Post Views: 1
Традиционално четири години наназад Црвениот Крст од Охрид, во соработка со обложувалницата Спорт лајф, спроведоа крводарителска акција. Под мотото „Разубавете го денот на себе си и на другите“ крводарителите имаа можнот со поддршка на македонските музички звезди, да ја даруваат најдрагоцената течност кој спасува живот, вели претседателот на охридската организација Сашо Точков. Тој воедно изрази благодарност кон сите кои допринесоа за реализација на денешната акција.
„Благодарни сме и задоволни на сите крводарители на спортската обложувалница Спорт лајф и секако оваа...
Post Views: 9
Центарот за култура со низа активности се вклучува во одбележувањето на денот на Европа и денот на победата над фашизмот. Во таа насока директорката на Центарот, Драгана Боцеска ја најави ревијата на руските филмови која започнува вечерва. Тематиката на филмовите е војна и мир. Боцеска нагласи дека станува збор за филмска ревија која се одвива речиси во целата земја, во организација на филмскиот фонд, руската амбасада Министерството за култура, кинотека на Македонија.
„Како препорака филмот „Ослободување“, кој ќе се прикажува на 16 ти мај во четврток. Иако филмот е од...
Post Views: 0
Чиста вода извира од две шахти на ул „Карпош Војвода“ во близина на детското игралиште. Ова трае веќе три дена, а надлежните сеуште ништо не презеле, коментираат жителите на овој потег. Проблемот на стручните служби на МЈП „Проаква“им бил познат. Според раководителот на водоснабдување Влатко Иваноски, не станува збор за сериозен дефект, но зафатот кој што треба да го направат за негова санација бил голем и потребна била дополнителна консултација со релевантните служби од Локалната самоуправа.
„Проблемот е што местото е специфично, затоа што дефектот пред шахтата е...
Post Views: 0
Јасмина Силјаноска 3 години била во потрага по историјата на болеста на својот син. После неколку неуспешни обиди низ институциите да ги пронајде потребните документи, нејзината упорност се исплатила на први мај годинава. Имено како што кажува таа, дента влегла во просториите на некогашната Детска болница, која во моментов е претворена во руина, со цел да ја побара историјата на болеста на нејзиниот син и истата ја пронашла. Силјаноска раскажа дека поради вродена астма од што боледува нејзиното малолетно дете, во неколку наврати детето било хоспитализирано во некогашната...
Post Views: 1
Состојбата со паркинзите во централното градско јадро е и останува горлив проблем во градот. Фокусот на денешната втора по ред седница на охридскиот Совет беше свртен на предлог барањето на Сашо Донев координаторот на советничката група на ВМРО – ДПМНЕ. Тој побара информација од градоначалникот Никола Бакрачески за реалната состојба со паркинзите, посебно во пресрет на празниците кога се очекува зголемена фрекфенција на возила и луѓе.
„Советниците поднесуваат барање до градоначалникот да ги извести и информира за состојбите на паркинзите во Охрид односно во централното...
Post Views: 5
Министерот за одбрана Талат Џафери, во работна посета на Охрид. Целта на посетата како што и самиот министер истакна кореспондира со обврските на Министерството за одбрана и на Генерал Штабот, директно на лице место да се запознае со состојбите во еднинците. А како посебен повод министерот го истакна пуштањето во употреба на воениот брод, кој е реновиран и после четири години пауза, е на готовс за потребите на армијата но и за комерцијални цели.
„Тоа беше добра прилика ние денеска да бидеме во Центарот за обука на вода за да можеме на лице место да се запознаеме со условите...
Post Views: 13
Нема веќе дожд, снег, кал, ветер, студ и жештина. Кам маркет отвори модерен зелен пазар во комплексот на поранешните простории на фабриката Отекс и е прв од ваков тип во земјава. Распространет на 2000 метри квадратни изграден е по европски терк, климатизиран, со паркинг и видео надзор открива Александар Цуцулески, раководителот на целиот Кам комплекс.
„Ова е еден прв ваков пазар од затворен тип, направен по европски стндарди со сопствен затворен пазар од 50 возила значи навистина нешто ново и модерно, кое ќе им овозможи на охриѓани порелаксирано да пазаруваат“.
Пазарот...
Post Views: 2
На ул „Карпош Војвода“ вчера во попладневните часови настрада пешак. За жал овој настан не е единствен. Очигледно оваа улица претставува магнет за сообраќајни незгоди бидејќи за нецела година, последниов случај е 6 по ред.
Жителите на ул Карпош Војвода сериозно се загрижени за безбедноста на нините деца. Тие не сакаа да зборуваат пред нашата камера но сметаат дека од страна на надлежните институции треба да се преземат повеќе безбедносни мерки, дури и дислокација на контењерите на ЈП „Охридски Комуналец“, кои се причина за предизвикување на повеќе инциденти.
Точно тука,...
Post Views: 4
Точно пред два дена група работници на ЈП „Охридски Комуналец“, беа вратени од работа. Станува збор за 27 работници кои беа ангажирани по пат на договор на еден, два месеци или со договор на дело, вели новата В.Д директорка Елена Скрческа. Таа појасни дека на истите им истекле договорите на 31 март.
„Со оглед на законските прописи не бевме во можност понатака да ги продолжиме нивните договори ние им кажавме понатака да не идат на работа до регулирање на делот од нивниот статус. Знаете дека ние сме претпријатие од сезонски карактер и во текот на летниот период вработуваме,...
Post Views: 2
Независниот советник Павел Попоски, денес на прес конференција излезе со свои видувања околуизборниот процес на Локалните избори 2013. Според него охриѓани излегоа масовно, мирно и достоинствено гласаа. Додаде дека цврсто застануваат на се што било кажано во изборната кампања и нивните залагања максимално ќе ги насочат за подобра иднина на Охрид.
„Според нас изборите завршија во фер и демократска атмосфера. Охриѓани избраа нов градоначалник, г – динот Никола Бакрачески и во лично мое име и од мојата групација му го честитам изборот и му посакувам успешна работа во наредните...
Post Views: 5
Моето место во Советот е загарантирано, во тоа длабоко сум убеден, рече Кујтим Усеини, носителот на мултиетничката независна советничка листа на граѓани. Усеини потенцира дека овој период воопшто не го чуствува како кампања, бидејќи според него тој четири години бил во трка на реализација на проекти кои се од суштинско значење за жителите од Охрид и околината, во што добро се докажал со изградба на дел од коритото на реката Грашница. „Проектите продолжуваат сакам да обезбедам подобро утре на граѓаните посебно сакам да ги ангажирам младите“, вели Усеини. Дел од советниците...
Post Views: 6
Пристигна возилото за деца со посебни потреби. Станува збор за реализација на акцијата, Декември – Месец на отворено срце која се реализираше минатата година. Сашо Алче директорот на ЈП „Охридски Комуналец“, уште еднаш потсети кој ја иницираше оваа хумана акција и како истата се реализира.
„Како идеја на Охридски Комуналец и Отпад Охрид, во која се приклучија Локалната самоуправа, Лајонс Клубовите Лихнидос, Десарети, Ротари клубот и сите дечиња кои на некој начин учествуваа, го купивме возилото за децата со посебни потреби. За една недела ова возило би требало...