Автор: Николоска Биљана

dzamija

Што со џамијата Мустафа Челеби?

Post Views: 19 Урнат дел од познатата струшка џамија „Мустафа Челеби“. Овој верски објект кој веќе пет века тежи на тлото во централното градско јадро во Струга, незаконски се руши алармираат од Завод и Музеј, Охрид. Дел од граѓаните на Струга кои сакаа да останат анонимни, велат дека тие случајот го пријавиле веднаш откако започнале активностите за рушење и се чудат зошто толку доцна реагирале полициските служби. Додека пак други не знаеа за што станува збор, но ја подржуваат иницијатива да се направи ново и подобро. Бесправни се сите активности кои изминативе два дена се изведуваа...

Continue reading

ulica

Прес без реакции

Post Views: 2 Градоначалникот Александар Петрески не реагираше  на обвинувањата на портпаролот на ОК ВМРО – ДПМНЕ изнесени во вторникот на прес, во врска лошата локaлана патна инфраструктура. Но само ден подоцна не одолеа на нашето прашање зошто не реагирале од Локалната. „Сигурно дека ВМРО – ДПМНЕ држи секојдневно прес конференции и во нив не се пресметува со нивниот политички противник него стално ме има мене за цел како градоначалник. Јас сум градоначалник на сите, и партиите меѓу себе нека се расправаат а мене да ме остават на мира. Ако тие се без работа, ако тие немаат идеи и...

Continue reading

sednica

Каде е демократијата?

Post Views: 25 Најнедемократски чин во Охрид. Вака во кратки црти беше опишана 47 та седница на охридскиот совет, од советничката група на ВМРО – ДПМНЕ. Причина,  неподржувањето на двете предлог точки на оваа советничка група.  Едната, која се однесуваше на неспроведување на одлуката за рушење на дивоградба во Трпејца и другата, интерпелацијата на претседателот на Советот Душко Јаковчески. Координаторот Дејан Паноски, потенцира дека немале основ да присуствуват на седницата бидејќи не се разгледуваат критичните прашања кои ги засегаат граѓаните на Охрид. „Ова е врвот на нарушувањето...

Continue reading

tribina

Четри во едно – „За демократска Македонија“.

Post Views: 1 „За демократска Македонија“. Ова е паролата под која од синоќа делува коалицијата на ВМРО – НП, ЛДП, Обединети за Македонија и Достоинство. „Различни по идеологија, платформата и друго, но единствени кога се работи за Македонија, е она што не спои“, истакна Андреј Жерновски, лидерот на либералите. Тој синоќа од Охрид му порача на Груевски, дека влегуваат во фронт со него и неговата фамилија и дека од овде отпочнува одбројувањето на деновите од неговиот последен мандат. Додаде, дека не се плашат и оти отворено се спротивставуваат на политиката која се води за минатото...

Continue reading

manjak

Егзибиционист во Охрид

Post Views: 1 Егзибиционист во Охрид .Тој е забележан вчера во попладневните часови кај комплексот „Расадник“. Од СВР Охрид велат дека кај нив тоа не е пријавено, но апелираат доколку се забележи, веднаш во најкраток можен рок да се пријави на 192. „Средовечен маж на возраст од педесетина години, облечен во бело, ме следеше, ми зборуваше недолични и вулгарни зборови и го откопчуваше патентот од панталоните, на сред бел ден, пред мојот влез од зградата“, раскажува малолетна девојка. Таа згрозена од глетката, преплашена и целата во солзи, заминала кај другарка и за да се јави кај своите...

Continue reading

mitrevic

Загрозен крвотокот на градот

Post Views: 8 Катастрофално лоша патна инфраструктура во Охрид. Оваа забелешка беше изнесена на пресот на ОК на ВМРО – ДПМНЕ. Вината нормално, на локалната и лажните ветувања на градоначалникот Александар Петрески. Портпаролот Никола Митровиќ порача да се стави крај на омаловажувањето на здравиот разум на сограѓаните, на кои постојано им се пласираат таквите лажни ветувања. „Во Охрид се поголем е бројот на неасфалтирани и уништени улици. Ако се земе во предвид дека станува збор за главни улици како: Јане Сандански, Пити Гули, Абас Емин кои преставуваат крвоток на сообраќајот на градот...

