Автор: Николоска Биљана

pestani kej

Во Пештани се гради модерно шеталиште

Post Views: 9 Пештаници но и бројните гости за брзо време, ќе прошетаат по нов кеј. Изминативе три месеци Локалната самоуправа на Охрид интензивно работи на комплетна реализација на проектот околу уредување на шеталиштето. Како што изјави градоначалникот Никола Бакрачески, со зафатите кои што се изведуваат во Пештани пред почетокот на туристичката сезона, било исполнето она што е предвидено за тој дел, во програмата за работа на Локалната самоуправа. „Од она што можев денес да го видам на терен, задоволен сум како се одвивале активностите во изминатиот период. Како и што и сами можевте...

Continue reading

megasi

Меѓународен ден на СОС линијата за помош на децата

Post Views: 6 Функцијата на СОС телефоните е од огромно значење бидејќи  овозможуваат гласот на секое момче и девојче да биде слушнат, посебно на оние кои се инволвирани во семејните проблеми и зависни од постапките на возрасните, кои пак не секогаш свесно и правилно постапуваат со децата. Добро е да се знае дека од помошта децата ги дели само еден телефонски повик, велат од првата детска амбасада Меѓаши.  Само во 2013 година на СОС телефонот за деца и млади 08001 2222 биле регистрирани 279 контакти, а со кои подоцна дополнително било комуницирано 969 пати. Од Меѓаши апелираат до...

Continue reading

atletika

Во криза атлетиката во Охрид

Post Views: 2 Управниот одбор на Атлетскиот Клуб, „Охрид“ ќе си поднесе колективна оставка, доколку во рок од 7 дена не се преземат мерки за надминување на финансиските проблеми, со кои овој клуб се соочува години наназад. Спортот што треба да е прв, е меѓу последните во Македонија. Базичен спорт, кралица на спортовите, основа за сите други спортови, така ја нарекуваат атлетиката во светот, вели Пецо Неданов. Тој додава дека немаат средства атлетичарите да ги пуштат на натпреварување а да не зборуваме за подготовки, опрема и некаков стимул.   „Управниот Одбор со овој проблем се бори...

Continue reading

poplava srbija

Црвен Крст од Охрид подготвен да помага во Србија

Post Views: 2 Деновиве Црвениот крст од Охрид е во постојана комуникација со Крагуевац и Ужице, општините кои се погодени од катастрофални поплави, а со кои пак нашиот град е збратимен. Претседателот Сашо Точков, вели дека од нивна страна на двете српски општини им била понудена помош со она што тие го имаат на располагање, односно на готовс се единиците за спасување на планина и непристапни терени. „Ние веќе подготвивме 4 тима на спасители со потребната опрема, тоа се спасителни чамци , средства за спасување и дел од оние логистички ресурси кои што ги имаме дел ќебиња и останати...

Continue reading

bilbordi

Ќе се издаваат локации за билборди во Охрид

Post Views: 1 Хаосот со рекламирањето на јавните површини Локалната самоуправа на Охрид ќе го решава со унифициран изглед на билбордите. Ова го најавија од локалната пред два дена, а целта е градот да добие поубав и помодерен изглед. До крајов на месецов пак, се очекува да биде завршена тендерската постапка за доделување на локации за поставување рекламни паноа, билборди. Почетната цена ќе биде утврдена утре со одлука на Совет, а локациите ќе бидат издадени за период од 4 години. Од ова може да се заклучи дека унифицирани билборди на охридските улици нема да видиме наредните 4 години....

Continue reading

detska bolnica

Документацијата од некогашната детска болница е во Св Еразмо

Post Views: 11 Документацијата од некогашната Специјална детска болница, од пред три месеци се наоѓа во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св Еразмо“. После неколкуте прилози на ТВМ за состојбата во која се наоѓа документацијата и самиот објект на оваа болница надлежните од Државниот Архив на Р. Македонија, Подрачна единица Охрид, презеле мерки за средување на архивската граѓа која цели 6 години лежеше расфрлана по подовите на овој руиниран објект. Раководителот Илинка Јанева кажа дека наишле на големо разбирање од страна на директорот на болницата „Св Еразмо“, Митко...

