Post Views: 0
Во пресрет на најголемиот христијански празник Велигден петта година по ред на плоштадот „Крушевска Република“ се одржува Велигденски базар. Локалната самоуправа во соработка со ЈП „Градски Пазар “ и годинава преку овој настан покажува солидарност, еднаквост, поттикнување на социјалната вклученост на лицата во социјален ризик, како и промоција на автентичните македонски специјалитети кои се подготвуваат за време на големите пости но и за самиот ден Велигден. Вештите раце на вредните излагачи и годинава понудија интересни велигденски украси и специјалитети.
„На нашата...
Post Views: 1
Голем дел од градилиштата во Охрид не се заштитени. Граѓаните укажуваат дека истите се несоодветно оградени и не се обезбедени според прописите. Нивниот страв да поминат покрај објектите кои се во градба е оправдан. Во нашата редакција се пожалија граѓани за објектот кој што е во изградба, а е во непосредна близина на општинскта зграда наспроти средното училиште Св Кирил и Методиј. На балконите од тој објект имало градежен материјал, кој поради мало невнимание може многу да ги чини минувачите. Граѓаните бараат поголема одговорност од општинскиот градежен инспекторат....
Post Views: 1
Одложена е продажбата на вториот објект на МЈП Проаква, во Струга. На последната седница на струшкиот Совет не помина точката за оттуѓување на недвижниот имот на МЈП Проаква Р.Е. Струга. Истата беше одложена за наредната седница. Сепак, градските власти и раководниот тим на претпријатието, гледаат оправданост од една ваква постапка. Градоначалникот Рамиз Мерко смета дека продажбата на зградата би била во интерес на нови инвестиции за градот, а со самото тоа и ќе порасне и приливот на средства во општинската каса.
„Во тој дел на градот има ДУП кој предвидува градба...
Post Views: 7
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, на денешната средба со албанскиот министер за земјоделство и рурален развој Нико Пелеши, истакна дека итно е потребно на формирање на работни групи со надлежни институции помеѓу двете земји со цел унапредување на трговската размена.
„Овде во Охрид се одржува нашата прва средба. За месец дена договоривме средба во Корча или во Тирана во Албанија. Драго ми е што отворивме повеќе прашања кои што со години стојат во нашата соработка како држави. Она што првин го дискутиравме е трговска размена помеѓу...
Post Views: 1
Охридските школи од почетокот на второто полугодие немаат интернет. Овој проблем не е присутен само во Охрид, туку во сите училишта во Македонија. Наставниците не можат да реализираат настава според ИКТ-програмата, па така добар дел од обврските како што е тоа е- дневникот тие го завршуваат дома. Директорката на ОУ „Христо Узунов“, Оливија Пирузева Јанева вели дека немаат информација од Министерството за образование за што точно се работи, дали доцни тендерот или воопшто не е распишан, но тие како училиште се снашле на свој начин.
„Нашето училиште има интеренет не сме...
Post Views: 0
Денес во општина Охрид се одржа комеморација по повод смртта на академикот Цветан Грозданов. На неа, се обрати градоначалникот Јован Стојаноски, кој рече дека со денешната комеморација, се оддолжуваме кон ликот и делото на Грозданов изразувајќи ја нашата искрена и огромна почит кон човекот кој животот му го посвети на овој древен град и прецизно го позиционира на врвот на светските цивилизациски вредности.
„Во ова време на тага, кога физички академикот Грозданов не е меѓу нас, неопходно е да собереме сила и со отворен ум и срце, да му ја оддадеме должната почит и да...
Post Views: 1
Голема детска журка на градскиот плоштад во Охрид по повод Денот на шегата. Таму денес се пееше, се свиреше, а најмногу се слушаше детскиот џагор и смеа. Иако 1 Април се падна во недела , најмалите охриѓанчиња од градинката Јасна Ристеска на првиот работен ден продефилираа маскирани низ охридските улици. Главнот настан се случуваше на градскиот плоштад каде беа изведени посебни кореографии и музички точки. Децата на посебен начин го доживуваат музичкиот хепенинг. Тие се секогаш подготвени за шега, и тие со радост сакаат секој ден да се пошегуваат на овој ден, кој традиционално...
Post Views: 9
Црквите и џамиите во Струга ослободени од комуналии. Струшките локални власти удоволија на барањето на Македонската православна црква и исламската верска заедница, сите верски објекти на подрачјето на општина Струга кои се предмет на легализација, да бидат ослободени од надоместокот за уредување на градежно земјиште. Секретарот на општина Струга Зоран Гулицоски прецизно појаснува за каква одлука станува збор.
„Значи сите верски објекти кои што се изградени без одобрение а за кои што се доставени барања за легализација се ослободуваат од надоместок за уредување на градежно...
Post Views: 0
Синоќа на 82 годишна возраст во Скопје почина академик Цветан Грозданов. Грозданов е роден на 5 март 1936 година во Охрид. Студирал на Филозофскиот факултет во Белград, каде што дипломирал и ја одбранил својата докторска дисертација, специјалирал византологија во Париз. Во 1985 година е избран за редовен професор на Филозофскиот факултет во Скопје. Грозданов е првиот македонски министер за култура во експертската влада на Никола Кљусев. Беше претседател на Македонската академија на науките и уметностите од 2004 до 2008 година. По крајот на својот мандат, академик Цветан...
Post Views: 1
Драгица Матилоска ја објави својата втора книга под ист наслов како и првата „Мојот Живот после изгубен живот“. Мајката чие што момче свирепо беше убиено и оставено на ладната калдрма пред Табана, не престанува да пишува и твори, евоцирајќи ги спомените на својот 26 годишен син Димитар, кој премлад заврши на студените градски гробишта. Таа кажува дека живее за да ги исполни ветените обврски пред нејзиниот син, да има кој да ја отвори куќата и да го запали светлото, кој да го навади лимонот и да пие кафе на тераса во нивната куќа во Варош.
„Живеам да живее и домот во...
Post Views: 2
Охридскиот народен театар годинава во својата програма ќе има можност во својот репертоар да вметне претстава плус. Станува збор за соработка која што досега не е реализирана со Локалната самоуправа на општина Охрид, вели директорот Стрезо Стаматоски, кој појасна за што станува збор.
„За прв пат оваа година од постоењето на театарот, оваа година во преговори со градоначалникот Јован Стојаноски сме за Локалната самоуправа да одобри одредени средства за да се направи уште една претстава, сега засега само е преговарано во однос за тоа имаме зелено светло“.
Доколку се реализира...
Post Views: 6
Охридските бреинобреин генијалци на средба со градоначалникот Јован Стојаноски. Тие пред првиот човек на градот се пофалија со постигнатите резултати од првиот Национален Бреинобреин натпревар „БОБ ФЕСТ Србија 2018“ кој се одржа на 18 ти март во Белград.
„Освоивме се што може да се освои таму бидејќи навистина бевме вон конкуренција бидејќи другите центри околу нас се стигнати до 6, 7 ниво. Така да сме лидери и она што е многу важно и за општината и за нас како центар голема желба пројавија од Центарот во Виена во Австрија и од бреинобреин центарот во Сараево во БиХ...