Автор: Николоска Биљана

fzo struga

Отворен ден во ФЗО, Струга

Post Views: 0 Отворен ден во ФЗО, Струга. Осигурениците  остварија директни средби со претставниците на Фондот за здравствено осигурување од подрачната единица како и со Бојан Цветковиќ, директорот на Секторот за управување со човечки ресурси. Цветковиќ покрај што бил запознат со работата на службите, пријатно бил изненаден како што и самиот кажа од коментарите на осигурениците кои изразиле задоволство од работата на подрачната единица во Струга во секој поглед. „Фондот е транспарентен, отворен во секое време за секое прашање, можам да ги кажам и тел броеви кои можат да ги свртат...

Continue reading

ucenici josip broz tito

О.У. „Јосип Броз Тито“, доби нафта за греење

Post Views: 6 О.У. „Јосип Броз Тито“, доби нафта за греење. Од денес наставата се одржува во загреани училници. Сепак од школото напоменуваат дека мора да се води економија бидејќи станува збор за 8 тони нафта, количина која доколку се грее нормално во зимската сезона е доволна за два месеци. Се врати детскиот џагор во О. У. Јосип Броз Тито Струга. Во текот на вчерашниот ден пристигна нафта за греење. После два дена без настава, учениците повторно седнаа во училишните клупи. Децата велат дека денес веќе се чуствува топлина во училниците и за прв пат после долго време ги соблекле јакните...

Continue reading

pastrmka

Започна вештачкиот мрест на пастрмката

Post Views: 25 Струшкото мрестилиште Шум подготвено е да ја прими икрата од охридската пастрмка наменета за вештачиот мрест. Со околу 20 илјади зрна икра вчера во струшкото село Радожда отпочна мрестот на охридската пастрмка. „Ние сме подготвени годинава да примиме над 2 милиона икри се надеваме дека имајќи ги во предвид предусловите, заштитата, вложувањата и интересирањето на државата и она што се прави сега ќе успееме да го зголемиме производството односно рипчињата што ќе ги произведеме да бидат најмалку 80% повеќе од минатата година“. Директорот на Државниот инспекторат за земјоделство...

Continue reading

dijaliza

Тодоров: Концесијата ќе ги подобри условите на дијализа

Post Views: 7 Отуѓувањето на еден сегмент, односно центарот за дијализата од струшкиот Завод за нефрологија нема негативно да се одрази врз работата на институцијата, тврди министерот за здравство Никола Тодоров. Според него концесионерите ќе ги подобрат условите во центрите за дијализа, во полза на пациентите но и на вработените. „Вработените нема од што да стравуваат затоа што спеоведовме постапка во која комплетно ги гарантираме правата на вработените. Тие можат да изберат дали ќе преминат во новата здравствена установа на концесионерот или ќе останат во постојната здравствена...

Continue reading

jablanica

Во Вевчани ќе се гради ски центар

Post Views: 1 Вевчани ќе добие современ ски центар. Истиот предвидено е да се изгради на планината Јабланица во месноста Јанков Камен, кое се наоѓа над Вевчани. Според најавите на градоначалникот Цветомир Угриноски, во тек е изработка на проект за овој ски центар и истиот ќе се гради по пат на јавно приватно партнерство. „Овде веќе престојуваа екипи ги разгледаа терените на кои што треба да се изградат ски центрите, хотелите и викенд населбите. Во текот на месецов ќе биде објавен и тендер и нормално по законските прописи ќе трае 45 дена после што ќе се знае и изведувачот на проектор....

Continue reading

turnir

Струга во знакот на врвниот ракомет

Post Views: 4 Bо очи на големиот меѓународен ракометен турнир „Струга 2013“ организаторите уште еднаш потсетија на големината на оваа врвна ракометна манифестација. „Ланската година славевме јубилеј 40 години и тогаш ветивме на Струга и македонската јавност дека овој меѓународен ракометен турнир сакаме да го сврстиме меѓу петте најдобри европски ракометни турнири и она што сме го зацртале како цел со сигурност ќе го оствариме“. Градоначалникот на Струга Зијадин Села смета дека спортските манифестации дополнително допринесуваат во развојот на туризмот, бидејќи класичниот туризам веќе...