Continue reading

daljan

Пристапниот пат до хотел Даљан неосветлен и неуреден

Post Views: 47 Пристапниот пат до извидничко и хотел Даљан, заборавен од надлежните. Бројните ветувања на градските власти години наназад, никако да се исполнат, нагласува Славица Стефаноска менаџер на хотел Даљан. Од таму постојано бараат од Локалната самоуправа пристапниот пат до хотелот да се осветли и да се расчисти од високите треви, трња и смет. „Во 21 век ние сеуште се соочуваме со некои проблеми, како што се осветлување пристапен пат што навистина не е фер, немаме еднакви услови за работа. Во Охрид туризмот како да е од Биљанини извори натаму и само некој елитен туризам, меѓута...

Continue reading

oro za ginis

Ништо од орото за Гинис

Post Views: 0 Вистински дебакл се случи со македонското оро за Гинис. Охриѓани, бројните гости од земјава и од надвор, во Охрид на градскиот кеј повеќе од еден час чекаа за да видат дел од орото, а некои и да заиграат. Но од се тоа ништо. Помпезните најави на организаторите паднаа во вода, велат граѓаните, а дел од нив беа разочарани и коментираа дека најголемото оро за Гинис никој не го видел. „Немаше оро само наредени луѓе што се држевме за рака друго немаше. Значи минус за организаторот и ова е еден голем срам. Имаше деца од Турција во носии, од Албанија, доста наши облечени во...

Continue reading

unasm

Загрозени работничките права во Македонија

Post Views: 0 Правата на работниците во Македонија се загрозени. Најмал е проблемот кај луѓето кои што работат во Државната администрација како и оние кои работат во големите компании, сметаат експертите за социјално економски развој во јавниот и приватниот сектор, од регионов. Зоран Павловиќ, експерт на оваа тема од Босна и Херцеговина нагласи дека состојбата во Македонија по прашањето на работничките права е многу тешка и треба да многу да се работи да се достигне Европското ниво. Додава дека само со партнерство меѓу работодавачите, претставниците на синдикатот, трудовиот инспектор,...

Continue reading

policija

СВР Охрид, го одбележа денот на полицијата

Post Views: 1 7 ми Mај денот на македонската полиција СВР Охрид го одбележа со низа активности. За најдобар полицаец на годината е прогласен Мите Печовски, кој беше награден со телевизор од Локалната самоуправа на Охрид. Професионалното извршување на работата и работните задачи во МВР и откривањето на повеќе кривични дела во СВР, допринесоа, денес моето име да се најде меѓу најдобрите на локално ниво вели Печовски. „Оваа награда за мене претставува чест и задоволство и еден поттик во понатамошнот работење во Министерството за внатрешни работи. Му се заблагодарувам на градоначалникот...

Continue reading

dupka

Ударните дупки, грда слика во Охрид

Post Views: 1 Лоша состојба на улицата Бекир Алириза во близина на О.У. „Братство Единство“ во Охрид. Вдлабнатина до вдлабнатина, дупка до дупка. Овие големи дупки некои ги заобиколуваат, некои го запираат возилото се чудат и размислуваат што да прават, а има и такви кои ризикувајќи да се оштетат амортизерите и тркалата поминуваат низ острите и длабоки ударни дупки. Сето тоа го отежнува сообраќајот и ја намалува неговата безбедност во тој фрекфентен дел од улицата. Луѓето ги повикуваат комуналните и сообраќајните инспектори да излезат на теренот за да ги согледаат последиците од...

Continue reading

sv gorgi

Ѓурѓовден – празник на животот

Post Views: 20 Православната црква денес го празнува споменот на светиот велекомаченик Ѓеорги Победоносец. По тој повод во црквата Св. Ѓорги, Охрид утрово се служеше света божествена архиерејска литургија. Големиот црковен и народен празник посветен на Св. Ѓорги меѓу народот е познат како Ѓурѓовден. Спаѓа меѓу неподвижните празници или помеѓу празниците со постојан датум и секоја година се паѓа на 6 ти мај според новиот или на 23 април според стариот календар. Протоереј Сашо Богданоски појаснува за занчението на денот. „Св велекомаченик Ѓорги е познат меѓу народот како познат голем...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top