Автор: Николоска Биљана

Поголема заштита на пречистителната станица во Враништа

Post Views: 4 Пречистителната станица во Враништа речиси еден месец не работеше. Според одговорниот на оваа станица Мухамед Лешко, проблемот бил од техничка природа, односно се случил дефект на пумпата за циркулација на пречистителната станица. Лешко предупредува дека мора да се има поодговорен пристап кон овој систем, кој многу значи за двата града на вода, бидејќи е еден од посовремените, на Балканот. „Се случи дефект на самите редуктори, бидејќи ние немавме резервни редуктори станицата цели три недели остана надвор од употреба. Периодот ако се продолжи повеќе од месец и половина...

Continue reading

Пастрмката се враќа во Црн Дрим

Post Views: 5 Пастрмката се враќа во реката Црн Дрим Струга. Последниве две три години во водите на реката се забележува по некој примерок од овој вид риба, вели Емил Матоски претседател на концесионерот на риболовниот ревир Црн Дрим 1. Додава дека тое е резултат на нивната грижа, но и законска обврска преземена со концесионерството. „Наша цел е секоја година се повеќе и повеќе да порибуваме со пастрмка, тое е наша обврска за да ја вратиме таа риба во реката Црн Дрим како што ја имало на времето. Можам да кажам дека изминативе години пастрмката веќе е застапена во уловот кај риболовците...

Continue reading

Ресата во Црн Дрим, ѕирка над површината на реката

Post Views: 0   Стужани не паметат дека на самиот почеток на летната туристичка сезона, ресите во реката Црн Дрим некогаш останале не покосени. Велат, дека на места, кејот на реката наликува на мочуриште и остава грда слика не само за граѓаните, туку и за туристите кои веќе масовно ја посетуваат туристичка Струга. Расчистувањето на реката Црн Дрим од реси, секоја година го прават екипи од ХЕЦ „Глобочица“. Годинава малку се доцнело поради ладната зима и недоволно постигнатата висина на ресата во пролетниот период, кога досега ја сечеле, вели директорот на ХЕС „Црн Дрим“ Тони Маркоски....

Continue reading

Пожар кај некогашниот базен во Струга

Post Views: 0 Некогашниот струшки затворен пливачки базен кој е во склоп на ОУ „Браќа Миладиновци“, покрај тоа што се распаѓа и е оставен на забот на времето, вчера го зафати уште една катастрофа. Околу 19 и 40 минути избувнал пожар. Пламените јазици и густиот чад предизвикале паника и вознемиреност кај граѓаните бидејќи пожарот бил во близина на нафтените резервоари на објектот.  Како што не информира командирот на струшката единица за противпожарна заштита Минир Мамуди, дојавата за пожарот до нив стигнала од струшката полиција. Две екипи со три противпожарни возила веднаш излегле...

Continue reading

Охридското Езеро и неговите демони

Post Views: 0 Најголемиот проблем со кој се соочува Охридското Езеро е урбанизацијата, којашто навлегува во природните реткости кои се строго заштитени, нагласуваат екологистите од охридско – струшкиот регион. Вчера во организација на Центарот на заедницата Струга се одржа панел дискусија на тема „Охридскот Езеро и неговите демони“. Како што нагласи Дејан Паноски, екологистите сметаат дека сите автохтони работи, трската, блатото, езерската линија и целиот жив свет треба да се сочуваат. „Политиката на туризмот во овој регион треба да се концентрира токму на искористувањето на природните...

Continue reading

Струшката градска власт бара итно решение на проблемот со градската депонија

Post Views: 1 За проблемот со дивата депонија во Струга телевизија ТВМ информира години наназад.  Од проблемот со одлагање на медицински отпад, до нелегалното палење на депонијата, како и загадувањето на воздухот кое што го чуствуваат граѓаните на Струга – сето ова беа теми во нашите информативни програми. Откако минатата недела повторно известувавме за палењето на депонијата, денеска до нашата редакција со свој став се обрати и првиот човек на ЈП „Комунално“ Струга, Гарип Каба. Во телефонски разговор Каба не информираше дека, како и минатата, така и оваа година, дошло до палење...

