Post Views: 0
Охрид го одбележа денот на пожарникарството. Градоначалникот Јован Стојаноски, претседателот на Советот и директорите на јавните претпријатија го посетија објектот на територијалната противпожарна единица и извршија увид во нивната работата. Градоначалникот на охридските пожарникари честитејќи им го денот, се заблагодари за нивната пожртвуваност и професионалност во извршувањето на нивните обврски и им посака помалку работа . Командирот на ТППЕ, Спасе Прентоски ја истакна важноста за одбележувањето на денот на пожарникарството, кој во нашата земја се прославува од нејзиното...
Post Views: 20
Нема повеќе паушално плаќање и аконтација за потрошена вода. МЈП „Проаква“ од неодамна отпочна со реализација на нов проект, односно на сите водомери ќе бидат монтирани картички со бар кодови. Со еден ваков проект првиот човек на водоводното претпријатие Владимир Алексијоски смета дека ќе ги реши сите проблеми кои досега се јавуваа со паушалното и аконтативно плаќање на потрошена вода.
„Согледувајќи ги досегашните аномалии во врска со внесувањето на состојбите на броилата од потрошувачите, одлучивме да воведеме новина а тоа е поставување бар кодови на самите броила...
Post Views: 0
Младинскиот Центар од Струга ги собра сите директори на струшките јавни и приватни образовни установи. Целта на средбата беше потпишување меморандум, со кој директорите треба да се залагаат за мир и толеранција во училиштата во престојниот предизборен период. Меморандумот значи отпочнување на една значајна соработка помеѓу струшките училишта, вели Бранкица Затаракоска од МЦ Струга.
„Иницијативата покрената од директорите на училиштата, поддржана од граѓанските организациии и општина Струга, дојде до идеа да оформи меморандум за зедничко делување кој што сите директори...
Post Views: 3
Денес во Охрид почна работниот дел од парламентарните разговори во рамки на дијалогот Жан Моне кој претставува клучен принцип на консензус за обединет пристап кон Евро-атлантските интеграции за граѓаните на РМ и институционално јакнење на Собранието како демократски столб на сите реформи. Средбата е иницирана од европратениците Иво Вајгл, Кнут Флекенштајн и Едуард Кукан. Клучните теми за кои се дискутираше на денешната дебата е Деловникот за работа на Собранието, Етичкиот кодекс, буџетската независност на македонското Собрание, како и други прашања насочени кон јакнење...
Post Views: 8
Струшкиот Совет ја одржа последната седница. Обременета со повеќе точки истата помина напнато. Една од пожешките точки која ги разбранува политичките гледишта на советниците, беше легализацијата на бесправно изградените објекти покрај езерскиот појас. Никола Затуроски од ВМРО – ДПМНЕ истакна дека самото ставање на точка на дневен ред, Предлог одлука за утврдување потреба од донесување Планска урбанистичка документација односно усогласување на намената на градежното земјиште за бесправните објекти е невиден цинизам и мајтапење на законските прописи. Затуроски додава...
Post Views: 9
Со доделување на сертификатите на учениците, учесници во „Зелената Академија“ отпчна првата активност на проектот „Посвојте парк“. Станува збор за мошне важен преокт од областа на екологијата, чија што цел е да се развие свеста кај младите за еколошките проблеми со кои се соочува Македонија, како и тоа да се инспирираат сами да преземат активности за да ја подобрат лошата состојба во која се наоѓа замјава во насока на еколошка свест, вели Катерина Василеска проектниот координатор од „Локалната агенција за развој“.
„После оваа активност, „Зелената академија“ која што...
Post Views: 33
Заводот за кардиоваскуларни заболувања „Св Стефан“ годинава се вклучува во одбележување на неделата на хипертензија односно висок крвен притисок, во соработка со фармацевтската куќа „Крка“. Директорката на Заводот, д-р Елена Коваческа Башуроска вели дека почнувајќи од утре 16 мај од 10 до 14 часот во кардиолошкиот центар ќе се вршат бесплатни прегледи на кои ќе се мери крвен притисок, ќе се прави ЕКГ а ќе се делат и здравствени совети од стручен медицински тим.
„Предвидовме неколку дневни активности со цел подигнување на свеста на граѓаните за важноста на рано откривање,...
Post Views: 1
Заштита од исчезнување на традиционалната и регионалните кујни, поттикнување на земјоделството со растенија, семиња и добиток карактеристични за локалниот екосистем и производство на храна чија технологија е базирана на знаењето на локалното население се целите на светското Слоу фуд движење кое 10 години е присутно и во Македонија. Своите цели за одржлива храна и промоција на локалните мали производители Слоу Фуд се обидува да ги реализира преку агенда, насочена против глобализација на земјоделсвото и гастрономијата.
„Филозофијата е концепирана н атри клучни зборови,...
Post Views: 0
Купишта градежен шут, искршени плочки, цигли, остатоци од стари куќи, хартија, картони, ѓубре од домаќинствата, може да се види по течението на реката Црн Дрим, посебно на потегот од Мороишки мост спрема Струга. Згора на се, очигледно е дека овој потег долги години е неуредуван и личи на змијарник обраснат во грмушки и трева која навлегува во коритото на реката. После браната кај црквата Св Петка во Струга, реката Црн Дрим продолжува да тече на диво, иако минува низ населени места, кои исто така би требало да бидат заштитени од потенцијални поплавувања со регулирано...
Post Views: 0
Охридските нуркачи успешно ја спроведоа акцијата за чистење на дното на Охридското Езеро. Пред самиот почеток на летната туристичка сезона Клубот за подводни дејности „Охрид“ и членовите на НК Амфора вчера на потегот од градското пристаниште до Канео го чистеа езерото од од цврст отпад.
„Секоја година од дното на езерото вадиме многу цврст отпад но можам да потенцирам дека последниве години имаме се помалку отпад, што значи дека овие акции и тоа како придонесуваат за подигнување на свеста кај граѓаните за зачувување на Охридскот Езеро“ – вели Милутин Секулоски...
Post Views: 0
Без одобрение за градба, не може да се гради, никаков објект, категоричен премиерот на РМ Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање околу тоа, дали е запознат со реконструкцијата на Али Пашината џамија која се гради и покрај забелешките на надлежните институции кои констатираа прекршувања на прописи и други незаконитости.
„Ако нема одобрение за градба не треба да се гради. Ако не постапи општинскиот инспекторат за градежништво ќе постапи државниот инспекторат. Во Македонија важат законите и тие мора да ги почитуваат сите. Јас исклучително испраќам порака да се почитуваат...
Post Views: 1
Нов луксузен хотел во Охрид. Unique Resort & Spa, лоциран во близина на Билјанини Извори синоќа ги отвори вратите на урбаното угостителство и хотелиерство во Охрид и пошироко. Даниел Јакимоски од менаџерскиот тим на хотелот истакна дека горди се на оваа инвестиција која е резултат на нивната напорна и визионерска работа, во која сите максимално се вложиле со цел на клиентите и гостите кои ќе ги посетат да им понудат бројни содржини во кои максимално ќе уживаат и ќе се опуштат. На отварањето се обрати Климентина Мартиноска член на одборот на директори од хотелот.
„Хотелот...