Автор: Николоска Биљана

bolnica

Три дена Општа болница без струја

Post Views: 11 Во петок 22 ви февруари како и за време на викендот охридската болница ќе биде исклучена од електричниот систем. Причина за тоа е приклучување на новото болничко крило на системот за електрично напојување, за што пак се наложило потребата од монтирање на нова трафостаница двојно помоќна од постоечката, вели првиот човек на болницата Љубен Арнаудов. „На 22.02 во петок од 07 до 17 часот ќе биде исклучена болницата од мрежата на ЕВН, но ние тој период ќе го покриеме со агрегатите кои ги имаме. 01:26 + 01:36 Тоа ќе се случува и во сабота од 07 до 16 часот. За недела работата...

Continue reading

zeleznicka

Се распаѓаат жардињерите на Железничка

Post Views: 2 Попуштаат жардињерите на „Железничка“. Кај некои од нив дури се гледа и металната конструкција. Ова е уште еден во низата проблеми кои ја следат оваа сообраќајница од нејзиното проширување па до денес. Главниот изведувач, „Алпина“ од Австрија, пред година дена ги направи жардињерите вдолж улица „Железничка“, но очигледно не издржаа долго, за кратко време истите се распаѓаат. Жителите  се обиделе уште минатата година кога истите се поставувале, тоа да му го укажат на главниот изведувач, но попусто.  Тие додаваат дека денес излегува на виделина лошо изведената работа...

Continue reading

sala

Михаилов: Петрески не ја дава салата за промоција на партиска програма

Post Views: 3 Градоначалникот на Охрид Александар Петрески со изговор дека спортската сала не се издава за политички цели не дозволи презентацијата на програмата на кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО – ДПМНЕ, Др Никола Бакрачески, да се одржи во Спортскиот центар „Билјанини извори“, реагира првиот човек на Охридскиот комитет Атанаско Михаилов. „Со жалење мораме да констатираме за што добивме и службен допис дека спортската сала нема да ни биде одобрена за презентација на нашата програма. Сметаме дека тоа претставува недемократски чин со што на граѓаните на Охрид им се...

Continue reading

front na narodot

Грижата за Македонија пред се – Фронт на народот

Post Views: 2   Фронтот на народот, фронт на Македонија, одржа трибина во Охрид. „Апсурди на денешницата“, беше темата на која говореа истакнати професори, спортисти, уметници од земјава. Професор Виолета Наумоска истакна дека главната цел на трибините од ваков карактер е јавно да се зборува за апсурдите кои се случуваат во денешницата, како и да се истакне она што е заеднично за сите нас како граѓани на Македонија без разлика на која партија даваме поддршка, а тоа е грижата за Македонија. „Од тука е моето големо разочарување во опозицијата зад која што објективно, со 42 мандата доби...

Continue reading

senada

Апел до Тодоров

Post Views: 10 Ќе се најде ли лек за Сенада Махмудоска од Охрид? Таа боледува од ретка болест на очите и го губи видот. Родителите на Сенада се во очајна битка со болеста на нивното дете и бараат спас насекаде. Засега нивните напори се без резултат. Како што кажа нејзината мајка, Зајде Махмудоска, докторите во Македонија не и влеале никаква надеж. Тие се решиле преку медиумите да го повикаат министерот Никола Тодоров, да ги посети и да оствари со нив разговор, надевајќи се дека сепак тој како прв човек на македонското здравство посебно ќе се заложи за нивниот случај. „Нашата намера...

Continue reading

lakocerej

Се подготвува капитална инвестиција во Лакочереј

Post Views: 9 Викенд населба со над 100 куќи, мал хотел и Дом за пензионери ќе се гради во Лакочереј. Инвеститорот е македонец кој живее и работи во Австралија а подготвен е да вложи над 20  милиони евра за реализација на проектот. Локалната му отстапи терен, така што на последната седница на Совет беше усвоен и нацрт урбанистичкиот план за локалцијата каде што треба да никне  елитната населба, на посебна местоположба од каде се гледа Охридското Езеро. Градоначалникот Александар Петрески вели дека 6 годишните преговори конечно вродиле со плод. „Значи идејата е повратниците од странство...

