Post Views: 0
Државниот завод за статистика излезе со податоци за бројот на туристи за месец јули годинава. Според нивната статистика турците биле најмногубројните странски туристи што ја посетиле земјава потоа србите, холанѓаните, полјаците па грците.
Споредбено со истиот период лани бројот на странските гости е за 9,9 отсто поголем, додека пак бројот домашните туристи во јули годинава во однос на 2013 година е намален за 3,9 %, а бројот на ноќевања е намален за 7,0%
Вкупно гости во земјава според статистиката на Државниот завод,од Турцијa дошле 6913, од Србија 5. 742, Холандија...
Post Views: 5
Tурски новинари од познатиот медиум Румели се во посета во Охрид. Тие подготвуваат материјал за документарна емисија со која сакаат да воспостават Мостови на пријателство помеѓу двете земји. Целта е луѓето кои некогаш се отселиле од Македонија во Турција да погледнат колку напреднале местата во кои некогаш живееле нивните предци вели директорот на Кушукавак, Рифат Јакупоглу. Тој веќе 28 години е иселен од Бугарија во Турција и вели дека неговото срце е во Балканските земји.
„Има многу луѓе кој што се иселени од овој простор во Турција и затоа што нивните внуците кои...
Post Views: 1
Тегнење јаже, скокње во вреќа, борба за седнување на столче и уште неколку традиционални игри, покажаа децата учесници на манифестација Спортски Бон – Тон која денес се одржа на кејот Македонија во Охрид. Целта на проектот е преку традиционалните спортски игри да се врати значењето на детската игра и меѓусебното дружење. Претседателот Ѓорге Иванов изјави дека децата кои учествуваат во овој проект го согледуваат светот кој е надвор од нивните училници, надвор од компјутерите и новите технологии.
„Од реакциите што ги гледаме кај децата навистина на нив им годи да се потестуваат...
Post Views: 5
Од ЈП Градски пазар денеска со допис одговорија на прашањата кои вчера во прилог во Дневникот на ТВМ беа поставени јавно до директорот Тони Коталески а во врска со работењето на претпријатието. На прашањето колку врабoтени од претпријтието моментално се на принуден одмор, од таму со одговор дека во моментов 8 вработени ја користат можноста за привремен принуден одмор, и тоа 3 лица од администрација, 1 лице наплатувач на паркинг, 2 лица инкасатори на зелен пазар и 2 лица општ комунален работник, и тоа по нивно барање. Претпријатието им излегло во пресрет на нивните барања ...
Post Views: 13
Државниот комунален инспекторат по претходно извршен инспекциски надзор на ЈП „Градски гробишта“, побара отстранување на продавницата за погребална опрема и објектите за услужна дејност. Првиот човек на ЈП Зоран Симоноски рече договорот кој што го затекнал за закуп со приватниот оператор кој што е сместен во една од нивните простории, за нив бил неприфатлив и штетен и од негова страна бил раскинат еднострано. Додава дека работата е на суд и за брзо време чекале пресуда која што ќе ја почитуваат. А што се однесува до отстранувањето на објектите за услужна дејност, продавниците...
Post Views: 4
Дел од вработените во јавното претпријатие Градски пазар пуштени на принуден одмор односно примаат 70% од платата. Во ова претпријатие работат околу 30 лица од кои 50% јавна администрација а 50% оперативци. Според информациите до кои дојде ТВМ најголем дел од вработените пуштени на принуден се оперативците односно чистачите, редарите на пазарот и паркингот.
За потврда на овие информации се обративме до директорот на ЈП „Градски Пазар“ Тони Коталески. Два дена со директорот комуникацијата е сведена на смс пораки, во кои тој неизлегувањето пред јавноста со одговори...
Post Views: 0
Дивите депонии во Рамне сеуште не се подигнати. И после една недела од апелот и критиките на мештаните, преку нашиот медиум,надлежните си ја префрлаат топката од едни на други. Од ЈП „Охридски Комуналец“ се правдаат дека не добиле налог од НП „Галичица“. Од таму пак кажаа дека не е нивна надлежност да издаваат налози туку состојбата да ја пријавуваат до општинскиот инспекторат. Од Државниот инспекторат за животна средина велат дека секој во својот делокруг треба да си ја извршува својата работа, затоа постојат овластени инспектори за животна средина, комунална инспекција,...
Post Views: 1
Освен на булеварот „Туристичка“ во градов нема обележани велосипедски патеки ниту пак уредени паркиралишта за точаци и друга велосипедска инфраструктура. Граѓаните реагираат дека патеката на булеварот Туристичка во делови е избришана а на делови се вратени назад контењерите врз патеката. А на добар дел од неа се паркираат автомобили. Факт е дека во општина Охрид не постои велосипедска инфраструктура, но и основна култура на третирање на велосипедистите и пешаците како рамноправни учесници во сообраќајот, вели Жанко З`Ш Голабоски од ВК З`Ш Точак. Тој смета дека итно треба...
Post Views: 1
Велосипедска тура на основците од „Христо Узунов“. По повод денот на независноста на Р. Македонија 8 ми септември, 100 тина велосипедисти од активот на физичка култура на училиштето, денот го одбележаа со несекојдневен настан. Директорот Тони Симоноски, задоволен од масовноста на децата како и од кадарот кој се вклучи во оваа интересна велосипедска тура.
„Целта беше со нивни разговор да кажеме дека и велосипедистот е еднаков во сообраќајот а секако и да го воздигнеме малку младиот дух да спортува да вози велосипеди односно се со цел за зачувување на здравата животна...
Post Views: 4
Несовесни граѓани охридското село Рамне го претворија во вистинска депонија. Ниската култура на граѓаните кои своето ѓубре го фрлаат насекаде го нагрдува ова прекрасно село кое од повеќе места е видиковец на прекрасниот Охрид и Охридското Езеро. На неколку места нашата камера регистрира купишта градежен шут, кабаст отпад и друга покуќнина. А имало случаи на дивите депонии да завршат и мрши од животни. Мештаните се крајно револтирани и ги повикаа надлежните да излезат на терен за да видат со каков проблем се соочува оваа месност.
„Секој ден овде се фрла ѓубре а сакаме...
Post Views: 4
Постојните гробишта во туристичката населба Пештани веќе се исполнуваат, а на таа локација повеќе нема простор за ширење. Пештани ќе нема каде да ги погребува покојните, ако во меѓувреме не се изнајде некоја нова локација, укажува претседателот на Месната заедница Драган Тренески. Тој кажа дека стручните служби на општина Охрид биле известени за овој горлив проблем и ветиле дека ќе изнајдат начин за негово решавање.
„Самото проширување е технички неизводливо и како модерна туристичка населба бараме дислокација односно отворање на нови гробишта. Тие нови гробишта со...
Post Views: 0
Локален економски раст и креирање на нови работни места е основна заложба на охридската Локална самоуправа. Во таа насока денес градоначалникот на Охрид, Никола Баскрачески, оствари работна средба со сопствениците на компанијата ЕКО Спар, која се занимава со производство на камини и котли на пелети, кои ги задоволуваат сите еколошки стандарди. Бакрачески изјави дека поддршката ќе се состои во обезбедување на инфраструктурни погодности за производствените компании и други олеснителни околности кои што законот ги предвидел во рамките на ингеренциите на локалната самоуправа.
„Тое...