Автор: Николоска Биљана

taxi

Паркинзите под лупа на општината и СВР

Post Views: 6 Охридските таксисти се соочуваат со еден голем проблем. Тие не сакаа јавно да зборуваат пред камерата на ТВМ, но укажаа дека неколку месеци се неми сведоци на според нив невиден монопол од стрна на закупецот на паркинзите на градскиот плоштад. Додека возилата од неколку охридкси такси компании построени чекаат клиенти пред поштата, местото определено за нив, само една такси компанија  го собира медот. Станува збор за такси компанијата Сузуки, чии што сопственик воедно е 5 годишен концесионер во тој дел на централното градско јадро, согласно договор склучен помеѓу ЈП...

Continue reading

sindikati

Достоинствена работа

Post Views: 1 Достоинствена работа е работа која овозможува добар живот. Генерално земено во нашава земја не може да се каже дека имаме достоинствена работа, велат од Унија на Автономни Синдикати на Македонија. Претседателот на УНАСМ. Слободан Антовски признава дека вината лежи во нив и дека синдикатите во земјава мора да преземат заеднички активности во справување со проблемите со работниците посебно кога се работи со терминот достоинствена работа. „Недоволната плата која што ја има во Македонија, несигурноста на работното место, стравот дали ќе се преживее месецот, денот, неделата,...

Continue reading

orden

Добар повод за прием кај градоначалникот

Post Views: 28 Орденот „Златна есен-Сергеј Есенин“, кој годинава падна во рацете на поетот Славе Ѓорго Димоски е големо признание. Денес по тој повод, Димоски имаше посебен прием од страна на градоначалникот Александар Петрески, претседателот на Советот Душко Јаковчески, како и од раководителот на Секторот за образование Серафим Наумоски. Важноста на орденот е посебно значајна бидејќи доаѓа од Русија, земја која важи за една голема културна средина, каде литературата секогаш е во преден план, вели добитникот на орденот велестовскиот поет Димоски. „Со самиот орден мене ми е отпечатена...

Continue reading

vlado

Едноставно решение за дупката

Post Views: 6 Интензивно се работи на санација на дупката пред „Макси Д“. Како што веќе информиравме поради голем пропуст, аномалија  во изведба на атмосферска канализација при изведба на проектот за заштита на Охридското Езеро, дојде до попуштање на тлото на дел од раскрсницата кај „Макси Д“. Што всушност затекнале стручните екипи на НИСКОГРАДБА-ОХРИД, на лице место, кажува првиот човек на ЈП, Владо Цветкоски. „На овој потег всушност беше прекината атмосферската канализациона мрежа таа небеше тука доизведена значи во самата изведба не е направена собирна шахта и линијата е оставена...

Continue reading

multikamp

Камп на мултикултурата

Post Views: 9 Министерот за образование и наука Панче Кралев, денес во Охрид. Тој ги посети учениците и наставниот кадар во кампот на мултикултурата, кој од 29 ти септември годинава се оддржува во  хотел „Метропол“, во Охрид. Целта на проектот е да се промовира интегрираното образование во Р. Македонија, рече министерот за образование и наука Панче Кралев. Додаде дека кампови од ваков тип за прв пат се организираат во земјава и очекува проширување на иницијативата и на регионално и пошироко ниво. „Тоа што го видов овде морам да кажам дека сум импресиониран, така да вакви кампови...

Continue reading

korca

Охридско-преспанскиот регион, под заштита

Post Views: 0 Вчера во Корча Р. Албанија е потпишана декларација за прогласување на биосферен резерват на подрачјето на охридско-преспанскиот регион. Градоначалниците на општините од пограничниот регион на Македонија и Албанија, ја поздравуваат оваа иницијатива. Нивниот став воглавно е идентичен, дека покрај тоа што ќе се заштитат природните убавини на регионот, голем ќе биде бенефитот за туризмот. Градоначалникот на Охрид, Александар Петрески вели дека со потпишувањето на договорот презеле обврски кои во иднина треба да ги исполнат. „Заштитата не се подразбира по мене  според стручните...

