До сега на светско ниво не е испечатен примерок на поштенска марка посветен на децата со ретки болести. Заслугата за тоа е на Гордана Лолеска, вработена во Македонска Пошта подружница Охрид, која е и волонтер на здружението „Живот со предизвици“, вели директорот на охридската подружница, Сејфула Хани. „Успеавме и сега веќе тоа е реалност, помина во советот за филателија поштенска марка за лицата со ретки болести и очекуваме на денот...

Continue reading

Уште една сообракајна незгода со трагичен крај на патот Охрид – Кичево

Post Views: 3   Неотстапување на првенство на минување, причина за уште една сообраќајна незгода со трагичен крај на патот кој е во изградба Охрид – Кичево. Згасна животот на 74 годишна жена на оваа делница во тешката сообраќајна незгода која се случи вчера во 14 часот и 35 минути, кај крстосницата со локалниот пат за селото Издеглавје. Во истата незгода со тешки телесни повреди се здобиле две лица од селото Велмеј општина Дебарца кои се задржани на лекување во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Со полесни повреди се здобил 37 годишен маж од Пробиштип кој, по укажаната медицинска...

Continue reading

Новогодишните честитки, остануваат традиција

Post Views: 0   Новата година и Божиќните празници се посебни и цеслосни кога во вашето поштенско сандаче ќе добиете некоја убава и шарена новогодишна честитка. Ако порано праќањето честитки за Нова година беше традиција, последниве години повеќето од нас праќаме и добиваме повеќе честитки преку електронска пошта. Новогодишните честитки ги има да се купат, но колку граѓаните ја негуваат навиката со честитка да си посакаат Среќна Нова Година?! „Да купувам и испраќам честитки, бидејќи сметам дека преку СМС пораки не е честитање на Нова година“. „Убаво е Нова Година да се честите со...

Continue reading

Слаба искористеност на осигурувањата за посевите во Охрид

Post Views: 5   Слаба искористеност на осигурувањата за посевите. Во Охрид сеуште е мал процентот на осигурување за заштита на земјоделските површини од временските непогоди. Повеќе од половина од трошоците за тоа ги дава државата, велат од Работната Единица за поддршка на земјоделието и руралниот развој. Одговорната од работната единица во Охрид Билјана Ѓорческа кажа дека и покрај државната поддршка што неколку години наназад се обезбедува, искористувањето на тие средства е мало. Таа со апел. „Да си го осигураат имотот затоа што климатските промени во нашиот крај се многу променети,...

Continue reading

Намалено рибокрадството во Охрид

Post Views: 0   Се потесен станува кругот околу рибокрадците во Охрид. Танас Танасоски од „Пастрмка 2012“ тврди дека изминатите неколку години, откако тие стопанисуваат со овој воден ресурс, нивните служби со будно око го следат и контролираат езерото, но вложиле и големи финансиски средства за набавка на софицистирана опрема која им помага во тоа, посебно во ноќните часови кога оваа појава е најевидентна. „Ако зборуваме за рибокрадството, сигурно, апсолутно на охридското крајбрежје е намалено и во повеќе наврати сум истакнал дека 80 до 90 % е заштитено езерото“ Останува уште една...

Continue reading

Посната трпеза солена, ама без неа не се може

Post Views: 3   Посната трпеза солена, ама без неа не се може. Поголемиот број на христијански прзници се слават за време на Божиќните пости. Рибната чорба, посно гравче, риба, посна сарма, туршија се дел од традиционалните македонски јадења кои се наоѓаат на секоја трпеза во фамилиите кои имаат некоја слава. Охридските пазарџии велат од година во година опаѓа куповната моќ на граѓаните а со тоа и нивниот промет се намалува, а цените сметаат дека се нормални. Но граѓаните кои ги анкетиравме на денешното студено време, сметаат дека охридскиот пазар е скап, а дел од нив имаа и други...

Continue reading

Охриѓани заинтересирани за средствата од ИПАРД 2 Програмата

Post Views: 8   Во охридскиот регион има голема заинтересираност, за искористување на средствата од ИПАРД програмата. Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој во јануари 2017 година ќе објави Јавен повик за доставување барања за користење финансиски средства од Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија – ИПАРД 2 програмата за периодот 2014-2020 година, пренесува Билјана Ѓорческа одговорната на охридската работна единица. Таа нагласи дека во ИПАРД 2 програмата имало новини кои досега не биле застапени. „Интересно е да се...

Continue reading

Србинот обвинет за убиството на Димитар Матилоски од Охрид ја призна вината

Post Views: 6   Во Основниот суд Охрид денес почна и заврши судскиот процес против србинот кој пред нецела година за новогодишните празници на смрт го претепа 26 годишниот Димитар Матилоски од Охрид. Обвинетиот српски државјанин Бојан Угреновиќ од Краљево на неговото денешно прво појавувување пред Судскиот совет ја призна вината, изразувајќи каење за стореното дело и жалење за последиците. Семејството на Матилоски во изминатиот период направило и приватно вештачење за овој немил настан, кое според сестрата на починатото момче Цветанка Матилоска-Пешиќ, покажало елементи и докази за...

Continue reading

Научна конференција „Современите концепти на кризниот менаџмент“

Post Views: 2   „Современите концепти на кризниот менаџмент“ е тема на Меѓународната научна конференција која се одржува денеска и утре во Охрид, во организација на Центарот за управување со кризи на Македонија. Директорот Агрон Буџаку истакна дека периодот на одржување на оваа конференција дава можност да се укаже, дека годинава што измина е во знакот на големи предизвици за безбедноста на голем број држави. Предизвици од различен профил, карактер и распространетост, кои како никогаш досега ја нагласиле нужноста од заедништво и координирано дејствување во справување со истите. „Ова...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top