Post Views: 0
Жителите на улицата Сатеска 40 во Даљан, се опоравуваат по последните врнежи од дожд и снег кои поплавија, влезови, гаражи и подруми. Теренските екипи на Центарот за јавно здравје денес вршеа дезинфекција на поплавените простории од станбените комплекси кои беа најпогодени. Како што истакна претседателот на Заедницата на сопственици на станови од оваа улица Гоце Тасески, станарите бараат поголема одговорност од надлежните и преземање конкретни чекори за надминување на нивниот проблем со кој што се соочуваат години нананзад.
„Алармирани се сите институции, запознати...
Post Views: 0
Продолжува праксата на Локалната самуоправа ударните дупки низ охридските улици да ги крпат со камени плочи. Овој пат место бекатонските плочки какао досега се користат гранитни. Теренските екипи на ЈП „Нискоградба“ по налог на Секторот за комунални дејности сообраќај и улици, од пред неколку дена ги крпат ударните дупки на улиците „7 ми Ноември“, „Кленоец“ и „Питу Гули“. Откако ќе се подобрат временските услови активностите ќе продолжеле по ул „Егејска“, „Туристичка“, „Даме Груев“, „Димитар Влахов“, „Марко Цепенков“, „Пере Тошев“ и други улици на периферијата на општината....
Post Views: 9
Општина Охрид води успешна социјална политика. Како резултат на тоа градот е еден од водечките во земјава на тоа поле, односно посветено работи на грижата за своите сограѓани кои припаѓаат на социјално ранливата категорија. Ова на денешната прес конференција го истакна првиот човек на градот Никола Бакрачески.
„Тоа претставува уште една потврда на реализираните ветувања во поглед на нашите заложби да ги подобриме условите за живот на социјално ранливите категории на охриѓани и да го олесниме нивното живеење. И покрај наследената тешка финансиска состојба за нив општина...
Post Views: 2
Охриѓани пијат исправна вода. Но тоа не може да се каже и за стружани и за жителите на Дебрца. Центарот за Јавно здравје Охрид континуирано ја следи состојбата со квалитетот на водата во регионите на Охрид, Струга и Дебар, особено со почетокот на обилните врнежи од дожд и снег кои го зафатија охридско – струшкиот регион од 01. февруари. Водата од градскиот водовод во Охрид ги задоволува законските стандарди за безбедена вода за пиење, нагласува директорот на ЦЈЗ Атанаско Михаилов.
„Охрид има безбедна вода за пиење по сите параметри и хемиски и микробиолошки. Примероците...
Post Views: 8
Новата мерка на Секторот за ТЛЕР за субвенционирање на приватните станоиздавачи од мал обем вродува со резултат, изјави раководителот Ѓоко Апостолов. Тоа го поткрепува со податокот дека како резултат на спроведување на оваа мерка имале зголемена наплата на туристичка такса дури за 13%. За првото полугодие односно од јануари до јуни месец на охридските станоиздавачи од мал обем кои уредно ја пријавиле туристичката такса и поднесле барање за бенефиции им биле исплатени 60 000 денари, нагласува Апостолов. За второто полугодие од јули до декември месец минатата година...
Post Views: 1
Продолжува тенденцијата од страна на актуелната власт за пресметка со неистомислениците, реагира Дејан Блажески претседателот на ОО на ЛДП Охрид. Тој обвинува дека преродбата која ја ветувала ДПМНЕ во Охрид планирале да ја прават со парите од казните на опозиционерите. Додека ја очекувам судската пресуда за наводна клевета кон секретарот на општината Спасески, за што бара 300 000 денари, пред неколку дена од страна на Државната комисија за спречување на корупција, добив прекршочна казна од 33 000 денари за непријавен имот во мојот имотен лист, кажа Блажески на денешната...
Post Views: 17
Појавата на уништување на сообраќајната сигнализација низ охридските улици, загрижувачка. Тие се предмет на вандалско однесување на несовесни поединци. Речиси и да не постои успорувач на брзина или народно кажано лежечки полицаец во градов кој е во добра состојба. На места фалат делови, а има и такви улици каде успорувачите се целосно откорнати. Ваквата состојба не ги задоволува стандардите за безбеден сообраќај, велат граѓаните.
Овој проблем добро им е познат и во Секторот за комунални дејности сообраќај и патишта при општина Охрид. Љупчо Танески од овој сектор вели...
Post Views: 7
Потпишан меморандум за соработка на полето на туризмот помеѓу бирото за развој на туризмот од Далијан, Народна Република Кина и Секторот за ТЛЕР на општина Охрид. Градоначалникот Никола Бакрачески смета дека оваа соработка ќе вроди со плод и наредниот период можеме туристите од НР Кина да ги очекуваме во голем број. Додаде дека овој документ значи етаблирање на соработката со НР Кина во делот на туризмот.
„Во делот на организирање на туристички групи од НР Кина кон Македонија и обратно, ќе направат напори за етаблирање на можности за воспоставување на чартер летови...
Post Views: 2
Во Охрид има 30 општествени станови со нерегулиран статус. Граѓаните корисници на вакви станови согласно последните измени на Законот за домување имаат рок до 31 март годинава, да поднесат барање за откуп или закуп. Првиот човек на охридската подружницата на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор на Македонија, Гоце Георгиески, потсетува дека нивните служби им стојат на располагање на граѓаните за да им дадат инструкции како и под кои услови можат да склучат договор со Министерството за транспорт и врски.
„Ги замолувам сите станари...
Post Views: 13
Во Охрид има 28 километри незаменти азбестно-цементни водоводни цевки. Поголеми потези опфатени со вакви цевки сеуште има на ул „Гоце Делчев“ од амбуланта Воска до Подмоље, на бул. Туристичка на потегот од стара царина до влезот на Охрид. Од ЈП Водовод велат дека азбестните цефки треба да бидат целосно отстранети во следните пет години. Според податоците на РЕ Водовод Охрид во далечната 1960 до 1972 година на територијата на општината биле монтирани околу 53 километри азбестни цевки. Од тогаш па наваму како што појаснува раководителот Сашо Сотироски со МЕАП проектот...
Post Views: 14
Се бара простор за дислокација на Центарот за наркозависници Охрид, кој се наоѓа во непосредна близина на Центарот за социјална работа и до детската градинка Развигорче. Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов при денешната посета на Охрид истакна дека во соработка со општината и градоначалникот Никола Бакрачески работат на изнаоѓање решение за дислокација на овој центар.
„Јас и во посетата на Центарот за социјални работи разговарав и со граѓаните кој живеат тука бараме соодветен простор кој што мора да биде во државна или во општинска сопственост. Се надеваме...
Post Views: 13
Доцни исплатата на социјална парична помош, реагираат примателите на овој вид надомест. Последната исплата била за месец октомври. Тие велат дека години нанзад парите од овој вид надомест на сметка им легнувале од 1 до 10 во месецот. Од тогаш па до денес не е исплатена социјална помош за 11, 12 месец минатата година, а веќе изминува и јануари 2015 година. Тие средства многу ни значи да ги добиваме без задоцнување затоа што ни престставуваат единствен извор на средства со кои ги подмируваме пред се потребите за храна, реагираат граѓани од оваа ранлива категорија. Министерот...