Автор: Николоска Биљана

Со нова библиотека започна учебната година во с. Лескоец

Post Views: 12 Библиотека и нова реконструирана училница, денес, на првиот училишен ден добија учениците од ОУ „Ванчо Николески“, од село Лескоец. Нив во употреба ги пушти првиот човек на градот Никола Бакрачески. Бакрачески истакна дека училиштата во руралните средини на општина Охрид имаат потреба од помош и поддршка од Локалната самоуправа, но и од Министерството за образование, во поглед на обезбедување подобри услови, како што е енергетската ефикасност, замена на подови, санитарни јазли, прозори и врати, обезбедување на учебни помагала и реквизити, но и во делот на финансиското...

Continue reading

Стојановски: Земјоделците препуштени сами на себе

Post Views: 0   ВМРО-ДПМНЕ со години ја манипулира охридската и македонска јавност за низа лажни и неостварени ветувања, проекти кои секогаш се наведени дека ќе се реализираат во иднина, а никогаш ниту се реализирале ниту се отпочнало со нивно остварување, обвинија охридските социјалдемократи на денешната прес конференција. Советникот  Јован Стојановски нагласи дека дека останале многу нереализирани проекти кои биле застапени во програмата на актуелниот градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Бакрачески, а еден од нив бил и  Откупно-дистрибутивниот центар со ладилник во село Лакочереј,...

Continue reading

Поетска ноќ во Велестово

Post Views: 1 Велестово синоќа по 27 пат беше собирното место на македонските поети и сликари, вљубеници во поезијата и уметноста воопшто, во рамки на манифестацијата „Поетска ноќ во Велестово“. Годинава настанот беше посветен на поетот, прозаистот, критичарот Веле Смилевски. Во името на градот на присутните, се обрати заменикот градоначалник Ангел Јанев. Тој истакна дека оваа средба слична на прославите на книжевните великани во Европа, е убав повод да се навратиме на делата на врвните претставници на македонската поетска реч. „Несомнено дека оваа дводневна церемонија е од огромно...

Continue reading

Дебрца подготвува нова дејност

Post Views: 2 Општина Дебрца подготвува терен за нова дејност, управување со гробните површини во селата. Како што веќе информиравме, во месец мај годинава, општинските јавни претпријатија кои управуваат со гробиштата, за три месеци под своја капа требаше да ги преземат гробиштата од селата и приградските средини, по препорака од Владата на РМ. Околку оваа проблематика, како ќе биде тоа уредено во општина Дебрца појаснува градоначалникот Игор Трајкоски „Сеуште кај нас тој проблем е во надлежност на Црковните одбори по селата, бидејќи и самите гробишта се на имот од црквата и на тој...

Continue reading

Поетска ноќ во Велестово по 27 пат

Post Views: 6   Поетска ноќ во Велестово. Оваа манифестација има  стабилна традиција која ја троши својата трета деценија, односно 27 години постоење. Започнува утре 14 август на сред село Велестово во 21 часот и 30 минути. По својата специфика оваа манифестација се избори да биде една од најавтентичните поетски манифестации не само кај нас туку и пошироко така што последниве години стана и меѓународна, вели организаторот проф. Славе Ѓорѓо Димовски . „Тоа што е специфично е начинот на презентирање на поезија. Таа се презентира од невобичаен простор, село, значи излегува надвор од...

Continue reading

Џамбазовски: Очекуваме Македонија да се најде во каталозите на мрежата на „Томас Кук Груп“

Post Views: 8 Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот  очекува позитивен исход од посетата на претставниците на најголемиот и најстар тур-оператор „Томас Кук Груп“, на она што може да го понуди нашата земја од областа на туризмот. Проектите на Владата на РМ во туризмот даваат резултати, вели директорот на агенцијата Христијан Џамбазоски. Пример за тоа е интересот на претставниците на „Томас Кук Груп“ од Англија. Тој нагласи дека континуирано работат на отварање нови туристички пазари, како и тоа дека и понатаму ќе продолжат да даваат поддршка на странски тур оператори, преку...

