Предаден во употреба патролниот брод

После 4 години пауза, реновиран и пуштен во употреба воениот брод. Министерот за одбрана Талат Џафери и началникот на ГШ на АРМ Горанчо Котевски како и старешини на Охридскиот гарнизон денеска го посетија армискиот Центар за обука на вода во Охрид.

 |  Николоска Биљана  | 
taljat
таљат

taljatМинистерот за одбрана Талат Џафери, во работна посета на Охрид. Целта на посетата како што и самиот министер истакна кореспондира со обврските на Министерството за одбрана и на Генерал Штабот, директно на лице место да се запознае со состојбите во еднинците. А како посебен повод министерот го истакна пуштањето во употреба на воениот брод, кој е реновиран и после четири години пауза, е на готовс за потребите на армијата но и за комерцијални цели.

„Тоа беше добра прилика ние денеска да бидеме во Центарот за обука на вода за да можеме на лице место да се запознаеме со условите за живот и работа на единицата и за нашите обврски понатаму по однос на опремувањето и доопремувањето на Центарот и другите единици со потребна опрема за да можеме да обезбедиме контролирана обука и борбена готовнос на соодветно ниво како што се бара и по сите документи на министерството односно армијата“.

Министерот Џафери нагласи дека слични посети се предвидени на сите едници и гарнизони, за утврдување на состојбите и преземање мерки за доопремување на армиските капацитети, согласно плановите за 2013 година. Додаде дека бродот што денеска беше ставен во употреба пред се ќе биде наменет за реализација на плановите на единицита, како за обука, така и за контрола на граничниот регион. taljatА во однос на комерцијалниот аспект, Џафери напомена дека се разгледуваат можностите воениот брод да биде отстапен за употреба на делегации кои што доаѓаат во Охрид, а за што пак треба да биде усвоен посебен правилник за користење изработен согласно законските прописи.
Началникот на ГШ на АРМ Горанчо Котевски рече дека во рамките на денешната работна посета на Охрид планирана е обиколка до армиското одмаралиште во Свети Наум, но и до поранешната каралула во Радожда.

„Како што нагласи министерот за одбрана, овој брод ќе се користи првенствено за обука на припадниците на АРМ, но и за поддршка на активностите на Граничната полиција доколку тоа е потребно. За употреба на бродот во комерцијални цели ќе треба да ги разгледаме со охридската капетанија“.

Котески потенцира дека имаат уште едн брод и истиот се подготвува за реновирање како во иднина и тој би бил ставен  за потребите на армијата. На средбата стана збор и за соработката меѓу двете соседни земји Р Македонија и Р. Албанија на полето на заедничките услуги околу комерцијалните цели за користење на бродот, која соработка не е исклучена бидејќи двата соседи ги поврзува соработка во повеќе сфери, како што информираа од министерството за одбрана.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top