Post Views: 4
Сообраќаен метеж, неисчистени улици и тротоари, ваква е сликата во делови на туристичкиот бисер Охрид, посебно во Варош. Варошани од дома тешко можат да излезат поради непроодните улици затрупани со снег, добар дел од нив замрзнати, а паднатите дрва и каблите кои висат на сите страни и ги налегнале бандерите се дополнителен проблем. Паднатите гранки и дрвја на места попречуваат дури цели улички и досега никој од надлежните не дошол да ги отстрани од патот.
Варошани не сакаа да коментираат пред камерата на ТВМ, но очигледно беа многу револтирани за ваквата состојба и...
Post Views: 5
Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески, рече дека е во постојана комуникација со менаџментот од МЕПСО и дека според нивните тврдења состојбата ќе се стабилизира и во наредните денови Охрид нема да остане без струја.
Во врска со обилните врнежи од снег, градоначалникот рече дека екипите на сите јавни претпријатија постојано се на терен и ги чистат наносите од снег.
Бакрачески најмногу се осврна на синоќешната акција кога конвој со два багери и џипови предводени лично од него и од градоначалникот на Струга Зијадин Села, учевствувале во акцијата за помош на затрупаните...
Post Views: 3
Триесет нуркачи членови на клубот за подводни активности „Амфора“ денеска во Заливот на коските кај Градиште по 13 пат ја накитија подводната елка. И годинава на овој несекојдневен настан младите нуркачи наздравија со детското шампањско, а добија и подароци од Дедо Мраз. Чуството да си под вода во пресрет на Новогодишните празници е необично, ново, и нешто што не може секој да го направи, кажаа најмладите.
„Ова многу значи за мене бидејќи јас почнав со нуркање пред шест месеци и многу е интересно е за мене лично, новогодишна елка под вода тое е многу ретко, нешто чудно...
Post Views: 1
Охридското пензионерско здружение во посета на одделението за геријатрија при Општа болница Охрид. Традиционално во очи на претстојните празници, вештите раце на пензионерките направија различни домашни специјалитети како комат, штрудла питулици, ванилици, и ги поставија на трпезата на геријатрија за да ги вкусат пациентите. Годинава охридските пензионери покрај визита на пациентите, беа во посебна мисија, да ги видат условите на геријатриското одделение, како и тоа да дознаат до каде е реализацијата на идејата за проширување на истото.
„Ги видовме условите тие се подолго...
Post Views: 4
Трета година по ред ОО на Црвениот Крст од Охрид во соработка со Локалната самоуправа за 150 семејства обезбеди ручек и новогодишни пакетчиња за децата од социјално ранливите категории. Заменик градоначалникот Ангел Јанев рече дека ваквите манифестации нема да престанат, но, се надеваат дека наредната година на оваа софра ќе седнат помалку луѓе од социјално загрозените семејства.
„2015 година веќе ќе одиме со најавите кои што ги имаме од државно ниво дека еве во тирз зоната како што реков најавено е две огромни фирми ќе отворат 2000 – 2500 места за вработувања. Јас верувам...
Post Views: 6
Ристо Чадо е само една од охридските улици која се наоѓа во очајна состојба. Без тротоари, раскопан, пропаднат и преполн со дупки асфалт, расфрлан отпад насекаде, без улично осветлување, е сликата која најдобро зборува за проблемот со кој се соочуваат жителите од овој дел на градот. Но не само за нив оваа улица е проблематична за одвивање на сообраќајот и сите останати кои не ретко поминуваат по оваа улица за да се вклучат на регионалниот пат за Битола. Како што кажаа жителите, речиси три децении, нивната улица претрпува различни инфраструктурни зафати како што е поставување...
Post Views: 5
Неодамна ФЗОМ објави алармантни податоци, односно висок процент на породени по пат на хируршка интервенција. Според нив дури 50% или секоја втора охриѓанка и стружанка биле породени со царски рез. Д-р Ѓоко Танески од гинеколошкото одделение при општа болница Охрид вели дека процентот на царски резови во Охрид, пред да отидат на работа во струшкото гинеколошко одделение во времетраење од три години поради реконструкција на болницата, се движел до 30%.
„За тие три години во струшкото одделение се породија околу 1800 пациентки од Охрид од нив скоро половина се породени...
Post Views: 6
Проблемите со кои се соочуваат патниците на меѓуградската автобуска станица во Охрид не се новост. Автобусите на зима се чекаат под ведро небо, на дожд и снег а на лето патниците ги пече сонце. Со цел барем да се ублажат ваквите услови, охридскиот автопревозник АД „Галеб“ деновиве работи на адаптација на објект наменет за чекална. Согласно Законот за превоз во патниот сообраќај секоја автобуска станица треба да има една таков соодветен простор. „После извесно време што ја користеше ДОЕЛ Лихнидос, друштвото основано од општина, конечно во владение ни е вратена таа...
Post Views: 1
Пронајдена нова опасна дрога во Охрид. Станува збор за сосема нова психотропна синтетичка супстанца која што има халуциногени дејства и досега не е регистрирана во листата на опојни дроги и психотропни супстанци. Како што информираат од СВР Охрид дрогата била пронајдена кај 23 годишен битолчанец.
„Ова е прв случај на пронаоѓање на ваков вид на опјна дрога во земјава, практично во Охрид е случен овој настан и поради тоа ние како полиција како МВР ќе доставивиме барање до Министерствот за здравство на РМакедонија за барање постапка за регистрирање на овој вид на дрога...
Post Views: 9
Најголемиот охридски автопревозник АД „Галеб“, после драстичниот пад на цента на нафтата на светските берзи, нема да ги корегира цените. Раководителот на сообраќај од ова претпријатие Димитар Василески нагласува дека охриѓани години наназад нивните услуги ги користат по најповолни цени, посебно за меѓуопштинскиот превоз.
„Ние своевремено ги намаливме цените во времето кога нафтата направи најголем ценовен скок и тие се симболични и во градскиот и во градско приграскиот сообраќај а цените во меѓуопштинскито сообраќај не се поскапени преку 6 години, така да цените се...
Post Views: 2
Уапсена криминалната група која изврши вооружени грабежи и разбојништво во златарите во Охрид, Струга и Дебар. Како што истакна директорот на македонското биро за јавна безбедност, Митко Чавков тоа пред се се должи на добрата соработка со албанското МВР. Додаде дека успешната реализација овој случај, било резултат на брза размена на информации и заеднички оперативни активности на македонската и албанската полиција .
„Се работи за кримиална групација која што има многу поширок меѓународен аспект во кримаиналните активности според заедничките информации тие се албански...
Post Views: 5
Неизвесно е поставувањето на 6 те типизирани куќарки на градскиот плоштад за престојните празници. Нивната судбина зависи од тоа дали или не годинава ќе се постави лизгалиштето, како што изјави ракводителот на ТЛЕР Ѓоко Апостолов.
„Претпоставувам дека доколку се јават заинтересирани оператори и се постави лизгалиштето ќе се пријави интерес за поставување и на такви куќарки, се зависи од тоа дали ќе имаме поставување на лизгалиште а се разбира дека тоа понатаму ги повлекува и другите содржини кои ќе бидат околу него“ – изјави Апостолов.
Само за потсетување, минатата...