Стојановски: Земјоделците препуштени сами на себе

Охридските социјал демократи денес на прес конференција побараа одговор од градоначалникот Бакрачески, каде е откупно дистрибутивниот центар со ладилник во село Лакочереј, проект ветен во предизборната програмата а сеуште нереализиран. А обвинија дека власта земјоделците ги оставила сами на себе без никаква помош и сеуште не им ги исплатила парите од откупот на јаболка од минатогодишната реколта.

 |  Николоска Биљана  | 

 

ВМРО-ДПМНЕ со години ја манипулира охридската и македонска јавност за низа лажни и неостварени ветувања, проекти кои секогаш се наведени дека ќе се реализираат во иднина, а никогаш ниту се реализирале ниту се отпочнало со нивно остварување, обвинија охридските социјалдемократи на денешната прес конференција. Советникот  Јован Стојановски нагласи дека дека останале многу нереализирани проекти кои биле застапени во програмата на актуелниот градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Бакрачески, а еден од нив бил и  Откупно-дистрибутивниот центар со ладилник во село Лакочереј, предизборно ветување од 2013 година.

„Откупно дистрибутивниот центар требаше да биде реализиран до 2014 година, со средства од општинскиот буџет или преку јавно приватно партнерство.  За жал, општинската власт на ВМРО-ДПМНЕ иако вети не презеде ништо да им помогне на граѓаните и земјоделците коишто секојдневно и макотрпно работат а не можат достоинствено да заработат“ – обвинува Стојановски.

Тој изјави дека дополнително, не само што власта ги оставила земјоделците сами на себе, без никаква помош во откупот и пласманот на нивните производи, туку сѐ уште им ги немала исплатено ниту парите од ланскиот откуп на јаболката.

„Граѓаните и земјоделците воопшто и не можат да очекуваат реализација на важен инвестиционен проект, од оние коишто половина година не се способни две улици да асфалтираат во нашиот град, Охрид. Охриѓани и сите граѓани на Македонија бараат промени на овој лажен популизам на ВМРО-ДПМНЕ кој не ги решава проблемите туку ги продлабочува и ги прави уште посериозни“– вели Стојановски.

Од ОО на СДСМ, Охрид велат дека на Македонија неопходни и се промени на како што ја нарече тотално промашената и неефективна политика во земјоделието и убеден е дека тие промени ќе се случат по април 2016 година.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top