Охрид во сообраќаен метеж, неисчистени улици и тротоари на периферните делови

Сообраќаен метеж, неисчистени улици и тротоари, ваква е сликата во делови на туристичкиот бисер Охрид, посебно во Варош.

 |  Николоска Биљана  | 
trotoari
тротоари

Сообраќаен метеж, неисчистени улици и тротоари, ваква е сликата во делови на туристичкиот бисер Охрид, посебно во Варош. Варошани од дома тешко можат да излезат поради непроодните улици затрупани со снег, добар дел од нив замрзнати, а паднатите дрва и каблите кои висат на сите страни и ги налегнале бандерите се дополнителен проблем. Паднатите гранки и дрвја на места попречуваат дури цели улички и досега никој од надлежните не дошол да ги отстрани од патот.

zamrznati uliciВарошани не сакаа да коментираат пред камерата на ТВМ, но очигледно беа многу револтирани за ваквата состојба и дофрлаа дека сликата зборува повеќе од се. Слична е состојбата и во населбата Бараки, каде додека снимаше нашата камера забележавме багер кој се обидуваше да го отстрани снегот од патот, како и екипа на ЈП „Охридски Комуналец“. Директорката на Комуналец, вели дека целата механизација и јавните претпријатија се ангажирани на чистење на снегот само на улиците кои се од главен приоритет.

„Прво приоритет даваме онаму каде што може да има гости онаму каде што треба да има прослава за Нова Година. Стариот дел продолжи машината да чисти од 22 часот на Кирил и Методи до Горна Порта другиот дел ќе го расчистуваме во текот на денот“.-вели директорката на ЈП „Охридски комуналец“, Елена Скрческа.

Тротоарите се друга приказна, речиси и да не постои таква површина која е исчистена од снег, освен во делови од централното градско подрачје. Пешаците се принудени да одат по коловозите каде е сосема небезбедно не само за нив туку и за возилата. Скрческа тврди дека прават напори за нивно расчистување и бара соработка од мештаните.

zamrznati trotoari„Тротоарите онаму каде што стигнавме исчистивме, сега продолжуваме вториот дел сите тротоари сабајле почнавме на Туристичка од десната страна спрема Мак Петрол, понатака се она што не можиме ние сакаме да ни помогнат граѓаните, барем пред нивните дворови и пред дуќаните ов градот“. -рече таа.

И додека Скрческа апелира за соработка од сограѓаните, Александар Китески од Локалната самоуправа вели дека комуналните редари веќе направиле проверка во охридската чаршија и констатрирале дека снегот пред дуќаните е исчистен. Но Китески немаше информација дали на кои други делови во градов е извршена контрола за расчистување на снегот.

Инаку, според законот за јавна чистота  сите правни и физички лица, имаат обврска за чистење на снегот на отворените простори пред нивните објекти. За  сите оние кои нема да го расчистат тротоарот или влезот пред трговските објекти или домовите , казните се 100 евра за правни лица и 50 евра за физички лица.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top