Post Views: 13
Проблемот со каменоломите во струшко Лабуништа наместо да се реши, дополнително се комплицира. Денес народните избраници од оваа месност на 41 та седница на струшкиот совет реагираа до надлежните, да ги преиспитаат уште еднаш нивните барања во врска издавањето на плус 3 нови концесии за каменоломи. Абдула Ќазимоски советникот на Нова демократија од Лабуништа, вели дека извештаите од инспекторите кои направиле увид биле лажни.
„Инспекторите од Министерството за екологија дојдоа ми дадоа записник и лично се потпишав на записникот каде беа констатирани неправбилности во...
Post Views: 1
Околу 40 вреќи отпад, пластични шишиња, лименки, тенџериња, гуми извадија нуркачите од Охридското Езеро на потегот од старото пристаниште до каналот Студенчишта. И годинава Клубот за подводни дејности Охрид“ и Нуркачниот Центар „Амфора“ ја реализираа традиционалната акција за чистење на езерското дно од цврст отпад. Горан Балевски пренесе дека тие како клуб учествуваат со комплетна опрема но и со голема желба да допринесат во зачувување на ретките природни вредности како што е нашиот oхридски бисер, езерото.
„Акцијата има единствена цел да се влијае на свеста. Јас во...
Post Views: 0
Професионално длабинско и хемиско чистење на автомобили. Деновиве во нашиот град охриѓани го забележуваат атрактивното мобилно возило за миење коли. Идејата ја реализираа младите Никола и Бојан, кои како што велат не им требало некоја посебна анализа за да се одлучат за еден ваков бизнис. Тие следејќи ги модерните текови и брзите текови на живот деновиве ја отворија првата фирма во Македонија за мобилно и еко миење на автомобили.
„Еко Ваш“ работи на принцип на водена пареа, ние сме први во Охрид што работиме на тој принцип. Предностите се во тоа што правиме 80% помала...
Post Views: 1
Охрид и годинава беше дел од големото семејство градови кои ја одбележуваа Европската недела на мобилност 2017 и Денот без автомобили. Охриѓани со учество на традиционалното велосипедско дефиле низ охридските улици упатија порака за почесто користење на алтернативни видови превоз за почиста и поздрава животна средина. Настанот е во организација на општина Охрид и Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот а во дефилето покрај, велосипедистите, рекреативците, средношколците и граѓаните учествуваше заменик градоначалникот Ангел Јанев и претседателот на општинскиот...
Post Views: 7
Старата добро проверена тактика, во пет до дванаесет да се доставуваат материјалите за суштинските точки и овој пат не изостана на 41 та седница на струшкиот Совет. Станува збор за точката која се однесува за поставување на урбаната опрема за 2012 година на територијата на општина Струга. Комисијата за урбанизам добро ја изготвила програмата но кога е во прашање нејзината реализација на терен, тука застануваат сите работи констатира, Момчило Аврамоски, советникот на ВМРО – ДПМНЕ.
„Јас ја поддржувам одлуката на комисијата за редовна наплата на сите издадени објекти...
Post Views: 14
Молчењето на администрацијата најголем проблем во имплементација на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Непостапувањето на имателите на информацијата во рокот што е предвиден во законот, 30 до 40 дена е проблем кој ја засега и Комисијата, вели Цвета Трајковска обучувач од оваа комисија. Денес во Охрид на оваа тема се одржа и работилница, каде беше прeтставен Законот, пред претствавници од различни институции, односно иматели на информации. Трајковска посебно се осврна на барателите на информации од страна на новинарите.
„Нашето искуство покажува...
Post Views: 7
За хигиената, односно нехигиената во Струга, граѓаните можат да напишат томови на книги. Секоја уличка и сокак крие по некој проблем, поврзан со комуналната негрижа на оние кои се надлежни за тоа. Имено вчера, додека нашата екипа беше на терен, ни пристапија видно револтирани граѓани од централното градско подрачје, за да ни кажат што се случува пред влезот на нивната куќа, поточно веднаш позади хотелот „Београд“. Тие велат дека многу инвестирале за куќата, направиле и дуќани за издавање под кирија, но неможат да ги издадат точно поради сметот кој секоја вечер им се...
Post Views: 5
Македонија мора да има стратешки пристап кон актуелните теми како што е насилниот екстремизам, радикализам, тероризам и менаџирање на кризни ситуации и не смееме да дозволиме екстремистички организации да се споротивставуваат на нашиве вредности за универзални човекови права, еднаквост пред законот демократија и целосно функционирање на нашето општество, истакна Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на втората Конференција за справување со верски екстремизам, која што се одржува во Охрид. Спасовски истакна дека првите чекори за јакнење на капацитетите на државата...
Post Views: 4
Јубилејно одбележување на Меѓународниот ракометен турнир Струга 2012 година. После 40 години од постоење на овој турнир во Струга, тој има свое име на спортската и туристичката карта во Европа и светот. За целта, деталите, програмата и важноста на овој турнир како за Струга, така и за РМ, кажа годинешниот претседател на турнирот, пратеничката од ВМРО – ДПМНЕ од Струга Лилјана Затуроска.
„Изникнат во далечната 1973 година, како желба на група струшки ентузијасти овој турнир прераснува во реномиран, респектабилен меѓународен спортски настан во кој низа години наназат...
Post Views: 4
Самохрана мајка на две малолетни деца бара дом. Живее во Охрид под кирија во трошна соба од неколку квадрати полна со влага во речиси никакви услови.Животот ми е пекол, раскажува младата Жаклина Николоска. Нејзините родители ја избркале од дома, а таа по кратко време станува мајка. Жаклина вели дека таткото на децата не сакал да се грижи за нив. Од тогаш за неа почнуваат маките. Во потрага по кров над главата таа не знае каде да побара помош.
„Зошто ова држава не се интересира за вакви случаеви како што сум јас. Незнам ни сама колку пати во оваа држава пратив документи...
Post Views: 0
Во партиските штабови се кројат кандидатските листи. Рокот за поднесување на листите истекува вечерва на полноќ а според искуството од минатото партиите прават пазарења и во последен момент. Голем дел од имињата кои ќе влезат во трката за градоначалничко или советничко место се веќе познати. Кандидатската листа на охридските социјалдемократи ќе ја предводи специјалистот по интерна медицина д-р Костантин Георгиески. На таа листа се најдоа и имињата на Живка Ангелоска, Мишел Силјаноски, Сашо Ставрески, Елеонора Куноска. Добри позиции на листата на СДСМ и поголема веројатност...
Post Views: 0
Хирургија на катаракта и новиите можности за отстранување на пердето со т.н ласерски операции, сесија за глауком, како и сесија за конзервативни заболувања на мрежницата од типот на дијабетична ретинопатија, се главните теми на четвртиот Конгрес на офталмолози на Македонија кој од денес па се до 17 ти овој месец се одржува во Охрид. Проф. д-р Весна Димовска Јорданова вели дека врвни Европски офталмолози ќе дискутираат на овие тем бидејќи овој Конгрес е национален со меѓународно учество.
„Првиот ден имаме посебна сесија на Европската асоцијација за катаракта и рефлективна...