Continue reading

sto dena sela

Отчет на Села за првите 100 дена

Post Views: 5 Промена на режимот на сообраќај, отстранување на паркинзите кои беа на самите сообраќајници, ослободување на шеталиштето од металните конструкции, осветлување на дрвениот мост на реката Црн Дрим со многубоен систем, редовно миење на градските улици, уредување и ставање на функција на фонтаната на градскиот плоштад, се само дел од реализираните активности на градоначалникот Зијадин Села, кој успеал да ги спроведе за 30 дена а не за 100 дена како што ветил во предизборната кампања. Но Села на денешната прес конференција по повод 100 дена од неговото делување посебен акцент...

Continue reading

rakomet

Утре во Струга започнува ракометниот турнир

Post Views: 7   Струга се наоѓа пред големо ракометно уживање. Утре на Женска плажа започнува 41 от меѓународен ракометен турнир „Струга 2013“.  Подготовките околу годинешното издание на меѓународниот турнир се одвивале речиси 8 месеци, со цел оваа традиционална ракометна манифестација да биде организирана во најдобро светло, изјави претседателот на турнирот Лилјана Затуроска. „На ова отворено ракометно игралиште покрај охридското езеро како што забележувате сеуште сме во припрема за утрешниот настан кој што ќе се случи, припремите се при крај значи имаме ново асфалтирано игралиште...

Continue reading

sednica

Струшкиот Совет конечно живна

Post Views: 0 Струшкиот Совет конечно живна. Денес на продолжението од втората седница беа избрани Комисиите од советници како и Управните одбори на Јавните претпријатија. Мал револт покажаа двајцата советниците од ПЕИ, кои сметаат дека се недоволно застапени во Комисиите како припадници на торбшката заедница. „Ни е битно затоа што ние сме избрани од таа заедница и ја претставиваме таа заедница во Советот на општина Струга. Тоа е дискриминација“. Даме Ложанкоски советникот на струшките социјалдемократи рече дека работите во струшкиот Совет конечно почнале да се придвижуваат и дека...

Continue reading

sednica

Криза во струшкиот Совет

Post Views: 1 Криза во струшкиот Совет. Само што почна втората седница, на Советот на општина Струга советниците на ВМРО – ДПМНЕ ја напуштија. Според координаторот на советничката група Перо Петкоски, предлог точките на дневен ред биле обемни и тие немале време да се подготват за истите.   „Исто така Комисиите не беа формирани точките не беа разгледани па прво беше даден предлог да се формираат комисиите, а ние сметаме дека не треба да се избрзува околу формирањето на комисиите. Изненади тоа што советниците на СДСМ кои се во коалиција со ВМРО – ДПМНЕ останаа на седницата. Ставот...

Continue reading

vevcani

Над 890 уметници на Вевчанско културно лето

Post Views: 27   Вевчани со забрзани чекори оди кон развој на туризмот. Oпштината културно ќе се издигнува преку организација на ВЕКУЛ, Вевчанското културно лето, кое започна на 14.07 и ќе трае до 08 ми септември годинава. „Ме радува силната поддршка од членството на културната манифестација „Печалбарски денови“ како и на членовите на КУД „Дримкол“ од Вевчани, кои своите програми ги обединија и за прв пат ќе ги презентираат на ВЕКУЛ“, истакана Цветомир Угриноски – градоначалникот на Вевчани. „Нашата општина Вевчани е прва и единствена од помалите општини во Р. Македонија, која организира...

Continue reading

dijaliza

Средба со министерот Тодоров бараат вработените од дијализа

Post Views: 47 Згаснува ли струшкиот Завод за Нефрологија, прочуената Дијализа? Медицинскиот персонал на оваа болничка установа денес излезе со јавен повик до Министерот за здравство Никола Тодоров, со цел да побара изземање на дијализата од Владините планови за издавање лиценци за вршење на оваа здравствена дејност. Вработените за јавниот повик од ресорното министерство за доделување лиценци за вршење дијализа дознале од медиумите и во име на сите инсистираат на средба со министерот Тодоров. „Денес повторно во име на вработените во нашата болница и стручниот колегиум,здружението...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top