Continue reading

Киров: На балканот се се решава во “5 до 12“

Post Views: 0 Новата игра на животот, преку  балетската претстава  “5 до 12“, вечерва на Охридско лето. Првиот сплитски професионален балетски ансамбл при ХНК со балетската претстава “5 до 12” во кореографија на Игор Киров и музика на Кирил Џајковски, ќе гостува во Охрид, на сцената на Долни Сарај во 21 ч. Костимите се на Александар Ношпал. Музичкиот селектор проф. Гордана Јосифова Неделковска,  нагласи дека станува збор за атрактивно балетско дело, кое привлече голем интерес кај фестивалската публика, барем според побаувачката на билети. „Ако минатата година имавме прекрасно...

Continue reading

Достапна анти стрептококна вакцина во Охрид

Post Views: 1 Вакцина против стрептокока. Имунизацијата против бактеријата стрептокока, може да се направи и на охридското одделение за вкцини при Заводот за здравствена заштита. Оваа вакацина сеуште не е задолжителна но е бесплатна. Истата стана достапна за деца од 6 недели возраст до полни 5 години. Како што изјави д-р Зора Димитриевска, нивните сознанија говорат дека оваа популација најчесто заболува од болестите предизвикани од стрптококус пнеумоние. „Сите родители кои се заинтересирани да ги вакцинираат децата со пнеумококна вакцина слободно да се јават во одделот за имунизација...

Continue reading

Премиерот Груевски во посета на ТИРЗ, Охрид – Струга

Post Views: 0 Премиерот Никола Груевски верува дека специјалниот јавен обвинител ќе се избере според постигнатиот договор на четирите партии, односно до 15 ти септември. „Мислам дека ако и другата страна е конструктивна како што сме и ние конструктивни во овој процес и ако се има добра волја и од другата страна дека ќе се завршат работите на време“ – истакна Груевски. На новинарско прашање, дали за ВМРО- ДПМНЕ постојат црвени линии во политичките преговори со опозицијата преку кои нема да преминат по однос на договорот од 2 јуни, Груевски со кус одговор „Нашите црвени линии...

Continue reading

Четкар: Со мојата музика сакам да го славам позитивното чуство

Post Views: 0 Посебна вечер за паметење во Охрид, најавува светски реномираниот џез музичар Владимир Четкар. Тој вечерва  пред охриѓани и сите останати гости ќе го претстави својот најнов албум. Се исполни мојата долгогодишната желба да настапам во своето родно место, надвор од градот, гужвата, во прекрасната населба Св Стефан, на место кое претставува микс на убавини, уникатна сцена, покрај базенската тераса на хотелот Филип, со поглед кон езерото, вели Четкар. „Овој пат интересно е бидејќи е баш пред заминувањето на Нишвил Џез фестивал, кој ќе имам чест годинава да го отворам заедно...

Continue reading

Доделени дипломите на генерација 2014 – 2015 ОСУ „Св Климент Охридски“ “

Post Views: 0 На патот по кој ќе чекорите во иднина одите исправено, достоинствено и гордо, да газите решително, но никогаш да не го занемарите знакот за ограничена брзина на патот, да не ја занемарите насмевката на новата другарка од судентскиот дом, да “држите” до тоа кои сте и да трагате по најдоброто во вас. Ова порака до гимназијалците од ОСУ „Св Климент Охридски“ ја испрати градоначалникот Никола Бакрачески на синоќешното доделување на дипломите од генерација 2014-2015.   „Драги мои. Моментите кои сега вие ги живеете, одлуките кои вие сега ги донесувате, љубовта покрај која...

Continue reading

Пуштен во употреба новиот кружен тек на влезот во Охрид

Post Views: 2 Охрид се гради, разубавува, се инвестира во сите области на опшествениот живот и му се враќа некогашниот сјај на градот, истакна градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески. Денес во присуство на претседателот на Владата на РМ, Никола Груески, свечено во употреба беше пуштен во употреба новиот кружен тек кој ги поврзува двете главни артерии бул. „Туристичка“ и ул. „Бистрица“. „Со него се става крај на сообраќајниот метеж и на бројните сообраќајни незгоди со многу жртви кои ги имавме во изминатите години токму на ова место. Ризичната раскрсница за сообраќај ја уредивме...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top