Post Views: 2
Будно се следи состојбата во социјалната зграда на ул „Карпош Војвода“. Таму постојат проблеми од различна природа, за која треба да се ангажираат сите релевантни служби почнувајќи од МВР на Р. Македонија, Центарот за социјални работи, па и Агенцијата за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор, вели првиот човек на Агенцијата, Цветко Грозданов. Алармот за примена на радикални мерки е вклучен додава тој.
„Мислам дека имаме тенденција на изнаоѓање на два или три такви станови кои што сметам дека во периодот кој што следи ќе бидат раскинати договорите на...
Post Views: 1
Почнува трката за најубаво украсен двор, балкон, куќа за новогодишните и божиќните празници. После една година пауза општина Охрид ја продолжува оваа традицијата. Според Томе Џамтоски портпаролот на општина Охрид, годинава направена била мала измена, со тоа што право на учество на повикот за избор на најубаво украсен новогодишен имот ќе имаат исклучиво само граѓаните.
„ За оваа година конкурсот ќе гласи „Најдобро украсен двор или балкон, значи објектот во кој живеат оној што ќе аплицира за оваа награда. Апликациите можат да се достават во архивата на општина Охрид со...
Post Views: 2
Проблематиката поврзана со енергетиката, една од главните цели во работата на Македонскиот центар за енергетска ефикасност (МАЦЕФ). Проекниот лидер на НВО на МАЦЕФ Јасминка Димитрова Капац, го истакна значењето на енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија како важни економски параметри во Југозападниот плански регион на Македонија и регионот Корча во Р. Албанија. Според Капац, граѓаните однапред треба да размислуваат како може да се намали сметката на потрошена електрична, топлинска енергија или горивото во возилото, а не во моментот кога ќе дојдат високите...
Post Views: 4
Од визија до акција. Од соседна Албанија Поградец започна иницијативата за воспоставување на пограничен биосферн резерват во охридско-преспанскиот регион. На албанскиот дел од охридското крајбрежје пограничните градови се соочуваат со два посериозни проблеми, изградбата на патот на брегот на езерото и ископувањата од рудниците кои имаат негативни влијанија на езерскиот брег. Заменик министерот за животна средина од Албанија Дијана Бејко, рече дека проблемите навистина се присутни и ресорното министерство утврдило дека има непочитување на Законот за заштита на еко системот...
Post Views: 5
Мониторинг на водите во Македонија со најсовремена техника. Денеска во водите на Охридското Езеро беше извршена презентација на опремата која во иднина ќе врши мониторинг на на квалитетот на водите. Зоран Спиркоски од Хидробиолошкиот завод во Охрид нагласува дека новата опрема ќе биде во функција на јавното здравје и ќе овозможи поквалитетна и подетална анализа на водата.
„Онаа опрема која што овде се демонстрира е единствена во светот која што постои од таков ранг, и ние сме среќни што ја имаме, што значи дека не само Охрид туку сите води во Македонија ќе бидат на еден...
Post Views: 8
Зголемена е потрошувачката на рибата во овој период од годината. Рибата е неизоставен дел од македонската трпеза посебно за зимските христијански слави, за време на Божиќните пости. Токму поради тоа намалена е цената на рибата информира концесионерот на Охридското Езеро, Ристе Танасоски. Овој период од годината засилени биле контролите од страна на рибочуварската служба, така што само минатата недела фатиле голем број мрежи на нелегалните риболовци од нашето подрачје, но и како новина фатени биле забранети мрежи фрлени во езерото од албанската страна. Танасоски вели...
Post Views: 1
Словенците најзаинтересирани за инвестиции во туризмот. Денес словенечкиот амбасадор Бранко Раковец оствари работна средба со градоначалникот Никола Бакрачески. Пред делегацијата на Р. Словенија беа презентирани можностите и капацитетите на општина Охрид за развој на економијата и реализација на потенцијални инвестиции. Градоначалникот Бакрачески изјави дека туризмот е она што Охрид може да го понуди на словенците како економска гранка во која ќе најдат интерес за инвестирање.
„Добивме податоци од регионалната стопанска комора дека бројот на словенски туристи кои престојуваат...
Post Views: 1
Поради дефект на водоводно канализационата мрежа асфалтот кај кружниот тек за Билјанини извори на неколку места раскопан. Од МЈП „Проаква“ смируваат, велат дека станува збор за мал дефект, кој во текот на денот ќе биде саниран.
Првиот човек на претпријатието Томе Паскалиев од лице место на настанот рече дека на тој потег недопусливо било шахтите да се постават под асфалтот, тоа само дополнително ја отежнало работата на екипите на ЈП.
„Дефектот се појави пред празникот, ние почнавме со детекција на проблемот не беше на ќошот од раскрсницата и го оставивме за после празникот...
Post Views: 7
Тренески поднесе оставка до градоначалникот од функцијата в.д. Директор на ОСУ „ Св Климент Охридски“. Тој наведе неколку причини поради кои се решил на ваков чекор. Според него уште од првиот момент на неговото назначување, се соочил со целосна опструкција од страна на неколку професори, кои минатите години се етаблирале на позиции од кои ја контролирале работата на училиштето.
„ Посебно Училишниот Одбор и нивниот претседател, кое како тело и претходно со притисоци постави директор на Гимназијата и се обиде и овој пат да изврши упад врз правните процедури и својот...
Post Views: 8
„Со моја рака направи без мака“. Вака беше насловена изложбата, односно продажната акција на предмети направени од учениците на О. У. Св Климент Охридски, која што претходеше на големиот настан на ова училиште, приредбата по повод одбележувањето на патронот. Директорот Јордан Пуроски рече дека годинава се потрудиле прославата да биде поразлична од минатата година.
„Сите ученици се вклучени во оваа свечена академија исто така проследивме низа активности во текот на неделата со одбележувањето на Св Климент нашиот патрон“.
Пуроски нагласи дека наредниов период ќе продолжат...
Post Views: 8
Групи од по десетина кучиња скитници окупираа делови од Охрид. Граѓаните мака мачат со овие незгрижени животни кои ги има речиси насекаде. Некои од нив се удобно сместени во фотељи, ги има по тротаорите, парковите, а слободно поминуваат и по пешачките премини. Освен што сеат страв меѓу минувачите, голем број од нив и напаѓаат, па речиси нема ден а да некој не се пожали дека бил преплашен, нападнат или каснат од нив. Охриѓани со апел до надлежните овој проблем што поскоро да се реши, посебно заради децата.
„Кучето е животно што треба да биде заштитено, но и градот треба...
Post Views: 3
Во Црвениот крст во Охрид волонтираат луѓе од 7 до 77 години. Нивниот ангажаман е несебично и доброволно да помагаат на ранливите категории на луѓе без притоа да остварат материјална корист. Волонтерите од охридската организација на Цревениот Крст, денес, на одбележувањето на светскиот ден на волонтеризмот 5 ти декември добија високо признание за особени заслуги во спровдувањето на волонтерските практики. Првиот човек на Црвениот крст од Охрид Сашо Точков, потенцира дека признанието е сосема заслужено бидејќи успеале да анимираат голем број волонтери кои се вклучени...