Автор: Николоска Биљана

sednica

Кој ќе ги потпише сведителствата во Подгорци?

Post Views: 6 Трета година по ред учениците на ОУ „Гоце Делчев“, од струшкото село Подгорци, добиваат незаконски сведителства. Прашање е дали деветнаесет ученици кои учат на албански јазик во ова училиште ја имаат добиено потребната согласност од Министерството за образование и наука, за формирање на паралелки на албански јазик. Тоа сеуште е дискутабилно, за што реагираат советниците на ВМРО – ДПМНЕ и на СДСМ, а Локалната самоуправа по се изгледа се обидува одлуката за легализација на паралелките да ја протурка на  мала врата. Наташа Пинтоска советничката на СДСМ на последната седница...

Continue reading

Пчеларите се соочуваат со тешка сезона

Post Views: 3 Годинешнава пчеларска сезона завршува со тешки последици. Пчеларите предупредуваат дека состојбата е алармантна бидејќи излезот од зимата бил лош, пчелите не биле добро опоравени, а со самото тоа и нивната паша била слаба. Претседателот на Пчеларското здружение од Охрид, Тони Јосифовски вели дека пчелариве од регионов тоа го почуствувале и од финансиски аспект, бидејќи имале многу големи давачки за прихрана на пчелите и за одржување на бројката на пчелните семејства. „Месец и половина се обидуваме да воспоставиме контакт со надлежното министерство, со професорите од...

Continue reading

Дефицитот на кадар и натаму проблем во хотелско угостителскиот еснаф

Post Views: 0 Хотелско угостителскиот еснаф подолг временски период се соочува со дефицит на кадар од различни профили. Но добар дел и од сопствениците кои вложуваат огромни средства во своите ресторани, хотели, туристички агенции, треба да вложуваат и во својот персонал и правилно да менаџираат со нивните стопански објекти, вели Деканот на ФТУ Цветко Андреески. „Ние гледаме колку што е во наша можност да им помогнеме на тие хотели, ресторани туристички агенции. Нашите студенти ги распределуваме на практична работа и тоа во оној период кога тие им се најпотребни и да бидат од корист...

Continue reading

abdul kadri sej

Протест поради исклучена струја

Post Views: 4 Велештани денес го блокираа влезот на Струга. Околу 200 жители на струшкото село Велешта протестираа поради ненајавено  исклучување на струја од страна на ЕВН. Напнатата атмосфера започна уште синоќа, кога толпа револтирани граѓани ја нападнаа дирекцијата на ЕВН Струга, при што ги искршиле влезните врати.Претседателот на Месна заедница Велешта Абдул Кадри Шеј, денес излезе со став дека многу се лути на постапката на ЕВН и начинот на кој ненајавено исклучуваат струја. Додава дека нема неплаќачи на струја и како и за сите и за нив, постои закон. „Ние три месеци со нив...

Continue reading

Не работи компјутерскиот томограф во охридската болница

Post Views: 3 Откажа еден од главните делови од компјутерскиот томограф на Одделот за радиологија при Општа болница Охрид. Првиот човек на оваа установа Мр Славица Малеска Стојадиновиќ појаснува дека станува збор за откажување на рентгенската цевка, за што тие веднаш презеле соодветни мерки. Контактиран бил генералниот застапник за Македонија, фирмата Нет Електроник од Скопје, со цел да добијат стручно мислење за настанатиот проблем. „ Кога дојдоа од Нет Елктроник направија записник во кој се констатира дефект. Јас би цитирала дел од тоа: „Дотраеноста, односно максималната искористеност...

Continue reading

gradonacalnici

Ден на Охридското езеро

Post Views: 5 Одбележан Денот на Охридското езеро. Годинава домаќин општина Струга. Градоначалникот Рамиз Мерко, ја пофали десетгодишната соработка со двете соседни општини Охрид и Подградец, и посебно стави акцент на бенефитот од збратувањето. „Денеска ние се движиме на граница меѓу Македонија и Албанија со лични карти“-истакна Мерко. Изминативе 10 години постигнавме добра соработка, така и ќе продолжиме, нагласи градоначалникот на Подградец, од соседна Албанија, Артан Шкмби. „Имаме доста вложување во заедничка трговија и заеднички вложувања во заштита на Охридското езеро, значи...

