• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Преработка на охридската староградска песна, идеја за нов проект на охридскиот театар

Преработка на охридската староградска песна, идеја за нов проект на охридскиот театар

Општина Охрид оваа година за прв пат од сопствениот буџет треба да одобри средства за проект од театарската уметност. Од охридскиот народен театар ја поздравуваат оваа идеја и веќе имаат осмислено која претстава ќе ја подготват што ќе побуди голем интерес кај публиката.

 |  Николоска Биљана  | 

Охридскиот народен театар годинава во својата програма ќе има можност во својот репертоар да вметне претстава плус. Станува збор за соработка која што досега не е реализирана со Локалната самоуправа на општина Охрид, вели директорот Стрезо Стаматоски, кој појасна за што станува збор.

За прв пат оваа година од постоењето на театарот, оваа година во преговори со градоначалникот Јован Стојаноски сме за Локалната самоуправа да одобри одредени средства за да се направи уште една претстава, сега засега само е преговарано во однос за тоа имаме зелено светло“.

Доколку се реализира проектот кој треба да го финансира општина Охрид, охридската публика ќе има можност да гледа 4 нови претстави на охридскиот народен театар, покрај трите кои ги одобри Министерството за култура. Стаматовски открива дел од идејата за концептот на новата претстава.

Сега за сега сме на идеја да земеме мотиви од охридската староградска песна, да ги преработиме во едно сценарио, во еден текст, кој што потоа би се изведувал. Тоа би било една мултимедијална изведба со музика во живо со пеење од каде дошле и настанале песните, некои наши видувања. Во секој случај забавен и интересен процес и ќе побуди голем интерес кај охридската публика

Стаматоски годинава очекува поголема соработка и со фестивалот Охридско Лето. Веќе биле во преговори со директорката на оваа установа, Сузана Вренцоска и неговите амбиции се, на Охридско Лето охридскиот народен театар годинава да излезе со премиера.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top