Continue reading

Лоша состојба на струшките пешачки патеки

Post Views: 4   Двете пешачки патеки во Струга горлив проблем за стружани. Едната се протега од Евро хотелот до одморалиштето на Црвениот Крст, Солферино, а другата пак од хангарите на струшкиот веслачки клуб до туристичката населба Калишта. Стружани сметаат дека локалната власт не води доволно грижа за одржување на истите. Тие посебно реагираа за онаа што води до Калишта, посочувајќи дека истата е обрасната со трева, со што, во овој период на зголемена појава на змии, претставува потенцијална опасност за рекреативците. Од Локалнхата самоуправа со оптимистички најави. И од таму се...

Continue reading

АКВА: Јавното осветлување, легален грабеж на стружани

Post Views: 3 Здружението АКВА објави податоци за јавното осветлување во Струга и околината. Според резултатите од последното јавно истражување, претседателот на здружението АКВА, Димитрија Голабоски објави информации со кои тврди дека на стружани им се случува легален грабеж со уличното осветлување, како резултат на штетниот договор, кој претходната локална власт го склучи со приватниот партнер. Како што речеГолабоски, со цел да се утврди  која е потребата за склучување договор и префрлање на правата и обврските за осветлување на приватен партнер, направиле акција во која нивните...

Continue reading

Охрид и Струга да се нудат во пакет

Post Views: 4 Охрид, Струга, Пештани односно  цело крајбрежје од Радожада до Св Наум на туристите треба да им се нудат во пакет. Само со една таква промоција на големите тур оператори ќе им дадеме до знаење дека сме значајна туристичка дестинација која нуди над 10 000 легла. Вакви се размислувањата првиот човек на ХОТАМ Крсте Блажески, околу промоцијата на туристичките капацитети на Охридското крајбрежје. Конкретно за Струга Блажески смета дека градот е  застапен онолку колку што заслужува да се промовира со постоечките хотелско угостителски капацитети. „Ако треба да се троши време...

Continue reading

ХОТАМ: Со измени во Законот за угостителство до подобри стандарди во туризмот

Post Views: 0 Македонските угостители бараат начинот на кој се пресметува ДДВ на храната да претрпи корекции. Намалување на ДДВ од 18 на 5 проценти за храната хотелите и во рестораните, што би значело стимулации во угостителството и во хотелиерството, неодамна иницираа претставниците на Здружението на угостителството и на туризмот при Стопанската комора на Македонија. Според престедателот на ХОТАМ Крсте Блажевски, измените во Законот за угостителство би придонесле пред се да се подигнат стандардите во туризмот. Според него, доколку сите хотелско ресторански услуги би имале 5% данок,...

Continue reading

Стружани бараат итна дислокација на депонијата

Post Views: 7 Граѓаните на Струга исправени пред сериозен проблем, дивата депонија во Струшко поле, во непосредна блзина на градот. Речиси и да нема ден а стружани да не ја почуствуваат непријатната миризба и чад кој се шири од оваа депонија кон градот. Ваквата состојба е доволна причина граѓаните итно да побараат нејзина дислокација. Со оние со кои што разговаравме, велат дека срамота е за еден туристички град првата слика која им ја нудат на посетителите да биде онаа со купиштата ѓубре пред влезот на градот. Гледано од биолошкот аспект, проф Беким Зиба вели дека жалосно е ова што...

Continue reading

Стружани полесно до институциите во општината

Post Views: 0 Чекор по чекор низ постапките во општината. Млдите активисти од Центарот на заедницата при општина Струга, подготвуваат водич за граѓаните. Станува збор за активност со која на граѓаните на дланка ќе им бидат сервирани сите информации околу процедурите и постапките кои се потребни да ги знаат за што подобро да се снајдат низ институциите на општината. „Секој граѓанин ќе може да најде информации како да се обрати до општината, односно во секторите кои што имаат работа директно со граѓаните, кои се документите кои треба да ги достават, на пример во секторот за финансии,...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top