Continue reading

velgostanec

Раскопани улици и кал до колена

Post Views: 8 Состојбата со раскопаните улици во Велгошти е од лоша полоша, реагираат мештаните. Тие се загрижени поради неодговорниот пристап на надлежните, кои три години со малиот прст не мрднале да го санираат патот, кој тие го раскопале за поставување на канализација. Велат, „со поставувањето на канализацијата повеќе ни се направи зијан отколку ќар“. „Неможиме да поминиме, вртиме правиме по неколку кимолометри, заобиколница правиме за да стигниме до дома овде нема услови за врвење.Овде поминуваат и туристи и се ова го гледаат бидејќи често ги посетуваат црквите“. Други пак велат. „Ги...

Continue reading

dimitrija stojceski

Како се прославуваше Денот на младоста?

Post Views: 5 Почитувачите на ликот и делото на Ј.Б.Тито од Охрид, потсетуваат на значењето на 25 мај. Овој датум некогаш се одбележуваше како Ден на младоста и роденден на доживотниот претседател на СФРЈугославија, Јосип Броз Тито. Димитрија Стојчески секоја година во очи на овој ден потсетува на чинот на носењето на штафетата која имаше единствена цел, преку спорт и слетови, да се дружат, да се сакаат младите и сите граѓани на државата. „За време на СФРЈ, чест и задоволство беше да бидеш пионер, младинец, ученик, студент, спортиста, земјоделец, работник, агроном, учител, наставник,...

Continue reading

sostanok trpejca

Трпејчани на средба со институциите

Post Views: 1 Судар на два закони, едниот за градба, другиот за легализација. Во тоа лежи основниот проблем поради што состојбата со двете дивоградби во Трпејца ескалира. Денес во малата општинска сала, советодавна група на граѓани од Трпејца одржа состанок со претставници од охридската полиција и ОБСЕ. Целта е надминување на проблемот што го имаат со сопственикот на дивоградбите Сребре Петрески, поради што во неколку наврати беше загрозена безбедносната состојба во оваа месна заедница. „Секоја од надлежните институции да си го заврши својот дел од работата“, порача Јавниот правобранител...

Continue reading

kamionce

Охриски Комуналец се поднови

Post Views: 7 Охриски Комуналец се поднови. Механизацијата на ЈП од денес побогата за 4 возила, донесени од Германија, по релативно поволна цена. Предноста на овие специјални возила е тоа што тие слободно ќе можат да влезат во сокачињата и потесните улички, во кои досега пристапот беше тежок и тоа се изведуваше со трактори вели Сашо Алче, првиот човек на претпријатието. „Карактеристично за овие возила е што се релативно нови 2003 односно 2005. возилата се марка мерцедес со носивост 4 метри кубни пресован отпад еден спрема пет или 20 метри кубни отпад ќе собират тие возила“. Досега...

Continue reading

vlasi

Денес Власите празнуваа

Post Views: 2 Власите од цел свет денес слават. Во земјава празнувањето на Националниот ден на Власите бележи 21 година и има големо значење. Имено, како што кажа Јордан Трца од охридското здружение, Власите правото да учат на својот мајчин јазик во училиштата, црквите како и да поставуваат намесници во градовите каде што живеат, ги добиле со Ирадето потпишано од турскиот Султан Абдул Хамид 2 на 23.05. 1905 год. „И во Охрид има исполнување на тие права, поточно охридските власти успеале да отворат школи во двете Влашки цркви, Св. Никола во долна влашка мала и Св. Горѓи горна влашка...

Continue reading

Miranda Mustafova

Потстанари од Охрид, останаа на улица

Post Views: 7   Катинар на вратата за потстанарите во куќата на Лаброски Никола на ул. „Даме Груев“, бр 49. До неодамна таму под наем таму живееше семејството Мустафови од Охрид. Зад затворената врата остана се што поседуваат, а тие на улица. Иако потпишале договор на 3 години, тоа не било испочитувано од страна на станоиздавчот, кој во неколку наврати, преку негови блиски, испраќал луѓе да им се закануваат, како што кажа Миранда Мустафоска, која утрово со нејзиното млолетно дете дојде до нашата редакција  да ни ја раскаже драмата која неодамна се случувала. Мустафоска кажа дека се...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top