Continue reading

pceli

Ќе се регулира поставувањето на пчелни сандаци во шумите

Post Views: 2 Заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњаноски, при неодамнешната посета на Охрид зборуваше за поддршката на Владата што им ја пружа на македонските пчелари. Воедно тој најави дека следуваат измени на законот за шуми, поточно овозможување да се поставуваат пчелни семејства во шумските подрачја, што досега не беше случај. „Мислам имаше еден донерегулиран простор каде што на шумските подрачја не можеше да се постават пчелни семејства. Сега со измена на законот за шуми и тоа ќе го воспоставиме, да ставиме ред точно кој се процедурите и на...

Continue reading

informacii

Охриѓани во 2012 год поднеле 34 барања за информации од јавен карактер

Post Views: 0 Вкупно 34 барања на граѓани и невладини организации, влегоа во Извештајот за слободен пристап до информации од јавен карактер за минатата година. Васил Ложанкоски од одделението за односи со јавност при општина Охрид, вели дека  општина Охрид важи за најтранспарентна во поглед на давање информации од јавен карактер. „Со оглед на тоа што во текот на 2012 година и изминатите 6 години од кога е во сила Законот за слободен пристап на информации од јавен карактер, можам да кажам дека општината Охрид во потполност го реализира овој закон и во рамките на законските овластувања...

Continue reading

sednicaoh

Се одржа 58 та седница на Совет, Охрид

Post Views: 2 Со една вообичаена практика на доцнење, овојпат од половина час, отпочна 58 седница на Советот на општина Охрид. Главен акцент на седницата беа неколкуте предлог одлуки за донесување урбанистичко – планска документација за легализација на бесправно изградени објекти. Дејан Паноски од ВМРО ДПМНЕ во име на неговата советничка група даде комплетна поддршка на предлог одлуките кои се однесуваат на легализација на бесправно изградени објекти.  Тој истакна дека овој проект на Владата на Р. Македонија, на сите сопственици на вакви објекти ќе им овозможи да ги легализираат...

Continue reading

sednica1

Дупло се зголеми висината на средствата во општинската каса

Post Views: 4 30 000 денари дневно на располагање на општина Охрид. Оваа предлог одлука изгласана од мнозинството на Советот, помина на денешната 58 седница. Зголемување на касовиот максимум за 100% неприфатливо е од два аспекти, реагираше Јованка Дамоска Секулоска од ВМРО – ДПМНЕ. „Нашите забелешки се однесуваат на дуплото зголемување на обемот на готовина од 15 на 30 000 денари и во однос на тајмингот кога се врши тоа зголемување на масата на пари затоа што сметаме дека Локалните самоуправи тоа го вршат пред почетоткот на буџетската година, во овој случај тоа може да се злоупотреби...

Continue reading

voda

Водата за пиење во Охрид нема да се испитува – Михаилов

Post Views: 1 Најновите вработувања во МЈП „Проаква“, го налутија директорот на Центарот за Јавно здравје Атанаско Михаилов. Тој се закани дека во Охрид ќе се случи прекин на испитување на квалитетот на водата за пиење, бидејќи на Центарот неопходни му се средства за набавка на основните материјали  за вршење на испитувањата. Според Михаилов, не може едно Јавно Претпријатие кое има голем долг кон институциите да вработува нови партиски војници. „Како раководител на едно ЈП, морам да кажам дека, вработувањето на луѓе без никаква причина во претпријатие кое што долгува огромни средства...

Continue reading

vmro

Паркинзите повторно на менито на ВМРО – ДПМНЕ

Post Views: 2 Тендерот за стопанисување со паркинг просторите на улиците во Охрид, претставува криминално и коруптивно дејство на градоначалникот Петрески, обвинуваат од ОК на ВМРО – ДПМНЕ. Гласноговорникот Никола Митровиќ, потенцираше дека ова е чин на уништувње на градот од страна на градоначалникот. „Петрески се дрзна на два месеци пред заминување да распише тендер за стопанисување со паркинг простори на улиците на Охрид. Тоталното отсуство на знаење на Петрески и неговите тнр.експерти за сообраќај. Со овој чин го загрозуваат одвивањето на сообраќајот по улиците на Охрид претворајќи...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top