Урбаната опрема во 5 до 12 на седница во Струга

Струшките советници ја одржаа 41 седница.

 |  Николоска Биљана  | 
sednica sovet
седница совет

Старата добро проверена тактика, во пет до дванаесет да се доставуваат материјалите за суштинските точки и овој пат не изостана на 41 та седница на струшкиот Совет. Станува збор за  точката која се однесува за поставување на урбаната опрема за 2012 година на територијата на општина Струга. Комисијата за урбанизам добро ја изготвила програмата но кога е во прашање нејзината реализација на терен, тука застануваат сите работи констатира, Момчило Аврамоски, советникот на ВМРО – ДПМНЕ.

 Momcilo Avramoski„Јас ја поддржувам одлуката на комисијата за редовна наплата на сите издадени објекти и нивната одлука за редовна контрола од страна на комуналните инспекции. Но мислиме дека огромерн процент од оваа урбана опрема не ги исполнува пропишаните услови во програмата. Затоа ние бараме редовно да ни биде презентиран регистарот за издадени одобренија за поставување и отстранување на урбана опрема. Ние добивме еден табеларен преглед кој што го добивме пред седница.“-вели советникот од ВМРО-ДПМНЕ, Момчило Аврамоски.

Сурија Рушити, советникот на ДПА имаше скоро идентична  забелешка како онаа на советникот Аврамоски. Тој додаде дека има впечаток оти комуналните инспектори делувале селективно и за да се увери во спротивното побара детален извештај на записниците на инспекторите.

Merko i sovetnici„Со тоа што го имаме во компјутерот неможеме да забележиме дали станува за Струга, Охрид или некоја друга општина. За да биде програмата потполна потребни се и графички и табеларни прикази кои сега ги добивме но фактични тоа за советниците значи малку бидејќи се само бројки а без графици не можеме да анализираме. Пред некој ден навечер јас случајно го сретнав ком инспектор кој ги посетуваше кафаните во 11, 12 часот навечер, но имамедна мала дилема дека инспекторот направил селективни контроли. Јас несакам во тоа да поверувам.“-рече Сурија Рушити од редовите на ДПА.

Претставникот на Комисијата за урбанизам Сретен Бандоски, вели дека годинава програмата за поставување на урбана опрема ја работеле внимателно и посветиле голем ангажман од нивна страна. Воедно ги прифатиле сите позитивни сугестии на советниците околу истата. Но сепак , признава дека треба уште анализи на терен околу бројката на постоечки угостителски објекти како би се средила сликата во градот на ова поле.

sovetnici DPMNE„И затоа оваа комисија место анкетна предложивме оваа комисија да ја задолжи општинската администрација да изврши целосен увид на сите објекти кои се поставени од 1980 година до денеска да бидат презентирани во вид на регистар и да го разгледуваме тој проблем на седницата во месец октомври. Значи за да немаме секогаш препукувања. Јас имам доверба во службите и мислам дека ќе имаме добар и коректен извештај.“-изјави Сретен Бандоски, од комисијата за урбанизам.

И оваа сезона во Струга во врска поставувањето на урбаната опрема ќе испадне како во народната „Кучињата лаат караванот си врви“. Останува да видиме дали конечно ќе се најде маж да се справи со целиот тој хаос, кој факт е дека фрла црна дамка врз туристичката сезона. Инаку на оваа седница струшките советници дадоа зелено светло за проширување на буџетот на општина Струга за 2012 година со средства во висина од 600 000 денари, донација на УНДП, средства кои ќе се користат за потребите на двете струшки гимназии.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top