Continue reading

emo

Охридско ЕМО не го дава својот имот

Post Views: 14 „АД ЕМО Охрид почна да оди напред и нема да дозволиме никој да ни застане на патот на успехот“. Ова е ставот на извршниот директор на охридско ЕМО, Зоран Филоски, во врска со идејата на Локалната, во атарот на ЕМО да гради фабрика за преработка на отпад. Филоски вели дека Локалната не може и не смее имотот на ЕМО да го гледа како идна депонија на Охрид. Тој истакна дека сосема бил затечен од неодамнешните изјави на директорот на ЈП Охридски Комуналец, секако со амин на Локалната, кои дрско, без претходно да ги известат ниту писмено ниту усмено, дека размислуваат за...

Continue reading

makedonija

„Македонија во Втората светска војна“

Post Views: 19 „Македонија во Втората светска војна“. Ова издание на нашиот медиум го бележи своето прво претставување, нагласува редакторот на овој научен труд професор Владо Иваноски. Тој заедно со сега покојната Вера Весковиќ-Вангели, кажува дека со работа од 6 години и многу вложен труд, успеале да ја објават најобемната историска хронологија за Вардарска Македонија. „Идејата за ова дело кај мене и кај мојата колешка, како соработници на институтот за национална историја на Македонија тлееше многу време за да во 2000 година отпочне нејзината реализација“,„Значи основната цел...

Continue reading

konsultacii vmro

Консултативна средба на ВМРО- ДПМНЕ

Post Views: 3 Консултативни средби помеѓу охридските советници и пратеници на ВМРО – ДПМНЕ. Оваа средба е во насока да се зацврсти добро проверената пракса, координирано делување на локално и централно ниво околу бранењето на интересите на Охрид, вели координаторот на советничката група на ВМРО ДПМНЕ Дејан Паноски. Тој додава дека интересот на Охрид е сериозно нарушен од узурпираното мнозинство во Советот бидејќи одлуките кои се носат во Советот не се во интерес на граѓаните туку се бранат личните интереси на поединци. „Тие одлуки допрва штетно ќе се чуствуваат во Охрид. Ние сакаме...

Continue reading

medie

Исфрлени на улица

Post Views: 21 Охриѓанка со три малолетни деца исфрлена на улица. Медие Далип четири дена живее под отворено небо на детско игралиште во близина на социјалната зграда. Преспива во подрумите на зградата, јаде од народната кујна и ако некој нешто и поддаде, а нејзините ќерки пишуваат домашна работа на клупите од игралиштето. Медие Далип раскажува дека партнерот со кого живеела 8 години по смртта на нејзиниот сопруг,  без причина ја избркал од станот. „Јас со него заедно живеам 8 години, јадиме, пиеме заедно трошиме, се сложуваме, се случува и да се скараме,заедно одиме на работа и наеднаш...

Continue reading

socijalna

Упад во стан

Post Views: 2 Провалник искористил згодна прилика и извршил упад во стан додека во него спиеле три малолетни деца. Вратата од станот била отклучена, така што провалникот  при влегувањето ги одзел клучевите од влезната врата на станот, како и клучот од главната врата на зградата. Сопственичката на станот за овој настан веднаш ја известила полицијата, така што екипа на СВР веднаш по пријавувањето  пристигнала на лице место на упадот и извршила увид. Видно вознемирена мајката на трите малолетни деца, поради објективни причини не сакаше да зборува пред нашата камера, но рече дека провалникот...

Continue reading

politicka akademija

Отпочна циклусот „Политичка академија 2012 година“

Post Views: 33 Обука на идните потенцијални политичари. Денес во Охрид отпочна првата обука во циклусот „Политичка академија 2012 година“. „Политичка организација и комуникација на модерна народна партија“ е темата на политичката обука која е во рамките на академијата, организирана од фондацијата „Конрад Аденауер“,  Институтот „Павел Шатев“, во соработка со холандската фондација „Едуардо Фреј“. Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, говорејќи за главните цели и предизвици во модерната политика, подвлече дека политичкото дејствување, партијата го базира врз основа на...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top