Continue reading

Фестивалот Охридско лето помина во беспрекорна организација

Post Views: 10 Полни гледалишта, позитивната критика и задоволните уметници се доказ дека годинешново 57 издание на реномираниот фестивал „Охридско лето“, помина во беспрекорна организација, истакна директорката на оваа установа Сузана Вренцоска, на денешната завршна прес конференција. Вренцоска нагласи дека политиката што ја води установата е доближување на културата до граѓаните, збогатување на културните содржини со нови како и развој на културниот туризам со промоција на културното наследство. „Со тимска работа, почитувајќи ја традицијата продолжиме да ја градиме вредноста на...

Continue reading

Струга и Охрид преплавени со питачи

Post Views: 10 Атрактивните туристички центри Охрид и Струга, покрај тоа што се магнет за туристите, посебно во лето се привлечни и за питачите. И оваа туристичка сезона во централното градско подрачје на Охрид регистрирано е присуство на питачи, додека пак во Струга сликата е драстично поалармантна, таму ги има насекаде. Граѓаните забележуваат дека покрај тоа што питачите се наметливи кон минувачите и туристите, често се случува доколку на питачите не им дадете по некој денар, тие да се и агресивни. Од СВР Охрид потврдуваат дека во летниот период бројот на малолетни лица што питачат...

Continue reading

sednica

Прекината седница во Струга

Post Views: 1 Урбаната опрема, зголемувањето на цената на водата и незаконското работење на паралелките во Подгорци, главни теми на менито забелешки на струшките советници, кои денес ги изнесоа на 40 есеттата седница на советот. Јулијана Зуноска координаторот на ВМРО – ДПМНЕ, вели дека неможе во континуитет да се предлагаат точки кои се за покривање на претходно донесени незаконски одлуки и точки кои се спротивни на интересите на граѓаните на општина Струга. „Советничката група на ВМРО – ДПМНЕ загрижена од состојбата со поставувањето на поставувањето на урбаната опрема, од начина...

Continue reading

Основниот Суд и во летниот период се справува со зголемеиот обем на работа

Post Views: 10 Туристите кои имаат станови во Охрид, но и нашите иселеници на привремена работа во странство, укажаа на одредени забелешки кои се однесуваат на работата на судската администрација. Нивниот престој во Охрид покрај тоа што го користат за одмор, добар дел од нив ги средуваат и институционалните обврски, меѓу кои и предметите кои им се заглавени во судовите. Тие велат дека во Основниот суд во Охрид тешко можеле да ги завршат своите обврски додека се на одмор, бидејќи не можеле да ги затекнат судиите кои ги решаваат нивните предмети. Секретарот на Основниот суд во Охрид,...

Continue reading

Сеуште има слободни места во ученичкиот дом на угостителското училиште во Охрид

Post Views: 3 Сеуште има место во ученичкиот дом кој работи во рамките на ОУ „Ванчо Питошески“, Охрид. Во овој дом може да се сместат 135 ученици информираше заменик директорот на училиштето Перчо Божиноски. Додава дека во двата уписни рокови, јунскиот и августовскиот досега биле запишани 102 ученици. Божиноски спомна дел од условите кои треба да ги исполнуваат учениците за престој во домот, а исто така кажа дека сместувањето и оброкот на учениците е бесплатен, односно трошоците ги покрива Министерствот за образование. „Учениците најпрво пополнуваат електронска пријава, од оваа година...

Continue reading

„Шшш… Гола сум!“ – прва самостојна изложба на Марина Трајковска

Post Views: 0 Несекојдневна изложба на фотографии со наслов „Шшш… Гола сум!“. Младата скопјанка Марина Трајковска синоќа во Охрид во „Објектив бар“ ја имаше својата првата самостојна изложба. Таа пред камерата на ТВМ открива од каде добила инспирација храбро и помалку невообичаено за нашите простори да изврши селекција од 15 фотографии на голо женско тело. „Да бидам најискрена јас овој потег не го сметам за толку храбар бидејќи самата голотија како голотија е нешто ново кај нас, но во светот тоа е сосема нешто вообичаено и не се реагира на тоа чудно и мислам дека оваа изложба...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top